mk-MKen-US
Општина
Центар

Новости

УЧИЛИШТАТА ВО ЦЕНТАР ПОДГОТВЕНИ ЗА ПРВИОТ УЧИЛИШЕН ЧАС

  • 31 август 2014
  • Број на прегледи: 351
  • 0 Коментари
УЧИЛИШТАТА ВО ЦЕНТАР ПОДГОТВЕНИ ЗА ПРВИОТ УЧИЛИШЕН ЧАС
Седумте основни училишта кои се наоѓаат на територијата на општина Центар се подготвени за утрешниот прв училишен час.
Комплетно се обоени ѕидовите на училниците, истите се исчистени и дезинфицирани и заменети се искршените клупи и столови. Средени се и училишните дворови. ОУ Ј.Х.Песталоци доби реконструирани подови во фискултурната сала и реконструирана аула, а подновена е и салата во ОУ Коле Неделковски.

ЖИТЕЛИТЕ НА ВОДНО ПРЕДУПРЕДУВААТ – ЌЕ СЕ УРНАТ И ЌЕ НЕ ПОКЛОПАТ ЗГРАДИТЕ

  • 27 август 2014
  • Број на прегледи: 347
  • 0 Коментари
ЖИТЕЛИТЕ НА ВОДНО ПРЕДУПРЕДУВААТ – ЌЕ СЕ УРНАТ И ЌЕ НЕ ПОКЛОПАТ ЗГРАДИТЕ
Последната среда во месецот градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски и неговиот тим ги ислушаа проблемите на центарци и се обидоа да најдат решенија.
Особено беше укажана на небезбедноста и одронувањето на улицата Славејко Арсов. На фотографиите се гледа дека поради непланското градење и урбаната мафија кој претходните општински раководства ја аминуваа, потпорните зидови напукнуваат и се уриваат, а граѓаните се плашат дека прашање на ден е кога ќе почнат да се уриваат и зградите.
Узурпацијата на Водно веќе го зема својот данок .

ПРВ ПАТ ОД 1969 ГОДИНА, ОПШТИНА ЦЕНТАР ГИ РЕКОНСТРУИРА ФИСКУЛТУРНАТА САЛА И АУЛАТА ВО Ј.Х. ПЕСТАЛОЦИ

  • 25 август 2014
  • Број на прегледи: 305
  • 0 Коментари
ПРВ ПАТ ОД 1969 ГОДИНА, ОПШТИНА ЦЕНТАР ГИ РЕКОНСТРУИРА ФИСКУЛТУРНАТА САЛА И АУЛАТА ВО Ј.Х. ПЕСТАЛОЦИ
Пред почетокот на новата учебна година, општина Центар врши реконструкција во фискултурната сала и аулата во училиштето Ј.Х. Песталоци и реконструкција на салата во училиштето Коле Неделковски.
Во училиштето ‘Ј.Х. Песталоци’ се врши реконструкција на подот на фискултурната сала, комплетно се менува подлогата и се поставува нов висококвалитетен дабов паркет на површина од 300 метри квадратни. Истовремено, се санира подот во аулата со површина од 250 метри квадратни. Дека се работи за сериозна интервенција, зборува фактот што на аулата и на салата не е интервенирано од 1969 година, кога е изградено училиштето. За ова училиште, донација на швајцарската влада по земјотресот во Скопје, општината е особено внимателна да се задржи автентичноста и изгледот на објектот.

ОДРЖАНА ЧЕТВРТАТА ПО РЕД “СКОПСКА КВЕЧЕРИНА КОН СТРУШКИТЕ ВЕЧЕРИ НА ПОЕЗИЈАТА“

  • 22 август 2014
  • Број на прегледи: 302
  • 0 Коментари
ОДРЖАНА ЧЕТВРТАТА ПО РЕД “СКОПСКА КВЕЧЕРИНА КОН СТРУШКИТЕ ВЕЧЕРИ НА ПОЕЗИЈАТА“
На 20ти август во населбата Капиштец се одржа четвртата по ред меѓународна поетска манифестација "Мирче Нешовски низ ѕвезденото небо – Скопска квечерина кон струшките вечери на поезијата".
Настанот беше свечено отворен со изведување на химната на Р. Македонија од страна на вокалната солистка Ристана Николова, проследена со поздравен говор кон присутните од страна на секретарот на општина Центар, господинот Дончо Герасимовски, манифестацијата ја водеше Сузана Апостолова, додека театарскиот актер Мите Гроздановски рецитираше поезија од црногорскиот поет Сретен Перовиќ, како и дел од поезијата на македонскиот поет Анте Поповски.

ЗА МЕНЕ, ЗА СТРУЧНАТА ЈАВНОСТ, КАКО И ЗА МИНИСТЕРОТ ЗА ЛОКАЛНА САМОУПРАВА, ОВИЕ ДУП-ови ОСТАНУВААТ НЕЛЕГИТИМНИ, НЕЗАКОНСКИ, ПРОТИВУСТАВНИ И НИШТОВНИ!

