mk-MKen-US
Општина
Центар

Новости

ФОТО: ОБИЕНА ВРАТАТА НА ПЕНЗИОНЕРСКИОТ КЛУБ “МИРЧЕ АЦЕВ“ ВО ЦЕНТАР

  • 31 јули 2014
  • Број на прегледи: 221
  • 0 Коментари
ФОТО: ОБИЕНА ВРАТАТА НА ПЕНЗИОНЕРСКИОТ КЛУБ “МИРЧЕ АЦЕВ“ ВО ЦЕНТАР
Ноќеска непознати сторители ја искршија влезната врата и провалија во просториите на пензионерскиот клуб "Мирче Ацев" во центарот на Скопје.
Провалниците претурале по работите во клубот, најверојатно барајќи нешто вредно.
Вработените во општина Центар го пријавија случајот во полиција која што изврши увид на лице место на настанот.

ИГРАЛИШТЕТО ВО КРЊЕВО СО НОВ ЛИК

  • 29 јули 2014
  • Број на прегледи: 384
  • 0 Коментари
ИГРАЛИШТЕТО ВО КРЊЕВО СО НОВ ЛИК
Општина Центар го реновираше старото игралиште во Крњево.
На барање на жителите, игралиштето е оградено со метална ограда висока 4,20 метри со преземениот зафат дадена му е дефинција на просторот.
Поранешниот простор во трапезоиден облик сега е место за мал фудбал и уличен баскет.
Ставен е кош по ФИБА стандардите и поставени се два гола за мал фудбал.

НАЈАВА ЗА 24-ТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ЦЕНТАР

  • 29 јули 2014
  • Број на прегледи: 367
  • 0 Коментари
24-ТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ЦЕНТАР
Ја свикувам 24-та седница на Советот на Општина Центар-Скопје.
Седницата ќе се одржи на ден 04.08.2014 година /понеделник, со почеток во 13,00 часот.

ОДГОВОР НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА ЦЕНТАР, АНДРЕЈ ЖЕРНОВСКИ НА ИЗЈАВАТА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ВЛАДАТА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, НИКОЛА ГРУЕВСКИ

  • 25 јули 2014
  • Број на прегледи: 206
  • 0 Коментари
Почитуван премиере, читам и се чудам на реториката, но не и на суштината. Јасно покажувате дека почнавте да го реализирате ветувањето, дадено по дебаклот, кој и на последните избори го доживеавте во Центар дека специјално ќе се позанимавате со општината. И веднаш почнавте да „остварувате". Се обидувате на секој начин да ја рекомпонирате волјата на центарци.

СЕ БАРААТ КООРДИНАТОРИ ЗА “ОПШТИНА ПО МЕРКА НА ГРАЃАНИТЕ“ ЗА ЦЕНТАР, СТРУГА И СТРУМИЦА

  • 24 јули 2014
  • Број на прегледи: 319
  • 0 Коментари
Конкурс за ангажирање на координатори за реализација на проектните активности во Центарот на заедницата во општина Центар, Струга и Струмица
Фондацијата Отворено општество - Македонија (ФООМ) во рамките на проектот „Општина по мерка на граѓаните" објавува конкурс за ангажирање на:
•3 (три) координатори за реализација на проектните активности во Центарот на заедницата во општина Центар,
•3 (три) координатори за реализација на проектните активности во Центарот на заедницата во општина Струмица
•4 (четири) координатори за реализација на проектните активности во Центарот на заедницата во општина Струга.

ЖЕРНОВСКИ ГИ ПОТПИША РЕШЕНИЈАТА ЗА ЗАПИРАЊЕ НА ОБЈАВУВАЊЕТО НА ДУП-ОВИТЕ

  • 24 јули 2014
  • Број на прегледи: 270
  • 0 Коментари
ЖЕРНОВСКИ ГИ ПОТПИША РЕШЕНИЈАТА ЗА ЗАПИРАЊЕ НА ОБЈАВУВАЊЕТО НА ДУП-ОВИТЕ
Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, денеска го потпиша решението за запирање на објавувањето на одлуката за донесувања на урбанистички план Градска четврт – локалитети Капиштец, Завод за медицинска рехабилитација, Старо Водно, Долно Водно, Мало курило и Цвеќара и ДУП-от Тасино Чешмиче 1.
Решенијата Жерновски ги достави до претседавачот на Советот на општината и од овој момент почнува да тече рокот од 15 дена за закажување на нова седница на Советот на која спорните ДУП-ови повторно се ставаат на дневен ред.

ЖЕРНОВСКИ: НА ВОДНО НЕМА ДА ИМА ДЕСЕТКАТНИЦА АКО ШИПОВИЌ ПОВТОРНО ГЛАСА ПРОТИВ

  • 22 јули 2014
  • Број на прегледи: 303
  • 0 Коментари
ЖЕРНОВСКИ: НА ВОДНО НЕМА ДА ИМА ДЕСЕТКАТНИЦА АКО ШИПОВИЌ ПОВТОРНО ГЛАСА ПРОТИВ
Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски ја поздрави вчерашната изјава на министерот за локална самоуправа, Лирим Шабани, кој јасно кажа дека двата спорни ДУП-а, Тасино Чешмиче 1 и Капиштец-Водно се донесени спротивно на Законот за локална самоуправа.
Министерот Шабани најави соодветни мерки преку надлежниот инспекторат во ова министерство.

ЗА ТРИЕСЕТ И ШЕСТ ДЕНА – СЕДУМСТОТИНИ И ОСУМДЕСЕТ НОВИ ВЕЛОСИПЕДИ ВО ЦЕНТАР

  • 22 јули 2014
  • Број на прегледи: 384
  • 0 Коментари
ЗА ТРИЕСЕТ И ШЕСТ ДЕНА – СЕДУМСТОТИНИ И ОСУМДЕСЕТ НОВИ ВЕЛОСИПЕДИ ВО ЦЕНТАР
Привршува акцијата на општина Центар, "Цел Центар на Точак".
Се работи за успешна акција, оцени градоначалникот на Центар, Андреј Жерновски. Средствата, рече тој, издвоени за оваа година, во висина од 2.500.000 денари се исцрпени за само 36 работни дена и 780 жители на Центар поднесоа барање за субвенции за купување на нов велосипед.
Акцијата ќе заврши со 850 субвенционирани велосипеди во Центар.

ОПШТИНА ЦЕНТАР: ДУП-ОВИТЕ, СОГЛАСНО ЗАКОНОТ – НЕ СЕ ДОНЕСЕНИ.

  • 19 јули 2014
  • Број на прегледи: 315
  • 0 Коментари
Општина Центар ја информира јавноста дека на вчерашната седница не беа донесени ДУП "Тасино Чешмиче 1, Општина Центар-Скопје", и ДУП "локалитет Капиштец, Завод за медицинска рехабилитација, Старо Водно, Долно Водно, Мало курило и Цвеќара, Општина Центар-Скопје", бидејќи во член 62, став 2, од Законот за локална самоуправа, јасно е наведено дека:
„Прописите се донесуваат со мнозинство на гласови од вкупниот број членови на советот, доколку поинаку не е определно со овој или друг закон".
123