mk-MKen-US
Општина
Центар

Новости

1/3 ПОЕФТИНИ СМЕТКИ ЗА ГРЕЕЊЕ ВО ЦЕНТАР СО НОВИТЕ ФАСАДИ

  • 30.06.2013
  • Број на прегледи: 333
  • 0 Коментари
1/3 ПОЕФТИНИ СМЕТКИ ЗА ГРЕЕЊЕ ВО ЦЕНТАР СО НОВИТЕ ФАСАДИ
Градоначалникот на општина Центар Андреј Жерновски и директорот на „Хабитат" Македонија Зоран Костов, денеска потпишаа Меморандум за обновување на фасадите.
Овој проект е во рамките на ветената обврска на Жерновски од предизборието за енергетска ефикасност на Општина Центар.

НОВ ПАРК ВО КАПИШТЕЦ

  • 29.06.2013
  • Број на прегледи: 505
  • 0 Коментари
НОВ ПАРК ВО КАПИШТЕЦ
Зеленилото се враќа во општина Центар. Денеска е отворен паркот кај Цветен Пазар, на површина од 2.000 метри квадратни, а под зелена површина се 1.350 метри квадратни.
„Овој парк има 4 алпиниуми со 2 цедруса и две магнолии Паркот ќе се наводнува со современ автоматски систем за полевање кој е составен од 45 подземни прскалки. За хортикултурно уредување ќе се потрошат 500.000 денари, а за автоматското полевање 270.000 денари", рече градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски.

ЦВЕТНИ КОРПИ НАМЕСТО СИВИЛО И БЕЗБОЈНОСТ

  • 28.06.2013
  • Број на прегледи: 235
  • 0 Коментари
ЦВЕТНИ КОРПИ НАМЕСТО СИВИЛО И БЕЗБОЈНОСТ
Вака изгледаа дел од канделабрите во Општина Центар. Голи безбојни.
Вака изгледаат денеска истите канделабри. Украсени со прекрасни саксии со петунии.
Корпите се изработени од кокос и се во сопственост на Општина Центар, предвидени за цветно уредување на канделабри.

РАСПОРЕД НА 5 КОНТЕЈНЕРИ ЗА ГОЛЕМОТО ЧИСТЕЊЕ НА ОПШТИНА ЦЕНТАР НА ДЕН 11, 12 и 13.07.2013 год.

  • 26.06.2013
  • Број на прегледи: 306
  • 0 Коментари
РАСПОРЕД НА 5 КОНТЕЈНЕРИ ЗА ГОЛЕМОТО ЧИСТЕЊЕ НА ОПШТИНА ЦЕНТАР НА ДЕН 11, 12 и 13.07.2013 год.

I ден 11.07.2013 год. – четвртoк

БУЊАКОВЕЦ И ДЕБАР МААЛО

1. Кај влезот на ОУ,,Песталоци" од кај улица ,,Ленинова",
2. На аголот помеѓу улиците ,,К.К. Платник" и ,,Рајко Жинзифов"
3. Кај кафаната ,,Боеми" на улица ,,Иван Милутиновиќ"
4. Кај кафаната ,,Кригла", на паркингот на улица ,,Димитрие Туцовиќ" ...

СРЕДБА ЖЕРНОВСКИ-АНТИЌ

  • 26.06.2013
  • Број на прегледи: 673
  • 0 Коментари
СРЕДБА ЖЕРНОВСКИ-АНТИЌ
Градоначалникот на општина Центар Андреј Жерновски, денеска во својот кабинет го прими капитенот на македонската кошаркарска репрезентација, Перо Антиќ.
Жерновски и Антиќ разговараа за состојбите во македонскиот спорт, особено во кошарката.

ОТВОРЕН ДЕН ЗА ЖИТЕЛИТЕ НА ЦЕНТАР

  • 25.06.2013
  • Број на прегледи: 245
  • 0 Коментари
ОТВОРЕН ДЕН ЗА ЖИТЕЛИТЕ НА ЦЕНТАР
Многу наталожени проблеми во урбанизмот, легализацијата, фасадите, паркингот. Градоначалникот на општина Центар со соработниците на вториот „Отворен ден со граѓаните" ги сослуша нивните маки и проблеми и разговараа за изнаоѓање можни решенија.

СТАВ НА ОПШТИНА ЦЕНТАР ЗА ОДЛУКАТА НА СОВЕТОТ НА ГРАД СКОПЈЕ ЗА ИЗГРАДБА НА ПЛОШТАД НА ВМРО

  • 25.06.2013
  • Број на прегледи: 220
  • 0 Коментари
По одлуката на Советот на Град Скопје за почнување на постапка за набавка на идеен проект за изградба на плоштад помеѓу паркингот на ТЦЦ Плаза и досегашното седиште на ВМРО – ДПМНЕ, општина Центар посочува дека во деталниот урбанистички план Мал ринг, донесен на 21.12.2012 год,  е предвидена јавна површина плоштад со фонтана, со спомен обележје. Во текстуалниот дел на планот е предвидено партерно уредување со фонтана.  

РЕАКЦИЈА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ АНДРЕЈ ЖЕРНОВСКИ ПО ИЗЈАВАТА НА КООРДИНАТОРОТ НА СОВЕТНИЧКАТА ГРУПА НА ВМРО – ДПМНЕ, ТОМИСЛАВ ЛАЗАРОВ

  • 25.06.2013
  • Број на прегледи: 252
  • 0 Коментари
Веднаш по укажувањето на граѓаните им наложив на инспекторите да излезат на терен и да видат што навистина се случува околу Плаја Виста.

Инспекторите му наложија на изведувачот СЕКТОР 909 веднаш да го отстрани спорниот објект и да престане да врши реконструкција со пренамена околу базенот

СРЕДБА ЖЕРНОВСКИ-КРАМАРИЌ

  • 24.06.2013
  • Број на прегледи: 636
  • 0 Коментари
СРЕДБА ЖЕРНОВСКИ-КРАМАРИЌ
Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски денеска, во својот кабинет, го прими амбасадорот на Хрватска, Златко Крамариќ.
Двајцата соговорници разменија мислења за актуелната состојба во двете држави и во регионот.
123456