mk-MKen-US
Општина
Центар

Новости

Општина Центар ја реконструира улицата “Христо Чернопеев“ на Водно

  • 30 мај 2016
  • Број на прегледи: 336
  • 0 Коментари
Општина Центар ја реконструира улицата “Христо Чернопеев“ на Водно

Општина Центар ја започна реконструкцијата на улицата “Христо Чернопеев“ на Водно. Жителите на овој дел од Центар имаа големи проблеми со честите поплавувања, поради немањето на фекална и атмосферска канализација на дел од улицата, како и со оштетувањата на асфалтот.

Надлежните служби на општина Центар  веќе работат на реконструкцијата на коловозот.

Награди за првенците на генерација и најдобрите наставници од основните училишта во Центар

  • 27 мај 2016
  • Број на прегледи: 1106
  • 0 Коментари
Награди за првенците на генерација и најдобрите наставници од основните училишта во Центар
Осум првенци на генерација од основните училишта во општина Центар и четиринаесет најдобри одделенски и предметни наставници денеска ги добија заслужените награди од градоначалникот Андреј Жерновски, бидејќи од сите вложувања, најдобро е вложувањето во образованието.

Најбрзите и највештите ученици-велосипедисти добија награди од општина Центар

  • 26 мај 2016
  • Број на прегледи: 388
  • 0 Коментари
Најбрзите и највештите ученици-велосипедисти добија награди од општина Центар
Учениците од основните училишта во општина Центар, денеска се натпреваруваа и ги покажаа своите вештини во возење велосипед. Најдобрите шестмина добија пригодни награди, а три училишта од општина Центар добија велосипеди. Настанот беше дел од проектот “Цел Центар на Точак“.

Општина Центар ги награди најдобрите воспитувачки и негувателки

  • 25 мај 2016
  • Број на прегледи: 806
  • 0 Коментари
Општина Центар ги награди најдобрите воспитувачки и негувателки

Дваесет и две воспитувачки и негователки од градинките во општина Центар, денеска беа наградени како најдобри, најпосветени и најодговорни во својата работа.

Жерновски на 50 семејства од Центар им додели решенија за легализација

  • 24 мај 2016
  • Број на прегледи: 333
  • 0 Коментари
Жерновски на 50 семејства  од Центар им додели решенија за легализација
95 годишен жител на општина Центар, по долги години чекање и шетање по административните лавиринти, конечно стана свој на своето. Неговата ќерка го подигна решението за легализација на семејниот имот.

Соопштение 23.5.2016

  • 23 мај 2016
  • Број на прегледи: 614
  • 0 Коментари
Соопштение 23.5.2016
Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, денеска упати допис до градоначалникот на општина Чаир, во кој бара информации за ангажманот на општина Чаир околу поставување на спомен обележјата кои беа поставени ноќта помеѓу 21 и 22.05.2016 година на територија на Општина Центар – Скопје.

Средба на Жерновски со сопствениците на кафулињата од улица “Ленинова“

  • 22 мај 2016
  • Број на прегледи: 330
  • 0 Коментари
Средба на Жерновски со сопствениците на кафулињата од улица “Ленинова“
Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, имаше средба со сопствениците на кафулињата на улица “Ленинова“. Заеднички е договорено да се отстрани незаконски поставената урбана опрема, која е поставена со одобрение од град Скопје, во растојание до 2,5 метра од ивицата на тротоарот.

Соопштение за поставување на спомениците на албанските дејци

  • 22 мај 2016
  • Број на прегледи: 251
  • 0 Коментари
Соопштение за поставување на спомениците на албанските дејци
Општина Центар ја известува јавноста дека воопшто не е запознаена, ниту пак учествувала, во ноќното  тајно поставување на трите спомениците на албанските дејци. Во својот добро препознатлив стил, ноќе, за викенд и пред празник,  далеку од очите на јавноста, Владата на  ВМРО ДПМНЕ и ДУИ ги постави преостанатите три споменици, нарачани од претходното раководство на општина Центар. 

Средба Жерновски – Ван Калстер

  • 20 мај 2016
  • Број на прегледи: 381
  • 0 Коментари
Средба Жерновски – Ван Калстер
Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, оствари средба со амбасадорот на Кралството Белгија во Бугарија, Н.Е. Аник Ван Калстер, надлежна за Македонија.
1234