mk-MKen-US
Општина
Центар

Новости

ФОТО: НОВ, “ЗЕЛЕН“ ЛИК НА ПРОЛЕТ

  • 30 септември 2014
  • Број на прегледи: 359
  • 0 Коментари
ФОТО: НОВ, “ЗЕЛЕН“ ЛИК НА ПРОЛЕТ
Најстарата населба во Скопје, Пролет, добива нов изглед. Меѓу станбените блокови на потегот кај улиците Мирче Ацев и Цицо Поповиќ, во завршна фаза е реконструкцијата на тревните површини и садењето на 16 видови садници, претежно повеќегодишни, декоративни зимзелени грмушки, 14 јавори и две магнолии.
Посадени се вкупно 779 садници, направен е автоматски систем за полевање чии прскалки ќе црпат вода од еден бунар за наводнување со техничка вода.

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ЗАБРАНА НА УПОТРЕБА НА ЈАВНА ЧЕШМА “ТАСИНО ЧЕШМИЧЕ“

  • 29 септември 2014
  • Број на прегледи: 313
  • 0 Коментари
Општина Центар ги известува граѓаните дека се забранува употреба на водата за пиење од јавната чешма Тасино Чешмиче – десно Општина Центар Скопје, поради бактериолошка неисправност и присуство на Escherihia Coli, согласно добиеното решение од Агенцијата за храна и ветеринарство.
Државниот инспектор за храна од Подрачна единица Скопје на Агенцијата за храна и ветеринарство, во постапка на инспекциски надзор на вода за пиење утврди дека водата од водоснабдителниот објект не е безбедна.

СРЕДБА НА ЖЕРНОВСКИ СО ИНВЕСТИТОРИТЕ, СЕКОЈА ПРВА СРЕДА ВО МЕСЕЦОТ

  • 26 септември 2014
  • Број на прегледи: 310
  • 0 Коментари
Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, од оваа прва среда во месецот започнува редовна комуникација со инвеститорите кои работат со општината.
На средбите, инвеститорите ќе го запознаат градоначалникот со реалните проблеми кои ги мачат во комуникацијата со општинската администрација.

ФОТО: ДЕНОВИ НА МАКЕДОНСКИОТ МЕД ПО 10-ТИ ПАТ ВО ЦЕНТАР

  • 25 септември 2014
  • Број на прегледи: 405
  • 0 Коментари
ФОТО: ДЕНОВИ НА МАКЕДОНСКИОТ МЕД ПО 10-ТИ ПАТ ВО ЦЕНТАР
На улица Македонија, по јубилеен десетти пат, беше отворена манифестацијата „Денови на македонскиот мед".
Производители на мед од цела Македонија од денеска до сабота ги изложуваат своите производи, а посетителите може да дегустираат и да купат пчелни производи, како и да добијат и едукативен материјал.
Организатори на манифестацијата се здружението „Матица", Федерацијата на фармери на Република Македонија, под покровителство на Општина Центар и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Манифестацијата денеска официјално ја отвори градоначалникот на општина Центар Андреј Жерновски.

ОПШТИНА ЦЕНТАР СО ПОДДРШКА ЗА “ЕВРОПСКАТА НЕДЕЛА НА МОБИЛНОСТ 2014“

  • 23 септември 2014
  • Број на прегледи: 360
  • 0 Коментари
ОПШТИНА ЦЕНТАР СО ПОДДРШКА ЗА “ЕВРОПСКАТА НЕДЕЛА НА МОБИЛНОСТ 2014“
Општина Центар го поддржа проектот на Републичкиот Совет за Безбедност на Сообраќајот на Патиштата (РСБСП) "Европска недела на мобилност – 2014".
Европската недела на мобилност промовира мерки за зголемување на безбедноста во сообраќајот, како и се стреми кон подигнување на свеста на населението за користење на алтернативни начини на превоз (пешачење, велосипеди итн.).

