mk-MKen-US
Општина
Центар

Новости

ОСНОВНИТЕ УЧИЛИШТА ВО ОПШТИНА ЦЕНТАР ПОДГОТВЕНИ ЗА СТАРТОТ НА УЧЕБНАТА ГОДИНА

  • 31.08.2013
  • Број на прегледи: 318
  • 0 Коментари
ОСНОВНИТЕ УЧИЛИШТА ВО ОПШТИНА ЦЕНТАР ПОДГОТВЕНИ ЗА СТАРТОТ НА УЧЕБНАТА ГОДИНА
Градоначалникот на Општина Центар Андреј Жерновски денеска оствари средба со директорите на седумте основни училишта на територија на општината. Средбата е непосредно пред стартот на новата учебна година за заедничко информирање за подготвеноста на училиштата.

ЖЕРНОВСКИ, РОДИТЕЛИТЕ И НАСТАВНИЦИТЕ ЈА ФАРБАА ФАСАДАТА НА ОУ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ

  • 30.08.2013
  • Број на прегледи: 416
  • 0 Коментари
ЖЕРНОВСКИ, РОДИТЕЛИТЕ И НАСТАВНИЦИТЕ ЈА ФАРБАА ФАСАДАТА НА ОУ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, заедно со родителите, наставниците и директорката денеска ја фарбаа фасадата на ОУ Гоце Делчев.
Спортската сала во ОУ Гоце Делчев е веќе завршена, поставени се 2 коша, 2 гола, префарбана е оградата на училиштето и поставена е урбана опрема. Готови се двете игралишта, 1 за фудбал, 1 за кошарка, а во план е и отварање на одбојкарски терен.
Жерновски беше и во ОУ Јохан Хајнрих Песталоци, каде финишира реконструкцијата на ракометното и фудбалското игралиште. Се поставува нов асфалт и нови голови за фудбал и ракомет.

К О Н К У Р С ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ГОДИШНАТА НАГРАДА НА ОПШТИНА ЦЕНТАР – „ФЕНИКС“ ЗА 2013 ГОДИНА

  • 29.08.2013
  • Број на прегледи: 301
  • 0 Коментари
Врз основа на член 7 од Правилникот за начинот, условите и постапката за доделување на Годишната награда на Општина Центар – Феникс, Комисијата за доделување на Годишната награда на Општина Центар – Феникс за 2013 година, на 1-та седница, одржана на 10.07.2013 година, одлучи да распише

ПЕХАРИТЕ НА КК РАБОТНИЧКИ КАКО САКСИИ ЗА ЦВЕЌЕ

  • 28.08.2013
  • Број на прегледи: 560
  • 0 Коментари
ПЕХАРИТЕ НА КК РАБОТНИЧКИ КАКО САКСИИ ЗА ЦВЕЌЕ
Завршува голготата на најтрофејниот кошаркарски бренд, КК Работнички. Како што најави на прес конференција, градоначалникот на Општина Центар Андреј Жерновски, на 4 септември ќе се одржи собрание на клубот на кое ќе биде разрешена старата , а ќе биде назначена новата управа на Работнички. Новото раководство , рече ќе има задача да го консолидира клубот во Градскиот парк. Она што треба да се направи е во најкраток можен рок да се договори квалитетен играчки кадар кој ќе го врати препознатливиот сјај на Работнички. Управата ќе има и одговорна задача да ги расчисти натрупаните проблеми и долгови наследени од претходното раководство, кое најавуваше дека половина  милион евра ќе се слеат во касата. Реално колку се долговите на Работнички сеуште не се знае бидејќи сеуште ги нема сите податоци кои се потребни.

ВО ЦЕНТАР СЕ РЕШАВААТ НАТАЛОЖЕНИ ПРОБЛЕМИ И ОД 2003 ГОДИНА

  • 28.08.2013
  • Број на прегледи: 380
  • 0 Коментари
ВО ЦЕНТАР СЕ РЕШАВААТ НАТАЛОЖЕНИ ПРОБЛЕМИ И ОД 2003 ГОДИНА
Градоначалникот на Центар, Андреј Жерновски со своите соработници денеска по четврти пат ги сослуша маките и проблемите на жителите.
Некои од нив, велат граѓаните на Центар, не се решаваат со години, никој не ги примал и не се ни обидел да види со што се соочуваат. Некои од нерешените прашања и барања се дури од 2003 година. Поради банална грешка во катастарот, со години, се пожали еден граѓанин кој има големи проблеми.

ОПШТИНА ЦЕНТАР ГИ ОСВЕЖУВАШЕ РЕКРЕАТИВЦИТЕ

  • 26.08.2013
  • Број на прегледи: 417
  • 0 Коментари
ОПШТИНА ЦЕНТАР ГИ ОСВЕЖУВАШЕ РЕКРЕАТИВЦИТЕ
Во текот на вчерашниот ден, (23.08.2013 година), мобилни екипи од општина Центар бесплатно делеа флаширана вода на граѓаните кои што решиле своето слободно време да го поминат рекреирајќи се покрај Кејот на реката Вардар. На пешачката патека во близина на паркот на Франкофонијата беше поставен пункт, каде што вработените од општина Центар од 18 до 21 часот преку оваа акција ги освежија рекративците со обична и минерална вода, а сето тоа беше пропратено во добра музичка атмосфера.

ЖЕРНОВСКИ: СТОПИРАЈТЕ ЈА БАРОКНАТА ЗГРАДА И ЌЕ ИМА РЕБАЛАНС

  • 21.08.2013
  • Број на прегледи: 346
  • 0 Коментари
ЖЕРНОВСКИ: СТОПИРАЈТЕ ЈА БАРОКНАТА ЗГРАДА И ЌЕ ИМА РЕБАЛАНС
"Цинично е да ги исечете дрвјата пред Бристол во раните утрински часови и брутално да се пресметувате со оние кои застанаа за одбрана на зеленилото, меѓу нив и стари лица и деца, а во исто време да барате пренамена од пари на буџетот на Општина Центар за обновување и подигнување на нови јавни зелени површини на територија на општината", вака реагира градоначалникот на денешната прес конференција на советничката група на ВМРО – ДПМНЕ.

ПОЕТСКА СВЕТЛОСТ ВРЗ ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ

  • 21.08.2013
  • Број на прегледи: 404
  • 0 Коментари
ПОЕТСКА СВЕТЛОСТ ВРЗ ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ
Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, синоќа ја отвори третата меѓународна поетска манифестација „Мирче Нешовски низ ѕвезденото небо". Манифестацијата е во пресрет на 52-то издание на „Струшките вечери на поезијата"
„Јас како градоначалник и општина Центар секогаш, со задоволство ќе подржуваме вакви манифестации, каде што се слави убавиот збор", рече Жерновски.

ЦЕНТАР ЗАПОЧНУВА АКЦИЈА ЗА НАДМИНУВАЊЕ НА ПРОБЛЕМОТ СО БУЧАВАТА

  • 21.08.2013
  • Број на прегледи: 358
  • 0 Коментари
Од утре, општина Центар ја започнува акцијата за надминување на проблемот со бучавата во централното градско подрачје. Акцијата ја преземаме на барање на граѓаните кои се жалеа на бучава од околните ноќни клубови, кафулиња и кафеани.
123