mk-MKen-US
Општина
Центар

Новости

ЖЕРНОВСКИ: ВЕРУВАМ ДЕКА ШИПОВИЌ ОД НАРЕДНАТА СЕДНИЦА ЌЕ УЧЕСТВУВА ВО РАБОТАТА НА СОВЕТ

  • 30 мај 2014
  • Број на прегледи: 214
  • 0 Коментари
ЖЕРНОВСКИ: ВЕРУВАМ ДЕКА ШИПОВИЌ ОД НАРЕДНАТА СЕДНИЦА ЌЕ УЧЕСТВУВА ВО РАБОТАТА НА СОВЕТ
Претседателот на Советот на општина Центар, Мирослав Шиповиќ од петокот е во домашен притвор.
Како што изјави градоначлникот на општина Центар, Андреј Жерновски изјави дека од наредната седница се надева дека судијата ќе му издаде одобрение за присуство на седници.

ЦЕНТАР: ДОКОЛКУ САКААТ ВОЈНА, КОЦЕ ТРАЈАНОВСКИ НЕКА ГИ СПРЕМИ ПАРИТЕ ЗА НЕПЛАТЕНИТЕ КОМУНАЛНИ ТАКСИ КОН ЦЕНТАР

  • 30 мај 2014
  • Број на прегледи: 267
  • 0 Коментари
ЦЕНТАР: ДОКОЛКУ САКААТ ВОЈНА, КОЦЕ ТРАЈАНОВСКИ НЕКА ГИ СПРЕМИ ПАРИТЕ ЗА НЕПЛАТЕНИТЕ КОМУНАЛНИ ТАКСИ КОН ЦЕНТАР
Општина Центар и ЈП Паркинзи на општина Центар мора да се одбранат од нападите.
На прес конференција градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски и директорот на ЈП ПОЦ, Саша Богдановиќ посочија дека најавитеод власта по изборите дека ќе има промени кон општина Центар почнаа да се реализираат со отворање на нова војна од страна на град Скопје кон општината Центар и ЈП ПОЦ.
Во понеделник почнува уништувањето во паркинзите во Дебар Маало.

ДО 3000 ДЕНАРИ ЗА СЕКОЈ КУПЕН НОВ ВЕЛОСИПЕД ВО ЦЕНТАР

  • 29 мај 2014
  • Број на прегледи: 511
  • 0 Коментари
ДО 3000 ДЕНАРИ ЗА СЕКОЈ КУПЕН НОВ ВЕЛОСИПЕД ВО ЦЕНТАР
Општина Центар ќе субвенционира купување на нови велосипеди за жителите на Центар. Висината на субвенцијата ќе изнесува 30% од цената на велосипедот, но не повеќе од 3000 денари. Градоначалникот ќе донесе посебен акт за реализација на проектот, а граѓаните ќе бидат дополнително известени преку средствата за јавно информирање и преку веб сајтот на општината.
Овој предлог на градоначалникот Жерновски денеска беше изгласан од Советот на општина Центар.

ЖЕРНОВСКИ: ГРАЃАНИТЕ СЕ ЖАЛАТ ЗА ПРОБЛЕМИ СТАРИ И ПО 7 ГОДИНИ

  • 28 мај 2014
  • Број на прегледи: 315
  • 0 Коментари
Жителите на Центар и на денешниот отворен ден од градоначалникот Андреј Жерновски и неговиот тим побараа решение за проблеми кои што ги тиштат.
Некои од нив не се решени и по 7 и повеќе години.
Граѓаните се пожалија дека повеќе години не можат да добијат имотни листови за сопствените станови. Инвеститорот не им ги дава поради нерешени имотно-правни односи.

