mk-MKen-US
Општина
Центар

Новости

НОВ СКВЕР КАЈ ИТАЛИЈАНСКА АМБАСАДА

  • 30 април 2014
  • Број на прегледи: 298
  • 0 Коментари
НОВ СКВЕР КАЈ ИТАЛИЈАНСКА АМБАСАДА
Привршуваат работите на реконструкцијата на улиците „8-ма Ударна бригада" и „Лермонтова" кај Амбасадата на Република Италија.
Поплочени се тротоарите и улиците со вештачки гранитни плочки и направен е нов паркинг. Улицата завршува со сквер со нова модерна урбана опрема, чешма и паркинг за велосипеди .
Општина Центар подготвува изненадување за граѓаните со еден необичен детаљ од урбана опрема.

ВО ЦЕНТАР БЕСПЛАТЕН ПАРКИНГ ЗА НОВИНАРИТЕ

  • 29 април 2014
  • Број на прегледи: 361
  • 0 Коментари
ВО ЦЕНТАР БЕСПЛАТЕН ПАРКИНГ ЗА НОВИНАРИТЕ
Јавното претпријатие "Паркинзи на општина Центар" ги ослободи новинарите од надомест за паркирање на територијата на општината.
Советниците едногласно прифатија новинарите да имаат мобилна паркинг карта со која, заради вршење новинарска дејност и слободен пристап до информации ќе се паркираат без никаков надоместок.
Новинарската мобилна паркинг карта ќе се издава на секое физичко лице вработено како новинар во конкретен медиум или новинска агенција, под услов да достави потврда за тоа како и потврда дека е член на соодветно новинарско/медиумско здружение или синдикат

ЦЕНТАР ЌЕ УЧЕСТВУВА ВО САНАЦИЈАТА НА ИЗГОРЕНИОТ СТАН ВО ЗГРАДАТА СПРОТИ ГИМНАЗИЈАТА “Ј.Б. ТИТО“

  • 29 април 2014
  • Број на прегледи: 274
  • 0 Коментари
ЦЕНТАР ЌЕ УЧЕСТВУВА ВО САНАЦИЈАТА НА ИЗГОРЕНИОТ СТАН ВО ЗГРАДАТА СПРОТИ ГИМНАЗИЈАТА “Ј.Б. ТИТО“
Општина Центар ќе учествува во санација на штетата настаната од пожар на станбен објект на ул. Вељко Влаховиќ, спроти гимназијата "Јосип Броз Тито".
За ова од буџетот на општина Центар ќе бидат издвоени средства за санација на штетата од пожарот во висина до 620.000 денари.
Пожарот избувна на 28ми март годинава, во стан кој што е на 11ти спрат.
Во гасењето учествуваа 8 против-пожарни возила.

“ЕЗЕРЦЕ“ ВО ВИД НА ДВЕ ЗАЛЕПЕНИ ШКОЛКИ

  • 29 април 2014
  • Број на прегледи: 356
  • 0 Коментари
“ЕЗЕРЦЕ“ ВО ВИД НА ДВЕ ЗАЛЕПЕНИ ШКОЛКИ

Две залепени школки, а на делот кон Градскиот парк која е доминантна визура е ѕид од стакло. Вака изгледа првонаградениот труд на конкурсот за идејно решение за ресторан "Езерце", кој го распиша општина Центар.

Трудот е со шифра „Мезе", а автори се Филип Конески, Борко Георгиев и Иво Ѓорѓиев. Објектот треба да биде потонат во земја за да дојде до нивото на езерцето. Жири комисијата составена од вработени од општината и надворешни експерти констатира дека идејното решение ги почитува постоечките структури како што се дел од железничката станица и познатото возче Ќиро и дел од некогашниот летен шанк.

