mk-MKen-US
Општина
Центар

Новости

ЖЕРНОВСКИ: ЌЕ ПОМОГНЕМЕ ЗА РЕКОНСТРУКЦИЈА ИЗГОРЕНИОТ СТАН

  • 28 март 2014
  • Број на прегледи: 350
  • 0 Коментари
ЖЕРНОВСКИ: ЌЕ ПОМОГНЕМЕ ЗА РЕКОНСТРУКЦИЈА ИЗГОРЕНИОТ СТАН
Градоначалникот на општина Центар денеска, веднаш по веста во централното градско подрачје избил голем пожар и целосно е уништен еден стан, со својата екипа излезе на лице место, пред зградата која гореше, на улица Вељко Влаховиќ.

Жерновски рече дека општина Центар ќе помогне во реконструкција на изгорениот стан.

На лице место на настанот ќе излезе комисија од општината за да ја утврди настаната штета.

ВИЛИЈАМ КОЛМАН КАЈ ЖЕРНОВСКИ

  • 28 март 2014
  • Број на прегледи: 901
  • 0 Коментари
ВИЛИЈАМ КОЛМАН КАЈ ЖЕРНОВСКИ
Градоначалникот на општина Центар денеска го прими Вилијам Колман, најновото засилување на КК Работнички. Колман кој пристигна вчера во СкопјеТ ќе биде нов центар на нашиот најтрофеен клуб и значаен дел од тимот пред почетокот на Супер лигата.
Колман е висок 206 см, тежок 113 кг игра на центарска позиција. Американецот досега настапувал за Мајами Дејд (САД), Кавала (Грција), Ле Ман (Франција) и Будуќност (Црна Гора).

ИЗГОРЕ СТАН ВО ЦЕНТАР, ЖЕРНОВСКИ ИЗЛЕЗЕ ВЕДНАШ НА ЛИЦЕ МЕСТО

  • 28 март 2014
  • Број на прегледи: 385
  • 0 Коментари
ИЗГОРЕ СТАН ВО ЦЕНТАР, ЖЕРНОВСКИ ИЗЛЕЗЕ ВЕДНАШ НА ЛИЦЕ МЕСТО
Пожар уништи стан на единаесетиот кат на кулата 28 спроти гимназијата Јосип Броз Тито во општина Центар.
Од против-пожарната единица соопштија дека нема повредени и не дозволиле огнот да се прошири на 10-от и 12-от кат. Во моментот кога избил пожарот во станот била само сопругата на сопственикот на станот.
Веднаш на лице место излезе и градоначалникот на општина Центар Андреј Жерновски.

ДЕЦАТА СО ДАУНОВ СИНДРОМ ГО ЗАЗЕЛЕНУВАА КАПИШТЕЦ

  • 26 март 2014
  • Број на прегледи: 410
  • 0 Коментари
ДЕЦАТА СО ДАУНОВ СИНДРОМ ГО ЗАЗЕЛЕНУВАА КАПИШТЕЦ
Децата со Даунов синдром денеска присуствуваа и помагаа во зазеленувањето на Капиштец. Градоначалникот на општина центар, Андреј Жерновски, на последната средба им вети, и денеска организираше, децата прво да се запознаат со новиот модерен вид на зазеленување на површините со готови ленти бусен. Тие со задоволство ги тркалаа лентите, и ја газеа тревата за да порасне побрзо.

ПО ЛАВИРИНТИТЕ ДО РЕШАВАЊЕ НА ПРОБЛЕМИТЕ-ОТВОРЕН ДЕН ВО ЦЕНТАР

  • 26 март 2014
  • Број на прегледи: 374
  • 0 Коментари
ПО ЛАВИРИНТИТЕ ДО РЕШАВАЊЕ НА ПРОБЛЕМИТЕ-ОТВОРЕН ДЕН ВО ЦЕНТАР
Транспарентно, и секогаш отворен за граѓаните, градоначалникот на општина Центар Андреј Жерновски, денеска ги ислуша проблемите на жителите на општината.
Средбата беше во рамките на „Отворениот ден со граѓаните", кој се организира секоја последна среда во месецот, пракса која ја воведе Жерновски откако ја презема функцијата градоначалник.

ЖЕРНОВСКИ: ПОЛИТИКАТА НАДВОР ОД ОБРАЗОВАНИЕТО

  • 25 март 2014
  • Број на прегледи: 380
  • 0 Коментари
ЖЕРНОВСКИ: ПОЛИТИКАТА НАДВОР ОД ОБРАЗОВАНИЕТО
Градоначалникот на општина Центар Андреј Жерновски не дозволува образованието да се инволвира во изборниот процес. До директорите на основните училишта и градинките, кои се на територија на општина Центар испрати известување, директорите, наставно-научниот кадар и техничкиот персонал да се воздржат од било какви партиски активности.

“Сакаме шарен, а не безбоен свет“

  • 25 март 2014
  • Број на прегледи: 414
  • 0 Коментари
“Сакаме шарен, а не безбоен свет“
Комисијата за еднакви можности на жените и мажите-КЕМ, при Советот на Општина Центар-Скопје и Секторот за образование на Општина Центар-Скопје, четврта година по ред ја организира манифестацијата "Сакамe шарен, а не безбоен свет”, проект со кој ќе бидат опфатени учениците и наставниците од сите седум училишта од територија на Општина Центар-Скопје.

СИТЕ ВО ИСТ СВЕТ ЖИВЕЕМЕ – ДЕЦАТА СО ДАУНОВ СИНДРОМ КАЈ ЖЕРНОВСКИ

  • 21 март 2014
  • Број на прегледи: 435
  • 0 Коментари
СИТЕ ВО ИСТ СВЕТ ЖИВЕЕМЕ – ДЕЦАТА СО ДАУНОВ СИНДРОМ КАЈ ЖЕРНОВСКИ
Денеска е светскиот ден на децата со Даунов синдром.
Мотото на многуте манифестации кои значат поддршка за овие лица "Сите во ист свет живееме".
Децата од здружението на граѓани за помош и поддршка на лица со Даунов синдром денеска беа во посета на општина Центар.
Се дружеа и разговараа со градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски.
Жерновски ги информираше што значи општина, како работи, како функционира.
Стефан, кому удобна му се виде градоначалничката фотелја, заедно со Коста и Кристијан ќе учествуваат на специјалната олимпијада во Белгија.

ОПШТИНА ЦЕНТАР ЌЕ ГИ ОТСТРАНУВА ВРЕМЕНИТЕ ОБЈЕКТИ

  • 19 март 2014
  • Број на прегледи: 356
  • 0 Коментари
Општина Центар од понеделник ќе спроведе акција за отстранување на времените објекти на нејзина територија.
Општина Центар ги повикува сите заинтересирани лица да достават комплетна документација во барака 6а – Сектор за инспекциски работи на општина Центар.
Потребна е да се достави дозвола за поставување на времениот објект и важност на дозволата, во спротивно секторот за инспекциски работи ќе изврши присилно отстранување на овие објекти, а трошоците ќе бидат наплатени од лицата кои што не ја исполниле оваа обврска.
123