mk-MKen-US
Општина
Центар

Новости

ОД ДУПКАТА НА ХОТЕЛОТ НА АЗМАНОВ МОЖЕ ДА ПРОПАДНЕ УЛИЦАТА КАЈ ИТАЛИЈАНСКА АМБАСАДА

  • 27 јуни 2014
  • Број на прегледи: 300
  • 0 Коментари
ОД ДУПКАТА НА ХОТЕЛОТ НА АЗМАНОВ МОЖЕ ДА ПРОПАДНЕ УЛИЦАТА КАЈ ИТАЛИЈАНСКА АМБАСАДА
Оголена инсталација од улично осветлување, опасност од поткопување на улицата – ова се случува на улицата 8ма Ударна Бригада, поточно кај италијанската амбасада.
Веднаш до улицата бизнисменот Зоран Азманов има добиено дозвола за изградба на Хотел.
За таа цел е ископана огромна дупка длабока неколку метри, а широка 1 метар на 3 метри.
Со копањето на дупката одземен е и дел од тротоарот кој не е во приватна сопственост.
За ова уште во месец јануари беше известена фирмата "Настел" за сигурносно да ја обезбеди дупката, но тоа не се случи.

ДОКОЛКУ ВЛАДАТА НЕМА СЛУХ, ОПШТИНА ЦЕНТАР САМА ЌЕ ГИ ОБЕСШТЕТИ ПОПЛАВЕНИТЕ

  • 27 јуни 2014
  • Број на прегледи: 272
  • 0 Коментари
ДОКОЛКУ ВЛАДАТА НЕМА СЛУХ, ОПШТИНА ЦЕНТАР САМА ЌЕ ГИ ОБЕСШТЕТИ ПОПЛАВЕНИТЕ
Град Скопје одби финансиски да помогне при санацијата и реновирањето на становите од штетите настанати од силното невреме, проследено со град и обилни врнежи од 25ти мај 2014та на територија на општина Центар.
Се работи за 37 објекти каде што комисијата за проценка на штети формирана од општина Центар ја утврди фактичката состојба ја констатираше штетата настаната од поплавите.

ШИПОВИЌ ПО 8 МЕСЕЦИ ПОВТОРНО ПРЕТСЕДАВА СО СОВЕТОТ НА ЦЕНТАР

  • 26 јуни 2014
  • Број на прегледи: 306
  • 0 Коментари
ШИПОВИЌ ПО 8 МЕСЕЦИ ПОВТОРНО ПРЕТСЕДАВА СО СОВЕТОТ НА ЦЕНТАР
Претседателот на Советот на општина Центар Мирослав Шиповиќ , по 8 месеци отсуство поради изречената мерка притвор од денеска повторно претседава со седниците на советот. Шиповиќ очекува Советот да работи нормално и да носи одлуки кои што се во интерес на граѓаните и за кои добија доверба на последните локални избори.
Претседавачот на Советот сака, по 8 месечното отсуство да види што и како до сега се работело.

РЕВОЛТИРАНИ ГРАЃАНИ ОД УЛИЦАТА ДАМЕ ГРУЕВ: САМОВОЛИЕТО НА ГРАД СКОПЈЕ НЕ МОЖЕ ДА НЕ’ ИСЕЛИ ОД ДОМОВИТЕ

  • 25 јуни 2014
  • Број на прегледи: 242
  • 0 Коментари
РЕВОЛТИРАНИ ГРАЃАНИ ОД УЛИЦАТА ДАМЕ ГРУЕВ: САМОВОЛИЕТО НА ГРАД СКОПЈЕ НЕ МОЖЕ ДА НЕ’ ИСЕЛИ ОД ДОМОВИТЕ
Жителите на дел од улицата Даме Груев бр. 5 се револтирани од намерата на град Скопје да изгради булевар пред самиот влез на нивната зграда.
Денеска на отворениот ден со граѓаните побараа помош и спас, како што самите рекоа, за овој сериозен проблем од градоначалникот на општина Центар Андреј Жерновски.
"Ако се направи оваа улица двонасочна нема да може да живееме тука веќе. Зошто да бегаме? Доколку град Скопје истрае во оваа намера, тогаш тие ќе ги исечат и липите кај слаткарницата Малага", велат граѓаните.
Жерновски им објасни дека улицата е под надлежност на град Скопје и дека општината нема никакви ингеренции.

