mk-MKen-US
Општина
Центар

Новости

Нов лик и енергетско ефикасна фасада на зградата 13А на “Климент Охридски“

  • 28 јули 2016
  • Број на прегледи: 252
  • 0 Коментари
Нов лик и енергетско ефикасна фасада на зградата 13А на “Климент Охридски“

Новата сина боја на терасите, вака изгледа зградата број 13А на булеварот “Климент Охридски“.

Станарите се задоволни, велат дека конечно и нашата зграда го доби ликот кој го заслужува и кој го посакувавме.

Жерновски до Трајановски: Откажете се од узурпација на училишниот двор!

  • 27 јули 2016
  • Број на прегледи: 211
  • 0 Коментари
Жерновски до Трајановски: Откажете се од узурпација на училишниот двор!
Револтирани родители се обратија до општина Центар, известувајќи ја дека не се согласуваат да се одзема дел од училишниот двор во Основното општинско училиште „Кочо Рацин“.

"Принцезата и верверичката Верка“ вечерва во 20:00 часот во парк Капиштец

  • 27 јули 2016
  • Број на прегледи: 273
  • 0 Коментари
"Принцезата и верверичката Верка“ вечерва во 20:00 часот во парк Капиштец
И вечерва, децата и возрасните ќе можат да уживаат во уште една детска претстава во паркот Капиштец. Во 20:00 часот ќе биде изведена претставата „Принцезата и верверичката Верка“. 

Жерновски: Конечно, нашите ревизорски извештаи за “Скопје 2014“ се во вистинските раце

  • 26 јули 2016
  • Број на прегледи: 210
  • 0 Коментари
Жерновски: Конечно, нашите ревизорски извештаи за “Скопје 2014“ се во вистинските раце
Два часа, градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, даваше исказ во Специјалното Јавно Обвинителство во врска со проектот “Скопје 2014“.

Паркот Капиштец синоќа беше полн со детска смеа и насмевки

  • 21 јули 2016
  • Број на прегледи: 300
  • 0 Коментари
Паркот Капиштец синоќа беше полн со детска смеа и насмевки

Паркот во Капиштец синоќа беше преполн . Деца, родители, баби и дeдовци и по некоја тетка. Сите уживаа во прекрасната претстава „Царот Тонте Конте“ Со насмевки на лицата, се впиваше секој збор од артистите.

Заврши проектот „Цел Центар на точак“, субвенционирани 969 велосипеди

  • 20 јули 2016
  • Број на прегледи: 437
  • 0 Коментари
Заврши проектот „Цел Центар на точак“, субвенционирани 969 велосипеди

969 жители на Центар годинава од општина Центар добија субвенции за купување нов велосипед.

Заврши проектот „Цел Центар на точак“, проект кој трета година по ред го спроведува општината.

Општина Центар успешно ја заврши првата надзорна проверка согласно барањето на меѓународниот стандард ИСО 9001:2008

  • 19 јули 2016
  • Број на прегледи: 183
  • 0 Коментари
Општина Центар успешно ја заврши првата надзорна проверка согласно барањето на меѓународниот стандард ИСО 9001:2008
Општина Центар успешно ја заврши првата надзорна проверка по минатогодишната ресертификација за меѓународниот стандард за управување со квалитет ИСО 9001:2008. Проверката ja спроведе оценувачкиот тим од МКД Сертификат при АМ ЦЕРТ.

Општина Центар ја санкционира узурпацијата на тротоарите на "Ленинова"

  • 19 јули 2016
  • Број на прегледи: 182
  • 0 Коментари
Општина Центар  ја санкционира узурпацијата на тротоарите на "Ленинова"
Инспекција од општината излезе веднаш на терен и констатираше дека не се почитуваат законските прописи и договореното на средбата на градоначалникот со сопствениците на кафулињата од улица “Ленинова“. Тие на средбата се согласија на тротоарите да се остави   слободен простор од 2 до 2,5 метри, за да се овозможи непречено движење на пешаците. Сопственикот на кафе барот е повикан на разговор во инспекција, но не се одзвал на поканата.

Општина Центар комплетно реконструираше 4 детски игралишта во “Градски Ѕид“

  • 14 јули 2016
  • Број на прегледи: 266
  • 1 Коментари
Општина Центар комплетно реконструираше 4 детски игралишта во “Градски Ѕид“

На барање и во договор со жителите, општина Центар комплетно ги реконструираше детските игралишта во четири сегменти на Градски Ѕид.

Децата сега можат да уживаат во современо изработените дрвени реквизити- лизгалките, платформите, клацкалките и лулашките. Платформите се врзани меѓу себе со мостови и скалила, а лизгалките се со различна големина, во зависност од возраста на децата.

123