mk-MKen-US
Општина
Центар

Претседател на Совет

Јана Белчева Андреевска
Родена во Скопје 1972 год каде завршила основно и средно училиште.

Дипломирала на Електротехничкиот факултет, насока Електроника и телекомуникации на Универзитет Св.Кирил и Методиј, Скопје.

Од дипломирањето 1997 се до 2011 година работи во приватна компанија од областа на Гео-информатичката технологија, имплементирајќи решенија за бројни Државни институции, Јавни претпријатија, Приватни компании како во Македонија, така и во регионот.

Од 2012 година работи како самостоен консултант за Геоинформатичка технологија и ИТ учествувајќи на бројни меѓународни проекти и успешно соработувајќи со меѓународни институции, донатори и кредитори.

Од 2015 год, како дел од граѓанската иницијатива „Во Одбрана на Дебар Маало„, активна е во напорите за остварување квалитетен живот во населбата, поголема сообраќајна безбедност, планирање на просторот имајќи ги потребите на граѓаните во фокусот, поздрава и почиста животна средина и партиципативност при носењето на одлуки во Локалната самоуправа. СДСМ ја прифаќа во целост платформата на Одбрана на Дебар Маало наречена „Здравјето пред профитот„ во својата програма за Центар. Како дел од договорот со СДСМ и иницијативата, таа станува и носител на советничката листа за Центар 2017год.

Мажена, мајка на две деца.