mk-MKen-US
Општина
Центар

Новости

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ПРОЛЕТНА ДЕРАТИЗАЦИЈА

  • 31 март 2016
  • Број на прегледи: 380
  • 0 Коментари
ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ПРОЛЕТНА ДЕРАТИЗАЦИЈА
Општина Центар од понеделник, 4-ти април 2016-та, ќе започне со пролетна дератизација на јавните површини на целата нејзина територија.

Учениците од “Кочо Рацин“ и “Коле Неделковски“ во општина Центар

  • 31 март 2016
  • Број на прегледи: 675
  • 0 Коментари
Учениците од “Кочо Рацин“ и “Коле Неделковски“ во општина Центар
Учениците од 4-тите одделенија од основните училишта “Кочо Рацин“ и “Коле Неделковски“ беа во посета на општина Центар. Ова е во рамките на практичната настава по предметот Општество.

Архивата за примање документи за легализација во општина Центар ќе работи до 20:00 часот

  • 31 март 2016
  • Број на прегледи: 313
  • 0 Коментари
Архивата за примање документи за легализација во општина Центар ќе работи до 20:00 часот

Заинтересираните граѓани за легализација на бесправно изградени објекти ќе можат до 20:00 часот, во архивата на општина Центар да ги поднесат неопходните документи.

Поради интересот на жителите, општина Центар денеска, последниот ден од рокот за поднесување на документите, го продолжува работното време од 16:00 до 20:00 часот.

ИЗВЕСТУВАЊЕ

  • 31 март 2016
  • Број на прегледи: 399
  • 0 Коментари
ИЗВЕСТУВАЊЕ

Денеска завршува рокот за поднесување барање за утврдување правен статус на бесправен објект, и тоа за оние кои го испуштија рокот од 2011-та година.


ЈАВЕН ПОВИК за доставување иницијативи за изработка на урбанистички планови

  • 29 март 2016
  • Број на прегледи: 796
  • 0 Коментари
ЈАВЕН ПОВИК за доставување иницијативи за изработка на урбанистички планови

Јавниот повик се распишува согласно член 21 став (1) од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл. весник на РМ бр. 199/14, 44/15, 193/15 и 31/16), во првиот квартал од 2016 година.
Јавниот повик ќе трае од 29.03.2016г. до 27.04.2016г. - 30 дена, сметано од објавата во дневниот весник „Слободен печат“. 

Сандачиња за прва помош во училиштата во Центар

  • 29 март 2016
  • Број на прегледи: 514
  • 0 Коментари
Сандачиња за прва помош во училиштата во Центар
Општина Центар и општинската организација на “Црвен Крст“ од Центар го промовираа проектот “Помогни си себе си – помогни му на другиот“. Во основните училишта “Гоце Делчев“ и “11-ти Октомври“, на секои 2 училници се поставени сандачиња за прва помош, со комплетен санитетски материјал.

Жерновски: Зошто ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ со партиски договор го одложиле поставувањето на албанските споменици?

  • 28 март 2016
  • Број на прегледи: 503
  • 0 Коментари
Жерновски: Зошто ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ со партиски договор го одложиле поставувањето на албанските споменици?
Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, на прес конференција, како што рече, ја расчисти маглата и јавноста ја дозна вистината за трите споменици на албанските дејци кои, според договорот меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, требало да бидат поставени пред локалните избори во 2013-та година.

Реакција на изјавата на советничката група на ВМРО ДПМНЕ

  • 27 март 2016
  • Број на прегледи: 255
  • 0 Коментари
Реакција на изјавата на советничката група на ВМРО ДПМНЕ
Советниците на ВМРО ДПМНЕ на својата прес конференција го нападнаа градоначалникот Жерновски, дека не го потпишува документот за изградба на салата во ОУ „Кирил и Методиј“, за веднаш потоа, сами да се демантираат, велејќи дека не би биле зачудени ако градоначалникот веќе го има потпишано документот. Оваа конфузна прес конференција укажува на безидејноста на советничката група на ВМРО ДПМНЕ.

Атмосферска канализација и нов асфалт на ул. „Партизанска“

  • 27 март 2016
  • Број на прегледи: 295
  • 0 Коментари
Атмосферска канализација и нов асфалт на ул. „Партизанска“

Улица „Партизанска“, која се наоѓа зад Неуромедика, никогаш немала атмосферска канализација, а коловозот беше во исклучително лоша состојба.

Проблемите се зголемија и со изградбата на нови згради, кои не биле инфраструктурно покриени. И при најмалите дождови, водата се собираше во дупките.

1234