mk-MKen-US
Општина
Центар

Новости

ОПШТИНА ЦЕНТАР СЕ ВКЛУЧИ ВО ОДБЕЛЕЖУВАЊЕТО НА ХУМАНИТАРНИОТ ХЕПЕНИНГ, ПО ПОВОД ДЕНОТ НА ЗГРИЖУВАЧКИТЕ СЕМЕЈСТВА

  • 31.05.2013
  • Број на прегледи: 263
  • 0 Коментари
ОПШТИНА ЦЕНТАР СЕ ВКЛУЧИ ВО ОДБЕЛЕЖУВАЊЕТО НА ХУМАНИТАРНИОТ ХЕПЕНИНГ, ПО ПОВОД ДЕНОТ НА ЗГРИЖУВАЧКИТЕ СЕМЕЈСТВА
Во рамки на своите програмски активности, посветувајќи особено внимание на деца и младинци со посебни потреби и деца без родителска грижа, Црвениот крст на Град Скопје, традиционално го одбележа Денот на згрижувачките семејства 1 Јуни, во соработка со Министерството за Труд и социјална политика и Меѓуопштинскиот центар за социјални работи – Скопје.

И З В Е С Т У В А Њ Е

  • 30.05.2013
  • Број на прегледи: 595
  • 0 Коментари
Ве известуваме дека Градоначалникот на Општина Центар, Андреј Жерновски заедно со стручните служби на Општина Центар, Ве покануваат на работна средба на која ќе се разговара за инфраструктурните и комуналните проблеми и планираните активности за хортикултурно и останато уредување на просторот во Вашата околина.

Жерновски: Сител да се извини за клеветата, во спротивно ќе поднесам тужба

  • 30.05.2013
  • Број на прегледи: 328
  • 0 Коментари
Синоќа ТВ Сител бомбастично најави дека некаков си нов скандал ја тресе општина Центар.Но вистинската вест требаше да гласи „ Нова лага од кујната на ТВ Сител".
Барам вечерва, ТВ Сител, во истиот термин, во централната информативна емисија да се извини за клеветата, искажана на вестите.
Доколку не се извини ќе ја тужам новинарката потпишана зад текстот, уредникот и медиумот

Најстарата градинка во Центар, „Р.Ј.Корчагин“ го прослави 65-годишниот роденден

  • 30.05.2013
  • Број на прегледи: 331
  • 0 Коментари
Најстарата градинка во Центар, „Р.Ј.Корчагин“ го прослави 65-годишниот роденден
Градинката „Раде Јовчевски Корчагин", најстарата градинка во општина Центар денеска го прослави 65-годишниот јубилеј.
Децата, воспитувачите, учителите родителите, но и поканетите гости уживаа во талентот на децата, кои со песна и игра го претставија значењето на учењето и знаењето.

Трофеи за најуспешните основци во мал фудбал од општина Центар

  • 29.05.2013
  • Број на прегледи: 368
  • 0 Коментари
Трофеи за најуспешните основци во мал фудбал од општина Центар
Прекрасно дружење во спортски дух. Уживаа и натпреварувачите но и присутните гости, меѓу кои и градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски и претседателот на Советот, Мирослав Шиповиќ.
Денеска се одржаа финалните натпревари од турнирот  во мал фудбал меѓу учениците од основните училиште во општина Центар.

ОПШТИНА ЦЕНТАР ГИ ОТВОРИ ВРАТИТЕ ЗА СВОИТЕ ГРАЃАНИ

  • 28.05.2013
  • Број на прегледи: 335
  • 0 Коментари
ОПШТИНА ЦЕНТАР ГИ ОТВОРИ ВРАТИТЕ ЗА СВОИТЕ ГРАЃАНИ
Денес, во Општина Центар се одржа првиот отворен ден за средба на граѓаните со Градоначалник Андреј Жерновски и стручни служби на Општината.
Во оваа прилика, граѓаните на Центар ги искажаа своите проблеми, кои генерално се однесуваат на прашања поврзани со: урбанизмот и спроведувањето на деталните урбанистички планови, комуналните работи, легализација на бесправно изградени објекти и забрзување на постапката, спроведување на постапка за експропријација, вработување, како и проблеми со кои се соочуваат Здруженијата на граѓани со седиште во Општината, а се поврзани со немање соодветна просторија за дејствување или потреба за финансиска поддршка на одредни активности.

СООПШТЕНИЕ

  • 28.05.2013
  • Број на прегледи: 524
  • 0 Коментари
Продолжува скандалозната и паушална хајка врз општина Центар и врз градоначалникот Андреј Жерновски. Не се бираат средства, за дискредитација по секоја цена.
Последно во серијалот е наводниот скандал, како што бомбастично најавија дел од медиумите, кои без да проверат, објавија писмо од жител на Центар, дека наводно базени и спортски објекти во општината се уништуваат од луѓе до градоначалникот и се градат дискотеки.

Утре „Отворен ден за граѓаните на Центар“

  • 27.05.2013
  • Број на прегледи: 348
  • 0 Коментари
Општина Центар ги отвора вратите за проблемите и идеите на граѓаните.
Секоја последна среда , ќе има „Отворен ден со граѓаните на Центар", на која граѓаните кои претходно побарале средба, ќе бидат примени и ќе разговараат со градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски и раководителите на секторите.

Градоначалникот Жерновски го средува хаосот на градилиштата

  • 27.05.2013
  • Број на прегледи: 310
  • 0 Коментари
Градоначалникот Жерновски го средува хаосот на градилиштата
По поплаки на граѓаните од општина Центар за хаосот во и околу градилиштата во општината, за разнесен шут и за неоградени површини, градоначалникот Андреј Жерновски издаде налог до градежната инспекција да се средат градилиштата кои се во општината.
Во акцијата која беше преземена во Дебар Маало и во Буњаковец, резултатите се веќе евидентни.
12345