ВИСТИНАТА И ФАКТИТЕ, НАСПРОТИ МАНИПУЛАЦИИТЕ

  • 22 септември 2014
  • Број на прегледи: 344
  • 0 Коментари
ВИСТИНАТА И ФАКТИТЕ, НАСПРОТИ МАНИПУЛАЦИИТЕ
Последниве денови, на некои од медиумите блиски до власта, се води вистинска хајка и се прават обиди во јавноста да се минимизира успешниот и широко прифатен проект „Боемска улица", преку изнесување на паушални обвинувања и дезинформации.
Се споредува нешто што е неспоредливо. Еве што покажуваат официјалните бројки и податоци.
Вкупната површина на проектот е 2.700 метри квадратни, а во тоа е опфатено:
- потег на улица Ѓорги Пешков
- дел од тротоарите на улица Орце Николов на спојот со Пешков
- дел од улицата Мирослав Крлежа која е во зафршна фаза на доработка
- спој на улица Орце Николов со улицата Михаил Цоков
- целиот тротоар на улица Михаил Цоков спроти општината
Цената на целиот овој проект е 24 милиони денари.
Површината само на улица Ѓорги Пешков е 1500м/2, и од вкупната цена, на тој потег се потрошени 14 милиони и 500 илјади денари.
Обидот да се дискредитира општината со неиздржани и нестручни споредби со улицата Никола Вапцаров, реконструирана во 2011 година, само ја покажува намерата на нарачателите на ваквите текстови дека наводно за двојно помала улица се потрошени двојно повеќе пари.

ШЕЕСЕТ ГОДИНИ ПЕНЗИОНЕРСКО ЗДРУЖУВАЊЕ ВО ОПШТИНА ЦЕНТАР

  • 22 септември 2014
  • Број на прегледи: 419
  • 0 Коментари
ШЕЕСЕТ ГОДИНИ ПЕНЗИОНЕРСКО ЗДРУЖУВАЊЕ ВО ОПШТИНА ЦЕНТАР
Тринаесет илјади пензионери од општина Центар денеска го прославија големиот јубилеј – 60 години на пензинското организирање во општина Центар.
За историјатот, заложбите и идните планови на свеченоста говореа претседателот на Собранието на здружението на пензионери на општина Центар, Крсте Ангеловски и претседателот на ИО на здружението – Павле Спасев.
Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, кој воедно е и покровител на одбележувањето на јубилејот, рече дека сериозна работа е да се слави 60 годишен јубилеј, а уште поголема чест ја има општината Центар и самиот тој како градоналачник, бидејќи им беше доверена можноста да бидат покровители на јубилејот.

(ФОТО + ВИДЕО) БОЕМИТЕ НАСПРОТИ МАЛОГРАЃАНШТИНАТА И КИЧОТ

  • 18 септември 2014
  • Број на прегледи: 341
  • 0 Коментари
(ФОТО + ВИДЕО) БОЕМИТЕ НАСПРОТИ МАЛОГРАЃАНШТИНАТА И КИЧОТ
"Наспроти монденската, барокната и уметноста со стиропор, треба да застане боемската уметност, наспроти малограѓанскиот – боемскиот дух", овие зборови беа лајтмотиф на вчерашното отворање на боемската улица во Центар.

ОПШТИНА ЦЕНТАР ЈА ОТВОРА БОЕМСКАТА УЛИЦА

  • 16 септември 2014
  • Број на прегледи: 336
  • 0 Коментари
ОПШТИНА ЦЕНТАР ЈА ОТВОРА БОЕМСКАТА УЛИЦА
Музика, убаво вино и дружење, ова го подготвува Општина Центар за утрешното отворање на Боемската улица во Дебар Маало. Отворањето е во 20:00 часот.
Со ова општината освои уште една пешачка зона. Боемската улица е пешачка зона, на која кафеанџиите, уметниците и сите кои имаат добра идеја ќе си го најдат местото и просторот каде што ќе се искажат.
123