Флеш вести

На конститутивната седница на Советот на Општина Центар,што се одржа на 27.4.2009год. за претседател е избран Владимир Здравев од ВМРО ДПМНЕ . Тој и во претходниот мандат на советот ја извршуваше оваа функција.
 
Известување
1.03.2010.
ИЗВЕСТУВАЊЕ
              
Со цел континуирано подобрување на услугите кои Општина Центар ги нуди на своите граѓани отворивме нова телефонска линија наменета за пријавување на дефекти во уличното и парковското осветлување, комунални проблеми и потреба за санација на улици.
Пријавувањето ќе се врши со испраќање на СМС порака на телефонскиот број 071 361106. Пријавувањето на дефекти ќе може да се врши и на постоечкиот општински маил Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете
Последно освежување ( 1.03.2010. )
 
Електронски дневник
23.02.2010.

ПРОМОЦИЈА НА ЕЛЕКТРОНСКИ ДНЕВНИК

Денес, на 23.02.2010 година во основното училиште Коле Неделковски за прв пат беше промовирана апликацијата Електронски дневник која е предвидена за 7 те основни училишта на територија на Општина Центар, но како пилот училиште  е избрано ОУ Коле Неделковски.

Апликацијата Електронски Дневник почна да функционира од 09,02,2010 година кога на web страната на Општина Центар: www.opstinacentar.gov.mk,  се постави линкот http://ednevnik.opstinacentar.gov.mk  кој води до истата.

Се работи за проект кој го организира и имплементира Општина Центар. Апликацијата ја изработи фирмата  SEAVUS .

Целта на апликацијата Електронски дневник е комплетно следење на образованието на децата од страна на родителите  , во смисла на :

·         оценки

·         изостаноци

·         распоред на часови

·         темите кои децата ги работат на часот

·         и било какви забелешки кои наставникот сака да му ги пренесе на родителот

 Информациите родителот може да ги добие од било кое место каде има пристап на интернет.

                                  

                          

                                  

Последно освежување ( 23.02.2010. )
 
Тортијада
18.02.2010.

УСПЕШНО РЕАЛИЗИРАНА ЧЕТВРТАТА ТОРТИЈАДА –СЛАТКА ЉУБОВ И НАДЕЖ.

Во организација на Општина Центар, Град Скопје и ХОА Ангелчиња и во присуство на голем број гости и присутни успешно беа лицитирани сите подготвени и изложени торти на тортијадата на 17,02,2010 година.

Над дваесет торти направени од вредните и креативни раце од аматерите и професионалците од повеќе Скопски Општини беа продадени по цена поголема од почетната.

Оптималната сума што организаторите очекуваа да ја постигнат со лицитацијата се оствари. 60,200 денари беа собрани од аукцијата на торти.

На тој начин занималната на Средното Училиште може да се опреми со сите предвидени средства за забава на учениците.

Веднаш после лицитацијата беа прогласени победниците во двете категории:

Во Категорија Професионалци:
1.    ХОА Ангелчиња
2.    Фурна Диме
3.    Слаткарница Шехерезада


Во Категорија Аматери:
1.    Светлана Димовска
2.    Јадранка Тодоровска
3.    Сузана Стоимирова

а вредносните награди од генералниот спонзор Компанијата Тинех беа предадени до сите победници од Градоначалникот на Општина Центар, Г-динот Владимир Тодоровиќ.

                       

     

Последно освежување ( 18.02.2010. )
 
<< Почеток < Претходна 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следна > Крај >>

Резултати 1 - 7 од 96

Времето во Европа

Скопје
---
joomla templates by dezinedepot
© 2010 Општина Центар
Joomla! is Free Software released under the GNU/GPL License.