mk-MKen-US
Општина
Центар

Новости

„Музиката не познава граници“-децата од Центар со импресивен настап во Истанбул

  • 29 април 2016
  • Број на прегледи: 522
  • 0 Коментари
„Музиката не познава граници“-децата од Центар  со импресивен настап во Истанбул
„Музиката не познава граници“, со овој музичко сценски перформанс, учениците од  основните училишта од Центар, беа дел од  меѓународната манифестација по повод Светскиот ден на детето, која се одржа во Истанбул.

Социјални пакети за 140 семејства од општина Центар

  • 28 април 2016
  • Број на прегледи: 517
  • 0 Коментари
Социјални пакети за 140 семејства од општина Центар
Општина Центар, пред претстојните првомајски и Велигденски празници, на 140 жители на општината, приматели на социјална парична помош, им додели социјални пакети во вкупна вредност од 300.000 денари, средства обезбедени од буџетот на општината.

Советот на општина Центар усвоија повеќе годишни извештаи

  • 28 април 2016
  • Број на прегледи: 316
  • 0 Коментари
Советот на општина Центар усвоија повеќе годишни извештаи
Советот на општина Центар на својата 57-ма седница разгледа и усвои повеќе годишни извештаи подготвени од одделни сектори во општината, како и одлуки од надлежност на Советот.

(ВИДЕО+ФОТО) Центар и Шиченг, Пекинг потпишаа договор за соработка

  • 27 април 2016
  • Број на прегледи: 621
  • 0 Коментари
(ВИДЕО+ФОТО) Центар и Шиченг, Пекинг потпишаа договор за соработка
Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски и градоначалникот на областа Шиченг од Пекинг, Н.Р. Кина, Ванг Шаопенг, потпишаа договор за соработка. Ова, рекоа двајцата градоначалници, е историски ден и почеток на значајна соработка.

Изложба на фотографии по повод соработката на општина Центар со областа Шиченг од Пекинг

  • 26 април 2016
  • Број на прегледи: 312
  • 0 Коментари
Изложба на фотографии по повод соработката на општина Центар со областа Шиченг од Пекинг
Во рамките на повеќегодишната соработка што oпштина Центар ја има со Амбасадата на Народна Република Кина во Република Македонија произлезе иницијативата за воспоставување соработка и збратимување со oбласта Шиченг од Пекинг, Народна Република Кина.

Општина Центар ја промовираше првата социјална карта

  • 20 април 2016
  • Број на прегледи: 651
  • 0 Коментари
Општина Центар ја промовираше првата социјална карта

Општина Центар, во соработка со Центарот на заедницата на општината, денеска ја промовираше првата социјална карта.

Ова, рече градоначалникот Андреј Жерновски, е исклучително важен момент, бидејќи содржи материјали кои им недостасуваат на сите институции. Овој документ ги претставува социо-економските и демографските карактеристики на општината.

Општина Центар го одбележа Светскиот ден на уметноста

  • 19 април 2016
  • Број на прегледи: 351
  • 0 Коментари
Општина Центар го одбележа Светскиот ден на уметноста
Општина Центар направи голем културен гест што од минатата година заедно со Асоцијацијата ИКОН, почна да го одбележува Светскиот ден на уметноста – 15 април, Денот на раѓањето на Леонардо Да Винчи. 

Општина Центар целосно ја реконструираше улицата “Никола Тримпаре“

  • 19 април 2016
  • Број на прегледи: 392
  • 0 Коментари
Општина Центар целосно ја реконструираше улицата “Никола Тримпаре“
Една од најоштетените улици во населбата Буњаковец, сега е целосно реконструирана. Коловозот и тротоарите, во должина од 180 метри, се комплетно обновени, изваден е стариот слој, направена е нова бонификација на тлото и според сите стандарди за изградба на улична мрежа, поставен е нова тампонска подлога. Овој слој е цврст, стабилен и нема опасност од пропаѓање.

Општина Центар: Опомена пред казна за кафулињата на „Ленинова“

  • 18 април 2016
  • Број на прегледи: 586
  • 0 Коментари
Општина Центар: Опомена пред казна за кафулињата на „Ленинова“
Граѓаните се жалат дека по најфреквентната Дебар маалска улица „Ленинова“,  практично мораат да се движат по коловозот. Терасите од кафулињата се протегаат до самиот крај на тротоарите, а автомобилите се паркирани од двете страни на улицата.
12