ОПШТИНА ЦЕНТАР ЈА ПОЗДРАВУВА ОДЛУКАТА ЗА ДОМАШЕН ПРИТВОР ЗА МИРОСЛАВ ШИПОВИЌ

  • 23 мај 2014
  • Број на прегледи: 271
  • 0 Коментари
ОПШТИНА ЦЕНТАР ЈА ПОЗДРАВУВА ОДЛУКАТА ЗА ДОМАШЕН ПРИТВОР ЗА МИРОСЛАВ ШИПОВИЌ
Општина Центар ја поздравува одлуката на Судот да го пушти во домашен притвор Претседавачот на Советот на општина Центар, Мирослав Шиповиќ.
На денешното рочиште, Основниот Суд 1 одлучи да ја преиначи одлуката за притворот во истражниот затвор "Скопје" и да го замени со домашен притвор, што значи дека Претседавачот Мирослав Шиповиќ во иднина ќе учествува во работата на Советот на општина Центар.

ОПШТИНА ЦЕНТАР ГИ НАГРАДИ НАЈДОБРИТЕ УЧЕНИЦИ И НАСТАВНИЦИ

  • 23 мај 2014
  • Број на прегледи: 416
  • 0 Коментари
ОПШТИНА ЦЕНТАР ГИ НАГРАДИ НАЈДОБРИТЕ УЧЕНИЦИ И НАСТАВНИЦИ

Образованието е мост меѓу семејството и општеството.

Општина Центар смета дека доброто образование е услов за идни добри граѓани и затоа за прв пат воведува вреднување на наставниците и учениците во седумте основни училишта на нејзина територија.

Денес, кога го чевствуваме делото на браќата Кирил и Методиј и пред крајот на учебната година, градоначалникот Андреј Жерновски додели 14 награди на најдобрите одделенски и предметни наставници и 7 награди за најдобрите ученици.

СРЕДБА НА ЖЕРНОВСКИ СО АМБАСАДОРКАТА НА РЕПУБЛИКА СРБИЈА

  • 21 мај 2014
  • Број на прегледи: 270
  • 0 Коментари
СРЕДБА НА ЖЕРНОВСКИ СО АМБАСАДОРКАТА НА РЕПУБЛИКА СРБИЈА
Амбасадорката на Република Србија во Р. Македонија, Н.Е. Душанка Дивјак-Томиќ изрази благодарност до општина Центар и до градоначалникот на општината, Андреј Жерновски за помошта која беше доделена за настраданите од катастрофалните поплави во Р. Србија.
На средбата во кабинетот на градоначалникот, на Жерновски му ги пренела најновите информации за состојбите во нејзината земја.
Состојбата релативно се смирува, но опасноста не е помината.

ОПШТИНА ЦЕНТАР ГИ НАГРАДУВА НАЈДОБРИТЕ УЧЕНИЦИ И НАСТАВНИЦИ

  • 21 мај 2014
  • Број на прегледи: 240
  • 0 Коментари
Образованието е мост меѓу семејството и општеството. Општина Центар смета дека доброто образование е услов за идни добри граѓани.
Затоа, општина Центар за прв пат воведува вреднување на наставниците и на учениците во 7-те основни училишта на нејзината територија.
Во петок градоначалникот на општина Центар Андреј Жерновски ќе додели Пофалници и парични награди на најдобриот ученик-осмо одделенец, најдобриот предметен и одделенски наставник.

НОВ УРБАН ПРОСТОР ВО ЦЕНТАР

  • 20 мај 2014
  • Број на прегледи: 535
  • 0 Коментари
НОВ УРБАН ПРОСТОР ВО ЦЕНТАР
Во строгиот Центар на Скопје, на аголот спроти Папагал зградата веќе се наѕира нов уреден урбан простор.
Општина центар го уредува просторот со бехатон кој е распределен во ленти и секоја од нив е изполнета со бехатон различно реден за да се постигне ефект на patchwork.
Во средината има круг кој ќе биде исполнет со бусен а истотот ¼ е пресечен со надолжна линија исполнети со ризла.
На местото ќе се постави и долга линиска клупа без наслон.
123