mk-MKen-US
Општина
Центар

Новости

Привршува целосната реконструкција на градинката “13-ти Ноември“

  • 29 јуни 2016
  • Број на прегледи: 377
  • 0 Коментари
Привршува целосната реконструкција на градинката “13-ти Ноември“
Во тек е третата и завршна фаза од реконструкцијата на градинката “13-ти Ноември“. Со ова, по 40-тина години, во Центар се добива нов објект за згрижување и воспитување на деца, бидејќи од стариот останаа само sидовите и столбовите.

Наместо 29 метри висока катна гаража, Центар гради монтажна гаража на 1 спрат во Буњаковец

  • 28 јуни 2016
  • Број на прегледи: 290
  • 0 Коментари
Наместо 29 метри висока катна гаража, Центар гради монтажна гаража на 1 спрат во Буњаковец
Наместо кабаста конструкција од 29 метри и гаража на 8 спрата, како што одлучи претходното раководство и беше зацртано во ДУП-от, сега општина Центар, на истиот простор, гради монтажен јавен паркинг на 1 спрат.

„Го чуваме нашиот Центар“, нов проект на општината

  • 27 јуни 2016
  • Број на прегледи: 365
  • 0 Коментари
„Го чуваме нашиот Центар“, нов проект на општината
Стражарските служби на општина Центар започнаа со работа. Чуварите  ќе бидат на располагање  на граѓаните секој ден од 20:00 до 04:00 часот.

Комплетиран новиот изглед на плоштадот на “Наум Наумовски-Борче“

  • 24 јуни 2016
  • Број на прегледи: 406
  • 0 Коментари
Комплетиран новиот изглед на плоштадот на “Наум Наумовски-Борче“
На пјацетата на улица “Наум Наумовски-Борче“ и по должината на улицата која е реконструирана, до спојот со улицата “Ленинова“, поставена е нова урбана опрема: торзиона клупа, 4 клупи без наслон, 10 рамки – држачи за велосипеди и две канти за отпадоци – лотус. Со ова, се комплетира изгледот на новиот мини-плоштад, каде што беа поставени две големи жардинери со зеленило.

Соопштение

  • 24 јуни 2016
  • Број на прегледи: 364
  • 0 Коментари
Соопштение
Општина Центар ги известува граѓаните дека во деновите 25 и 26.06.2016 и 02 и 03.07.2016 година, на дел од улицата „Орце Николов“, ќе се изведуваат градежни работи.

Природата е во наши раце – порака од ЕУ и децата од општина Центар

  • 23 јуни 2016
  • Број на прегледи: 374
  • 0 Коментари
Природата е во наши раце – порака од ЕУ и децата од општина Центар

Општина Центар годинава се вклучи во одбележувањето на зелената недела на ЕУ, организирана од Делегацијата на ЕУ и ЕУ Инфо Центарот.

На Еко-Хепенингот, кој што се одржа во новоизградената градинка “Кочо Рацин“, повеќе од 100 деца од градинките во Центар пееја, играа и испратија еко пораки на тема “Природата е во наши раце“.

(ВИДЕО) Жерновски: 100 деца од новата градинка “Кочо Рацин” на улица доколу МТСП не ги продолжи договорите

  • 23 јуни 2016
  • Број на прегледи: 378
  • 0 Коментари
(ВИДЕО) Жерновски: 100 деца од новата градинка “Кочо Рацин” на улица доколу МТСП не ги продолжи договорите
Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, апелира до Министерството за труд и социјална политика да ги продолжи договорите за 11 вработени, за да не се случи близу 100 деца од новата градинка “Кочо Рацин” да не можат да бидат згрижени. Директорката на градинката и општина Центар испратиле на време барање да се продолжат договорите.

Општина Центар ја реконструира зградата на „Цицо Поповиќ“ бр.7 во Пролет

  • 21 јуни 2016
  • Број на прегледи: 292
  • 0 Коментари
Општина Центар ја реконструира зградата на „Цицо Поповиќ“ бр.7 во Пролет

Општина Центар ја започна реконструкцијата на фасадата на зградата  на улица „Цицо Поповиќ“ бр. 7, со вкупна површина од 1500 м2. Ова е една од повеќето згради кои ја формираат населба Пролет, изградена во 1948 година, како прва станбена населба по Втората светска војна.

Руинираната фасада, за која реагираа граѓаните,  наскоро ќе добие нов изглед.

Центар: Чавков ја блокира општината

  • 15 јуни 2016
  • Број на прегледи: 234
  • 0 Коментари
Центар: Чавков ја блокира општината

Седум улици на територијата на општина Центар, за кои се' е подготвено, чекаат да почне да се работи на нив поради „кочницата“ од МВР.

Два месеци општина Центар чека одобрение за времен режим на сообраќај  од министерството. Проектите се готови, завршена е и набавката и сега се чека МВР да ги издаде одобренијата за улииците за кои граѓаните реагираат. Дел од нив се многу стари и оштетени и се опасност по безбедноста на пешаците и возачите.

123