mk-MKen-US
Општина
Центар

Новости

ОПШТИНА ЦЕНТАР НА ДЕЛО ЈА ПОКАЖА ГРИЖАТА ЗА ПЕНЗИОНЕРИТЕ – ОТВОРЕН КЛУБ НА ПЕНЗИОНЕРИ ВО КАПИШТЕЦ

  • 31.07.2013
  • Број на прегледи: 262
  • 0 Коментари
ОПШТИНА ЦЕНТАР НА ДЕЛО ЈА ПОКАЖА ГРИЖАТА ЗА ПЕНЗИОНЕРИТЕ – ОТВОРЕН КЛУБ НА ПЕНЗИОНЕРИ ВО КАПИШТЕЦ

Денеска Општина Центар го отвори Клубот на пензионери "Капиштец".

Во секој слободен момент повозрасните граѓани од Општина Центар ќе имаат пријатно катче за собирање, дружење, играње табла, шах и домино.

Општина Центар почнува од Капиштец, а вакви клубови ќе бидат отворени на целата територија на Центар.

ОТВОРЕН “ПАРКОТ НИКОЛА ГРУЕВСКИ“

  • 31.07.2013
  • Број на прегледи: 345
  • 0 Коментари
ОТВОРЕН “ПАРКОТ НИКОЛА ГРУЕВСКИ“
Граѓанските иницијативи „Авангарда" и „Кислород", ги собраа граѓаните во паркот спроти Бристол, кој што власта има палн да го уништи, бидејќи тука ќе се гради зграда на Советот за радио дифузија, во барокен стил.

Паркот, иронично доби име „Парк на Никола Груевски", човекот велат, кој што нареди уништување на зеленилото..

ОТВОРЕН ДЕН ЗА ГРАЃАНИТЕ ВО ЦЕНТАР

  • 30.07.2013
  • Број на прегледи: 258
  • 0 Коментари
ОТВОРЕН ДЕН ЗА ГРАЃАНИТЕ ВО ЦЕНТАР
Во општина Центар денеска по трет пат се одржа средба со граѓаните.
На Отворениот ден градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски со своите соработници ги ислуша проблемите на жителите на општината, кои се таложеле и не се решавале со години.

ВЕТУВАЊЕТО СЕ ОСТВАРУВА: ПОЧНА ЧИСТЕЊЕТО НА ДИВИТЕ ДЕПОНИИ ВО КРЊЕВО

  • 30.07.2013 - 31.07.2013
  • Број на прегледи: 301
  • 0 Коментари
ВЕТУВАЊЕТО СЕ ОСТВАРУВА: ПОЧНА ЧИСТЕЊЕТО НА ДИВИТЕ ДЕПОНИИ ВО КРЊЕВО
Пред два дена градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски беше на средба со жителите на скопско Крњево. Граѓаните се пожалија на неколкуте депонии, кои се извор на зарази.

Пет години децата одеа низ депонијата до училиштето Лирија и никој ништо не преземаше.

ПОВТОРНО ПРОТЕСТИ ПРЕД ЦЕНТАР

  • 29.07.2013
  • Број на прегледи: 356
  • 0 Коментари
ПОВТОРНО ПРОТЕСТИ ПРЕД ЦЕНТАР
Пред општината Центар повторно протести. Пазарџиите од дивиот пазар, се бунат зошто е исчистен и затворен „бувљакот", местото каде се работеше на диво и беше полно со смет и можност за зарази

ПОСЕБЕН РЕЖИМ НА ДВИЖЕЊЕ ПО УЛИЦАТА ПИТУ ГУЛИ

  • 29.07.2013
  • Број на прегледи: 293
  • 0 Коментари
ПОСЕБЕН РЕЖИМ НА ДВИЖЕЊЕ ПО УЛИЦАТА ПИТУ ГУЛИ
На крак на улицата Питу Гули се поставува фекална, водоводна и атмосферска мрежа, а сега мрежата се поставува по главната улица.
Поради изведување на овие работи Општина Центар апелира до граѓаните доколку се во можност да го избегнуваат движењето по улицата Питу Гули, а движењето да го пренасочат доколку се движат кон клиничкиот центар по улица Водњанска.

ЖЕРНОВСКИ ВО КРЊЕВО:ВАКВИ ДЕПОНИИ НЕМА ДА ИМА ВО ЦЕНТАР

  • 29.07.2013
  • Број на прегледи: 304
  • 0 Коментари
ЖЕРНОВСКИ ВО КРЊЕВО:ВАКВИ ДЕПОНИИ НЕМА ДА ИМА ВО ЦЕНТАР
Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски заедно со своите соработници, синоќа ги сослуша проблемите на жителите на Крњево.
Жителите побараа решавање и на проблемот со булеварот Крушевска Република и забрзување на постапките за легализација на дивоградбите.

ДЕЛЕГАЦИЈА ОД ОПШТИНА ЦЕНТАР ИМ ОДДАДЕ ПОЧИТ НА ЗАГИНАТИТЕ ОД ЗЕМЈОТРЕСОТ

  • 25.07.2013
  • Број на прегледи: 330
  • 0 Коментари
ДЕЛЕГАЦИЈА ОД ОПШТИНА ЦЕНТАР ИМ ОДДАДЕ ПОЧИТ НА ЗАГИНАТИТЕ ОД ЗЕМЈОТРЕСОТ
На градските гробишта во Бутел, официјални странски и домашни делегации положија цвеќе на споменикот на загинатите од земјотресот во Скопје, што се случи пред 50 години.
 
Почит на жртвите од урнатините во катастрофалниот земјотрес во Скопје, од 1963 година, меѓу другите изрази и делегација на општина Центар, предводена од градоначалникот Андреј Жерновски.

ДИВИОТ „БУВЉАК“ ПОД КАЛЕ КОНЕЧНО ИСЧИСТЕН

  • 25.07.2013
  • Број на прегледи: 297
  • 0 Коментари
ДИВИОТ „БУВЉАК“ ПОД КАЛЕ КОНЕЧНО ИСЧИСТЕН
Општина Центар, веќе три дена го расчистува дивиот пазар на стари работи кој се наоѓа под Скопското Кале.
Овој див пазар е во непосредна близина на Царинската управа и базенот Плаја Виста.
На отпадот, шутот и непријатната миризба, неколку пати до сите надлежни реагирала Царинската управа.
1234