mk-MKen-US
Општина
Центар

Новости

Граѓаните се жалат на неподносливата миризба и узурпацијата на просторот од Гиро Беко

  • 31 март 2015
  • Број на прегледи: 439
  • 0 Коментари
Граѓаните се жалат на неподносливата миризба и узурпацијата на просторот од Гиро Беко

Граѓаните кои живеат во околината на полициската станица “Беко“ се жалат на неподносливата миризба и узурпацијата од страна на сендвичарата “Гиро Беко“.

Револтирани од ситуацијата се и припадниците на МВР од ПС “Беко“ и околните продавници и локали.

Инспекција на општина Центар, по пријавите изврши увид на состојбата и констатираше дека “Гиро Беко“ ги има затворено пасажите и поставено урбана опрема во и надвор од пасажот, без дозвола.

Жителите кај Автомакедонија со Жерновски: Ќе се бориме до крај

  • 31 март 2015
  • Број на прегледи: 481
  • 0 Коментари
Жителите кај Автомакедонија со Жерновски: Ќе се бориме до крај

Жителите на трите згради на улицата Мито Хаџивасилев Јасмин, бр. 20, 22 и 24, цврсто остануваат на ставот дека на просторот пред Автомакедонија не сакаат инвеститорот Никофон да гради барокна катна гаража.

Веќе две години трае битката со која само сакаат да не им се нарушува нормалното живеење.

Советниците во Центар одлучија: На 26-ти април референдум за ГТЦ

  • 30 март 2015
  • Број на прегледи: 558
  • 0 Коментари
Советниците во Центар одлучија: На 26-ти април референдум за ГТЦ

Со 12 гласа “За“ и 11 “Воздржани“, Советот на општина Центар на денешната седница ја донесе одлуката за распишување на референдум за задржување на автентичниот изглед на Градскиот Трговски Центар.

Советниците од коалицијата предводена од СДСМ гласаа за тоа на граѓаните на Центар да им се даде право самите да одлучат за изгледот на ГТЦ, додека советниците на коалицијата предводена од ВМРО – ДПМНЕ гласаа воздржано.

Центарци кај Автомакедонија ги канат Груевски и Јанакиески на средба

  • 29 март 2015
  • Број на прегледи: 355
  • 0 Коментари
Центарци кај Автомакедонија ги канат Груевски и Јанакиески на средба

Центарци, кои живеат на улица “Мите Хаџивасилев-Јасмин“ бр. 20, 22 и 24 ја продолжуваат битката за да не се гради катна гаража кај Автомакедонија.

За таа цел, ги канат утре, претседателот на Владата, Никола Груевски и министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, како одговорни и надлежни лица кои можат да ја спречат изградбата на барокна катна гаража, која граѓаните не ја сакаат.

Од денеска општина Центар го решава горливиот проблем на жителите од Тасино Чешмиче

  • 25 март 2015
  • Број на прегледи: 443
  • 0 Коментари
Од денеска општина Центар го решава горливиот проблем на жителите од Тасино Чешмиче

Денеска, општина Центар ја започна комплетната рекоснтрукција на улицата Новопроектирана 4.

Почнува изградбата на нова канализација по сите утврдени стандарди. Ќе се става ново улично осветлување и улицата, заедно со тротоарите, ќе биде целосно асфалтирана.

(ФОТО) Решен долгогодишен проблем на жителите кај Зелено пазарче

  • 20 март 2015
  • Број на прегледи: 446
  • 0 Коментари
(ФОТО) Решен долгогодишен проблем на жителите кај Зелено пазарче

Дологодишниот проблем на жителите кај Зелено пазарче конечно е решен.

Група граѓани се јавија во општина Центар укажувајќи дека на сервисна улица на бул. Кочо Рацин од која се шири непријатна миризба и постои опасност од пропаѓање на целата улица и која се наоѓа во непосредна близина.


На 26-ти април – референдум за задржување на изгледот на фасадата на ГТЦ

  • 18 март 2015
  • Број на прегледи: 1002
  • 0 Коментари
На 26-ти април – референдум за задржување на изгледот на фасадата на ГТЦ

“Дали сте за тоа да се задржи сегашниот изглед на фасадата на Градскиот трговски центар?“, ова е референдумското прашање на кое што со ЗА и ПРОТИВ треба да се изјаснат жителите на општина Центар, на 26-ти април.

Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, на денешната прес-конференција објави дека денеска до Советот на општина Центар поднел предлог-одлука за распишување на референдум на локално ниво.

Средба Таќи – Жерновски: Излезот е во ангажирањето на граѓаните

  • 17 март 2015
  • Број на прегледи: 522
  • 0 Коментари
Средба Таќи – Жерновски: Излезот е во ангажирањето на граѓаните

Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски денеска оствари средба со Леана Таќи, жителка на улицата Питу Гули, која се споменува во објавените снимки помеѓу премиерот Никола Груевски и министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески.

Леана Таќи вели дека во последната “бомба“ на лидерот на СДСМ, се зборува за нејзината најболна тема: нејзината куќа и ридот зад неа, каде што власта сака, како и сите други зелени површини и на тој плац да изгради зграда.

Жерновски до Бејли: Независен јавен обвинител – прв чекор за излез од кризата

  • 12 март 2015
  • Број на прегледи: 437
  • 0 Коментари
Жерновски до Бејли: Независен јавен обвинител – прв чекор за излез од кризата

Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, денеска оствари средба со новиот амбасадор на САД, Н.Е. Џес Бејли.

На едночасовната средба, која се одржа во кабинетот на Жерновски, договорен е натамошен контакт во интерес на двете држави. Заклучено е дека се неопходни чекори и од власта и од опозицијата за да се врати довербата во државата.

12