mk-MKen-US
Општина
Центар

Новости

Еко акција во Центар: Донеси стар уред и добиј ваучер за нов

  • 28 септември 2016
  • Број на прегледи: 695
  • 0 Коментари
Еко акција во Центар: Донеси стар уред и добиј ваучер за нов
Општина Центар во месец октомври ќе спроведе „Еко акција“ за почиста и поздрава средина за живеење. Подолжува проектот за собирање на отпадната електрична и електронска опрема, преку ефикасен и економски одржлив систем за собирање, селектирање, рециклирање, преработка и отстранување на отпадна електрична и електронска опрема од целата територија на општината.

ОГЛАС за доделување на спортски стипендии на талентираните спортисти од општинските основни училишта на подрачјето на Општина Центар за учебната 2016/2017 година

  • 27 септември 2016
  • Број на прегледи: 362
  • 0 Коментари
ОГЛАС за доделување на спортски стипендии на талентираните спортисти од општинските основни училишта на подрачјето на Општина Центар за учебната 2016/2017 година
Врз основа на член 50, став 1 од Законот за локална самоуправа („Службен весник на Република Македонија“ бр. 05/02), а во врска со Програмата за спорт и рекреација на Општина Центар-Скопје за 2016 година („Службен гласник на Општина Центар бр. 20/2015“), Градоначалникот на Општина Центар објавува оглас за доделување на спортски стипендии.

Отворен ден на Секторот за локален економски развој со граѓаните и граѓанските организации

  • 27 септември 2016
  • Број на прегледи: 302
  • 0 Коментари
Отворен ден на Секторот за локален економски развој со граѓаните и граѓанските организации
На 28 СЕПТЕМВРИ 2016 година (среда) со почеток од 12 часот, во Салата на Советот на општина Центар ќе се одржи отворен ден за граѓани и граѓански организации со Секторот за локален економски развој. 

Нова зелена оаза во општина Центар

  • 26 септември 2016
  • Број на прегледи: 390
  • 0 Коментари
Нова зелена оаза во општина Центар
Жителите на улицата „Питу Гули“ на Водно, ќе добијат реконструирано зеленило. На површина од 600 метри квадратни, општина Центар врши озеленување со зимзелени и листопадни декоративни растенија.

Ј А В Е Н П О В И К за доставување иницијативи за изработка на урбанистички планови

  • 22 септември 2016
  • Број на прегледи: 639
  • 0 Коментари
Ј А В Е Н   П О В И К  за доставување иницијативи за изработка на урбанистички планови

Врз основа на член 21 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл. весник на РМ бр. 199/14, 44/15, 193/15, 31/16, 163/16) Градоначалникот на Општина Центар-Скопје распишува 

Ј А В Е Н   П О В И К

за доставување иницијативи за изработка на
урбанистички планови

Општина Центар по 12-ти пат домаќин на “Деновите на македонскиот мед“

  • 22 септември 2016
  • Број на прегледи: 530
  • 0 Коментари
Општина Центар по 12-ти пат домаќин на “Деновите на македонскиот мед“

Денеска, на улица “Македонија“ започна традиционалната четиридневна манифестација, “Денови на македонскиот мед“. Домаќин на манифестацијата и оваа година е општина Центар.


Реконструиран и третиот дел од улицата “Ленинова“

  • 20 септември 2016
  • Број на прегледи: 319
  • 0 Коментари
Реконструиран и третиот дел од улицата “Ленинова“
И третиот дел од реконструкцијата на улицата “Ленинова“ е завршен. Општина Центар ги заврши работите на улицата на потегот од булеварот “Партизански Одреди“ до улицата “Орце Николов“.

Стипендии од општина Центар за талентираните ученици

  • 19 септември 2016
  • Број на прегледи: 906
  • 0 Коментари
Стипендии од општина Центар за талентираните ученици

Општина Центар и годинава продолжува со грижата и ги наградува талентираните ученици од основните општински училишта.

Ова е веќе трета година по ред како ќе бидат доделени стипендии за учениците кои покажале континуиран успех во текот на школувањето од 6-то одделение.

"Работнички“ – “Фенербахче“ – 30-ти септември, празник за кошарката

  • 16 септември 2016
  • Број на прегледи: 511
  • 0 Коментари
"Работнички“ – “Фенербахче“ – 30-ти септември, празник за кошарката
Во рамките на прославата на 70 годишнината од постоењето на најтрофејниот македонски кошаркарски клуб, “КК Работнички“, со почеток во 19:00 часот во салата “ВИП Арена Спортски центар Борис Трајковски“ ќе се одржи ревијален натпревар помеѓу “КК Работнички“ и шампионот на Турција и вице-шампионот на Европа, кошаркарскиот гигант, “Фенербахче“.
12