  • 21 август 2014
  • Број на прегледи: 335
  • 0 Коментари
ЗА МЕНЕ, ЗА СТРУЧНАТА ЈАВНОСТ, КАКО И ЗА МИНИСТЕРОТ ЗА ЛОКАЛНА САМОУПРАВА, ОВИЕ ДУП-ови ОСТАНУВААТ НЕЛЕГИТИМНИ, НЕЗАКОНСКИ, ПРОТИВУСТАВНИ И НИШТОВНИ!
Денеска, Градоначалникот на Општина Центар - Скопје, Андреј Жерновски, на конференција за медиумите ги презентираше преземените чекори за натамошно постапување во однос на претходно оспорените одлуки за спорните ДУП-ови, донесени на 23-тата седница на Советот на Општина Центар - Скопје.
Притоа, градоначалникот Жерновски истакна дека вчера, на 20.08.2014 година, до Уставниот суд на Република Македонија, поднел Иницијатива за поведување постапка за утврдување на уставноста и законитоста на оспорените одлуки за спорните ДУП-ови, во која, предлага, Уставниот суд, да ги поништи истите.

НЕ ПОРАДИ МЕНЕ, Г-ЃО МИНИСТЕР, ПОРАДИ ЕЛЕМЕНТАРНА ПОЧИТ КОН ЈАВНОСТА, РАЗРЕШЕТЕ ЈА МИСТЕРИОЗНОСТА СО ВАНДАЛСКИTE НАСТАНИ ВО ОПШТИНА ЦЕНТАР ОД МИНАТАТА ГОДИНА!

  • 20 август 2014
  • Број на прегледи: 328
  • 0 Коментари
Почитувана г-ѓо Министер,

Вашиот министерски мандат сигурно ќе остане запаметен по речиси секојдневните соопштенија, конференции за медиумите и особено по Вашите јавни изјави за ефикасното и ефективно работење и Ваше управување со Министерството за внатрешни работи, особено во справувањето со криминалот, тероризмот, вандализмот, разбојништвото и другите девијантни форми и насилничкото однесување во земјата. При тоа, посебно истакнувате дека сторителите веднаш се идентификувани, приведени и соодветно казнети низ постапки за утврдување на нивна одговорност. Милувате да се пофалите дека веднаш по девијантните настани, се идентификувани и казнети припадници на навивачки групи, демонстранти што извршиле вандалски напади на државни институции, на Владата на Република Македонија, на семејни насилници и учесници во улични толпи и немири.

СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНАТА: ПОВТОРНО НЕ Е ИЗГЛАСАН ИЗВЕШТАЈОТ НА ПОЛИЦИСКАТА СТАНИЦА ‘ЦЕНТАР’

  • 19 август 2014
  • Број на прегледи: 271
  • 0 Коментари
СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНАТА: ПОВТОРНО НЕ Е ИЗГЛАСАН ИЗВЕШТАЈОТ НА ПОЛИЦИСКАТА СТАНИЦА ‘ЦЕНТАР’
На 18 август се одржаа продолжението на 23-та седница и 25-тата седница на Советот на Општина Центар. На усвојување на записникот од 24 седница имаше забелешка градоначалникот Андреј Жерновски, поради што тој не беше усвоен. Беше побарано да се внесат делови од дискусијата на градоначалникот, во која тој вели дека не е донесена одлука кога советниците гласаат во ист број, а што е значајно за понатамошниот тек и процедурата за докажување на уставноста на одлуките, кои се однесуваат на деталните урбанистички планови кои без изгласани, односно не беа изгласани на 25 седница.

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ЖЕРНОВСКИ НА СРЕДБА СО ДИРЕКТОРКИТЕ НА ОСНОВНИТЕ УЧИЛИШТА ВО ЦЕНТАР

  • 18 август 2014
  • Број на прегледи: 396
  • 0 Коментари
ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ЖЕРНОВСКИ НА СРЕДБА СО ДИРЕКТОРКИТЕ НА ОСНОВНИТЕ УЧИЛИШТА ВО ЦЕНТАР
Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски денеска оствари средба со директорите на седумте основни училишта на територија на општина Центар.
На средбата беше дискутирано за тековните проблеми и активности непосредно пред почетокот на новата учебна година.
На дневен ред се најдоа состојбите со кујните во училиштата, училниците и другиот училишен простор, фискултурните и другите сали и плановите за екскурзии и настава во природа.

ПЕТТА НОВА ФАСАДА ВО ОПШТИНА ЦЕНТАР

  • 15 август 2014
  • Број на прегледи: 421
  • 0 Коментари
ПЕТТА НОВА ФАСАДА ВО ОПШТИНА ЦЕНТАР
Во рамките на проектот за реконструкција на фасадите во општина Центар, завршена е и петтата фасада. Зградата на улица " Пиринска” спроти Соборниот храм, за прв пат по земјотесот во 1963 год. темелно е реконструирана, доби термичка изолација и нови бои без да се промени претходниот изглед на фасадата
12