СРЕДБА ЖЕРНОВСКИ – ВАН КАЛСТЕР

  • 25 јуни 2014
  • Број на прегледи: 295
  • 0 Коментари
СРЕДБА ЖЕРНОВСКИ – ВАН КАЛСТЕР
Амбасадорката на Кралството Белгија во Р. Бугарија со мандат и за Р. Македонија, Н.Е. Аник Ван Калстер денеска беше примена од градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски.
Амбасадорката беше запознаена со состојбите и работењето на општина Центар.
Жерновски ја информираше амбасадорката Ван Калстер и за актуелната политичка состојба во Македонија, за случувањата околу предвремените парламентарни и претседателски избори и зошто опозициската коалиција се одлучи нејзините пратеници да ги вратат мандататите, се’ со цел да не се даде легитимитет на изборниот фалсификат.

НАМЕСТО КОРОВ И ТРЕВИ – ЗЕЛЕНИЛО И 780 САДНИЦИ ВО НАСЕЛБА ПРОЛЕТ

  • 24 јуни 2014
  • Број на прегледи: 340
  • 0 Коментари
НАМЕСТО КОРОВ И ТРЕВИ – ЗЕЛЕНИЛО И 780 САДНИЦИ ВО НАСЕЛБА ПРОЛЕТ
Со години огромни површини во населбата Пролет беа запуштени и обраснати со исушени треви и коров.
Општина Центар започна голема акција за обновување на зеленилото и тревните површини.
779 садници ќе го красат овој дел на Скопје и ќе придонесат за почист квалитет на воздухот во воздушно најзагадениот дел од градот.
Ќе има 16 видови садници и тоа декоративни зимзелени дрвја, високо-родни садници, јавори, магнолии и грмушки.

ПО ТРИЕСЕТ ГОДИНИ РЕКОНСТРУИРАНА УЛИЦАТА “КОСТУРСКИ ХЕРОИ“

  • 23 јуни 2014
  • Број на прегледи: 265
  • 0 Коментари
ПО ТРИЕСЕТ ГОДИНИ РЕКОНСТРУИРАНА УЛИЦАТА “КОСТУРСКИ ХЕРОИ“

Општина Центар целосно ја реконструираше улицата "Костурски Херои" (29ти ноември).

По триесеттина години со нов лик е коловозот, санирани и преуредени се тротоарите и каблите на кабелските оператори се поставени под земја.

Главниот проблем за побрза санација и реконструкција на улицата настана поради високата кота на каналот за вреловодот и се направи замена на шахтите во должина од 100 метри и нивелирање на сите шахти за водовод и канализација.

ОПШТИНА ЦЕНТАР: ЗА ДЕСЕТТИНА ДЕНА НОВ ПОТПОРЕН ЅИД НА ГРАДИНКАТА КОЧО РАЦИН

  • 21 јуни 2014
  • Број на прегледи: 320
  • 0 Коментари
ОПШТИНА ЦЕНТАР: ЗА ДЕСЕТТИНА ДЕНА НОВ ПОТПОРЕН ЅИД НА ГРАДИНКАТА КОЧО РАЦИН
Општина Центар сериозно работи на расчистување на остатоците од потпорниот ѕид кој се урна во четвртокот, во раните утрински часови, во дворот на градинката Кочо Рацин – клон Панорама.
Надлежните во општина Центар ќе пристапат кон кршење на остатоците од ѕидот, дури и оној дел што е напукнат ќе се урне комплетно и веднаш ќе се пристапи кон изградба на нов, сериозно армиран потпорен ѕид со појаки темели.
Ако се оди според планираното и согласно временските услови, санацијата ќе биде извршена за десеттина дена.

КРИМИНОГЕНИТЕ ДУП-ОВИ ОД ПОСЛЕДНИТЕ 13 ГОДИНИ – ОПАСНОСТ ОД СВЛЕЧИШТА И УРИВАЊЕ

  • 19 јуни 2014
  • Број на прегледи: 230
  • 0 Коментари
КРИМИНОГЕНИТЕ ДУП-ОВИ ОД ПОСЛЕДНИТЕ 13 ГОДИНИ – ОПАСНОСТ ОД СВЛЕЧИШТА И УРИВАЊЕ
Сликата од паднатиот потпорен ѕид во градинката Кочо Рацин – клон Панорама е алармантна и вознемирувачка.
Ова, рече градоначалникот Андреј Жерновски, е последна порака дека Водно не може да ја издржи градежната експанзија.
"Овој пат имаше среќа во несреќа бидејќи се случи во раните утрински часови и децата сеуште не беа тука. Доколку со ова се продолжи – последиците ќе бидат трагични. Општина Центар ќе преземе конкретни мерки да го стопира ова. Со донесувањето на криминогените ДУП-ови за територијата на општина Центар во последните 13 години, битно се измени физичката структура на Водно, каде беспоштедно се крчмеше просторот и беше полигон на бизнис групите, без да се води сметка за последиците: Загрозена сигурност на околните градби, појава на свлечишта, уривање на потпорни ѕидови", рече Жерновски.
1234