mk-MKen-US
Општина
Центар

Новости

(ВИДЕО) ПОНИСКИ СМЕТКИ ЗА ГРЕЕЊЕ – ПОЧНА ПРОЕКТОТ ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ

  • 30.09.2013
  • Број на прегледи: 301
  • 0 Коментари
(ВИДЕО) ПОНИСКИ СМЕТКИ ЗА ГРЕЕЊЕ – ПОЧНА ПРОЕКТОТ ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ
Денеска официјално започна реализацијата на проектот кој што градоначалникот на општина Центар го вети во изборната програм.
Започна проектот за зголемување на енергетската ефикасност.
"Почнуваме сега, а проектот ќе се реализира во континуитет и на околу 40 - 50 згради ќе им биде сменета фасадата до крајот на мојот градоначалнички мандат. Она што е најзначајно – ќе се заменат постоечките дотраени фасади на колективните станбени згради со енергетско ефикасни фасади, заедно со замена на дотраената столарија во соработка со сопствениците на становите. Ова ќе значи заштеда. Сметките за греење ќе бидат за една третина пониски", изјави Жерновски.

ВРАЌАЊЕ НА МААЛСКИОТ ЖИВОТ ВО ЦЕНТАР

  • 29.09.2013
  • Број на прегледи: 385
  • 0 Коментари
ВРАЌАЊЕ НА МААЛСКИОТ ЖИВОТ ВО ЦЕНТАР
Вчера, во просторот пред урбаната заедница "Дане Крапчев" во Општина Центар, "Јадро" – Асоцијацијата за независна културна сцена во соработка со Општина Центар ја оддржа целодневната акција наречена "Исчезнатиот двор".
Беа одржани повеќе работилници, турнир во "серва", играње шах на отворено, свои презентации имаа архитекти, "Урбан инкубатор" од Белград, проекции на филмови, беа реализирани уметнички проекти.

ИЗВЕСТУВАЊЕ ДО ЖИТЕЛИТЕ НА УЛИЦАТА „ПИТУ ГУЛИ“!

  • 29.09.2013
  • Број на прегледи: 361
  • 0 Коментари
ИЗВЕСТУВАЊЕ ДО ЖИТЕЛИТЕ НА УЛИЦАТА „ПИТУ ГУЛИ“!
Улицата „Питу Гули" е комплетно затворена за возила и товарни возила поради голем дефект од водоводна цевка.
Цевката, која беше  стара околу 50 години пукна. Штетата е санирана со брза интервенција на Водовод и канализација што беше  нивна надлежност.

НЕКОЈ ЈА ПОВЛЕЧЕ МЕХАНИЗАЦИЈАТА ПРЕД БРИСТОЛ

  • 26.09.2013
  • Број на прегледи: 370
  • 0 Коментари
НЕКОЈ ЈА ПОВЛЕЧЕ МЕХАНИЗАЦИЈАТА ПРЕД БРИСТОЛ

Веднаш по соопштението на Општина Центар, кое што го објавија дел од медиумите, целосната механизација спроти Бристол престана да работи и беше повлечена од градилиштето.Како што може да се забележи од фотографиите кои што ни ги испратија жители на околните згради, нивото на водата во градежниот ископ порасна.

ОПШТИНА ЦЕНТАР: ШТО СЕ КРИЕ ВО ИСКОПОТ СПРОТИ БРИСТОЛ?

  • 26.09.2013
  • Број на прегледи: 368
  • 0 Коментари
ОПШТИНА ЦЕНТАР: ШТО СЕ КРИЕ ВО ИСКОПОТ СПРОТИ БРИСТОЛ?

Граѓани од околните згради до градоначалникот на Општина Центар Андреј Жерновски испратија фотографија од градежниот ископ спроти Хотел Бристол.На фотографијата се гледа јасно дефиниран кружен отвор полн со вода.Според информациите на граѓаните, а сликата упатува на тоа, се работи за излез од евакуационен ходник од Собранието на Република Македонија.

„ИСЧЕЗНАТИОТ ДВОР“-КРЕАТИВНО ЈАДРО ВО ЦЕНТАР

  • 26.09.2013
  • Број на прегледи: 357
  • 0 Коментари
Јадро – асоцијација на независната културна сцена во соработка со Општина Центар, а со поддршка на Канцеларијата за врски на Гете-Институтот од Скопје, на 29 септември ја организира целодневната акција насловена „Исчезнатиот двор".

„Исчезнатиот двор" е настан кој има цел да понуди нови можни содржини во локалната заедница, да стимулира учество на граѓаните во „дизајнирањето” на нов квалитет на секојдневието преку размена на различни социо-културни потреби на животниот стил, кои се разликуваат од оние понудени од пост-транзициската наезда на владеење со општеството и со капиталот.

ЖЕРНОВСКИ: МЕДОТ Е ХРАНА НА БОГОВИТЕ

  • 25.09.2013
  • Број на прегледи: 383
  • 0 Коментари
ЖЕРНОВСКИ: МЕДОТ Е ХРАНА НА БОГОВИТЕ
Денеска по деветти пат започна манифестацијата "Денови на македонскиот мед". Манифестацијата за отворена како покровител ја прогласи градоначалникот на Општина Центар Андреј Жерновски.
"Не залудно е речено дека медот е храна на боговите. Ми причинува особено задоволство да ја отворам оваа манифестација која треба да ја одржи традицијата за презентирање на пчелните производи. Разгледајте ги штандовите, вкусете од прекрасниот мед и сите дома понесете од овој корисен производ", им порача на посетителите градоначалникот на Општина Центар.

ЖИТЕЛИТЕ НА ЦЕНТАР БАРААТ СТОПИРАЊЕ НА ЛУДИЛОТО СО СКОПЈЕ 2014

  • 25.09.2013
  • Број на прегледи: 310
  • 0 Коментари
ЖИТЕЛИТЕ НА ЦЕНТАР БАРААТ СТОПИРАЊЕ НА ЛУДИЛОТО СО СКОПЈЕ 2014

50- тина жители на општина Центар денеска на „Отворениот ден со граѓаните", кој се одржува по 5-ти пат, дојдоа пред градоначалникот Андреј Жерновски и службите во општината да ги кажат своите проблеми.

Најчести се урбанистичките, проблемот со невработеноста, легализацијата, узурпирањето на јавен простор.

ЦЕНТАР СЕ ЗАЗЕЛЕНУВА!

  • 25.09.2013
  • Број на прегледи: 631
  • 0 Коментари
ЦЕНТАР СЕ ЗАЗЕЛЕНУВА!
Општина Центар во текот на минатите денови изврши преместување и повторно садење на садниците од локацијата до Хотелот Бристол, која што се наоѓа во градежен опфат на аголот на ул. Македонија и ул. Мито Хаџивасилев Јасмин. Имено, на локацијата беа посадени 8 јавори и 1 зимзелен садник, кои што по оградувањето и започнувањето на градежните работи беа извадени и им претеше сушење доколку не се пресадат.
1234