СЕ ПОПЛОЧУВА БОЕМСКАТА УЛИЦА

  • 28 април 2014
  • Број на прегледи: 546
  • 0 Коментари
СЕ ПОПЛОЧУВА БОЕМСКАТА УЛИЦА
Општина Центар го започна поплочувањето на улицата Ѓорги Пешков.
Улицата која веќе меѓу жителите на Центар се нарекува Боемска улица ќе биде пешачка патека. Плочките се од природен гранит.
Улицата ќе биде на едно ниво и ќе заврши со мал плоштад. Каблите ќе бидат под земја и ќе се постави посебен систем за одводнување со поцинкувани челични решетки.

ЖЕРНОВСКИ: ГРУЕВСКИ И ТРАЈАНОВСКИ, КОЛКУ ЧИНИ ОГРАДАТА? ЕДЕН, ДВА ИЛИ ПОВЕЌЕ МИЛИОНИ ЕВРА?

  • 24 април 2014
  • Број на прегледи: 308
  • 0 Коментари
ЖЕРНОВСКИ: ГРУЕВСКИ И ТРАЈАНОВСКИ, КОЛКУ ЧИНИ ОГРАДАТА? ЕДЕН, ДВА ИЛИ ПОВЕЌЕ МИЛИОНИ ЕВРА?
Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски со дел од советничката група на Сојузот за иднината, одржаа прес конференција пред мостот Слобода, кај Холидеј Ин.
Потсети дека додека бил во Собрание, една личност која не седела на сините, туку на пурпурните фотелји рекол дека вистината е како шило – врти, врти, па излегува на виделина.
"Точна е мислата на премиерот и буквално е така. Колку и да сака некој нешто да сокрие, вистината излегува на површина, а граѓаните имаат право да ја знаат вистината", рече Жерновски.

ЦЕНТАР ЈА РЕКОНСТРУИРА УЛИЦА МАКЕДОНИЈА

  • 22 април 2014
  • Број на прегледи: 285
  • 0 Коментари
ЦЕНТАР ЈА РЕКОНСТРУИРА УЛИЦА МАКЕДОНИЈА
Општина Центар започна со реконструкција на улица Македонија. Се менуваат  гранитните плочки  кои се уништени од тешката механизација  која се користи  за изградбата на црквата  „Свети Константин и Елена".
По изградбата општината целосно ќе ја реконструира улицата и ќе постави нова урбана опрема, клупи, канделабри и корпи за отпадоци.

ДОДЕЛЕНИ НОВИ 30 РЕШЕНИЈА ЗА ЛЕГАЛИЗАЦИЈА ВО ЦЕНТАР

  • 17 април 2014
  • Број на прегледи: 336
  • 0 Коментари
ДОДЕЛЕНИ НОВИ 30 РЕШЕНИЈА ЗА ЛЕГАЛИЗАЦИЈА ВО ЦЕНТАР
Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски денеска на 30 граѓани им врачи решенија за легализација.
Обврската што ја превземавме, рече Жерновски, ја исполнуваме во целост и повеќе од ветеното.
"Претходните 2 години, до 2013та, во просек се издавале по 620 решенија годишно. За овие 11 месеци, по доаѓањето на новата општинска гарнитура, од мај 2013та до април 2014та издадени се 910 решенија за легализација. Ќе продолжиме со ова темпо бидејќи овие работи се од животно значење за жителите на Центар", рече Жерновски.
Општината, посочи Жерновски, е отворена за граѓаните на Центар. За секој проблем или идеа тие можат да дојдат и да поразговараат и со него и со надлежните општински служби.

ОПШТИНА ЦЕНТАР НА ОБУКИ ЗА КРЕИРАЊЕ НА ЈАВНИ ПОЛИТИКИ

  • 17 април 2014
  • Број на прегледи: 369
  • 0 Коментари
ОПШТИНА ЦЕНТАР НА ОБУКИ ЗА КРЕИРАЊЕ НА ЈАВНИ ПОЛИТИКИ
Дел од општинската администрација на 15ти и 16ти април беше дел од обуката за креирање на јавни политики, органзирана од Фондацијата Отворено Општество Македонија и Општина Центар.
На обуката присутните учеа како се дијагностицира проблем, методологијата на решавање и креирањето на самата јавна политика, како дел од дводневната обука за креирање на јавни политики.
12