mk-MKen-US
Општина
Центар

Новости

ЖЕРНОВСКИ: НАЈБОГАТА ОПШТИНА ИМА ПРАЗЕН БУЏЕТ

  • 29.04.2013
  • Број на прегледи: 458
  • 0 Коментари
ЖЕРНОВСКИ: НАЈБОГАТА ОПШТИНА ИМА ПРАЗЕН БУЏЕТ
Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, денеска на прес конференција, одговори на оркестрираните напади од власта и одредени медиуми. Како што изјави, општина Центар продолжува и ги интензивира активностите.
Во тек е комплетна реконструкција на три улици: 8-ми март, Пајак и Роса Плавева. Претходниот градоначалник, Владимир Тодоровиќ, по подолго време се појави во јавноста, со интервју на еден портал, во кое изјавува дека остава буџет во солидна кондиција.

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ЖЕРНОВСКИ ИЗВРШИ БРЗА ИНТЕРВЕНЦИЈА ПО БАРАЊЕ НА ГРАЃАНИТЕ

  • 28.04.2013
  • Број на прегледи: 359
  • 0 Коментари
ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ЖЕРНОВСКИ ИЗВРШИ БРЗА ИНТЕРВЕНЦИЈА ПО БАРАЊЕ НА ГРАЃАНИТЕ
По барање на вознемирените и загрижени граѓани кои живеат на улицата „Орце Николов" бр. 90, Градоначалникот на Општина Центар Андреј Жерновски, заедно со надлежните служби од Општината, извршија увид каде што е констатирано оштетување на електричен столб. Исто така утврдено е и оштетување на разводниот ормар за електрична енергија на локација кај Градскиот парк (ресторан Ања) и други места.

ГРАДИНКАТА „КОЧО РАЦИН“ ГО ПРОСЛАВИ СВОЈОТ РОДЕНДЕН

  • 24.04.2013
  • Број на прегледи: 359
  • 0 Коментари
ГРАДИНКАТА „КОЧО РАЦИН“ ГО ПРОСЛАВИ СВОЈОТ РОДЕНДЕН
Детската градинка „Кочо Рацин" од Општина Центар го прослави својот роденден - 48 години успешна згрижувачко-воспитна работа. Во присуство на голем број гости и родители, градинката ја одбележа и оваа годишнина, во која продолжи со својата воспитно-образовна работа со децата преку учење, дружење, игра и грижа за севкупниот социјален, интелектуален и емоционален развој.

ОДРЖАНА ПРВАТА КОНСТИТУТИВНА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ЦЕНТАР

  • 23.04.2013
  • Број на прегледи: 497
  • 0 Коментари
ОДРЖАНА ПРВАТА КОНСТИТУТИВНА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ЦЕНТАР
Денес, 24 април 2013 година, се одржа 1-та конститутивна седница на Советот на Општина Центар-Скопје.
Седницата како што е предвидено според Статутот на Општината, ја водеше највозрасниот член на Советот, Цветанка Симоновска.
На свечената седница се изврши верификација на мандатот на членовите на новиот состав на Советот на Општина Центар-Скопје, по што тие потпишаа свечена изјава.

РЕАЛИЗАЦИЈА НА ПРОЕКТОТ „СВЕТОТ СЕ ВИКА МУЗИКА“

  • 23.04.2013
  • Број на прегледи: 476
  • 0 Коментари
РЕАЛИЗАЦИЈА НА ПРОЕКТОТ „СВЕТОТ СЕ ВИКА МУЗИКА“
Во детската градинка „Кочо Рацин" од Општина Центар, со децата од воспитно-образовните групи од 5 до 6 години од објектот „Наум Наумовски Борче", изминатите четири месеци се реализираше проектот „Светот се вика музика". Целта на овој проект е преку најразновидни содржини и активности, прилагодени на детската возраст, интереси и можности кај децата да се развијат музичките способности, осетот за мелодија, чувството за ритам и такт.

НАЈМЛАДИТЕ ЕКОЛОГИСТИ ВО АКЦИЈА ПО ПОВОД 22 АПРИЛ-СВЕТСКИОТ ДЕН НА ПЛАНЕТАТА ЗЕМЈА

  • 22.04.2013
  • Број на прегледи: 397
  • 0 Коментари
НАЈМЛАДИТЕ ЕКОЛОГИСТИ ВО АКЦИЈА ПО ПОВОД 22 АПРИЛ-СВЕТСКИОТ ДЕН НА ПЛАНЕТАТА ЗЕМЈА
Со цел активно вклучување во еколошка акција на интернационално ниво, чиј организатор е Фондацијата за еколошка едукација (ФЕЕ) во рамките на Програмата „Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем", градинката „13 Ноември" по повод светскиот Ден на планетата земја зеде учество со низа активности за создавање на поодржлив свет. Активностите беа реализирани на неколку локации во пошироката средина на градинката. Активностите беа реализирани на неколку локации во пошироката средина на градинката.

ЕКОЛОШКИ АКТИВНОСТИ ВО ПРЕСРЕТ НА СВЕТСКИОТ ДЕН НА ПЛАНЕТАТА ЗЕМЈА

  • 18.04.2013
  • Број на прегледи: 507
  • 0 Коментари
ЕКОЛОШКИ АКТИВНОСТИ ВО ПРЕСРЕТ НА СВЕТСКИОТ ДЕН НА ПЛАНЕТАТА ЗЕМЈА
Во рамките на реализација на Акциониот план на активности од програмата „Интеграција на еколошка едукација во македонскиот образовен систем", како и во пресрет на Светскиот ден на планетата Земја - 22 април, во градинката „13 Ноември" се реализираа еколошки едукативни содржини. Најнапред децата од сите објекти во Театарот за деца и младинци ја проследија театарската претстава со еколошка содржина „Цветната улица". 

ДЕЦАТА ОД ГРАДИНКАТА „13 НОЕМВРИ“ ВО ЕДУКАТИВНА ПОСЕТА НА АЛКАЛОИД

  • 16.04.2013
  • Број на прегледи: 1302
  • 0 Коментари
ДЕЦАТА ОД ГРАДИНКАТА „13 НОЕМВРИ“ ВО ЕДУКАТИВНА ПОСЕТА НА АЛКАЛОИД
Децата од големите групи од објектот „Парк" при детската градинка „13 Ноември", беа во едукативна посета на Алкалоид. Посетата беше реализирана во рамките на проектот „Интеграција на еколошка едукација во македонскиот образовен систем" и реализација на мини проектот „Со билки се лечиме, болести да спречиме". Целта на оваа посета е децата да стекнат основни знаења за различни видови на лековити билки, нивната корисност и примена во секојдневниот живот. 

ДЕЦАТА ОД ГРАДИНКАТА „КОЧО РАЦИН“ ВО ПОСЕТА НА ЕУ ИНФО ЦЕНТАРОТ

  • 15.04.2013
  • Број на прегледи: 566
  • 0 Коментари
ДЕЦАТА ОД ГРАДИНКАТА „КОЧО РАЦИН“ ВО ПОСЕТА НА ЕУ ИНФО ЦЕНТАРОТ
Во рамките на предвидените содржини за реализација на активностите од проектот „Патување низ сказните на Андерсен", децата од групата „Пеперутки" и „Сончогледи" од Матичниот објект на градинката „Кочо Рацин" беа во посета на ЕУ Инфо центарот во Скопје. Тие имаа можност да следат интересни предавања за значењето на симболите, мотото и химната на ЕУ, кои беа адаптиртани за нивната возраст. 
12