mk-MKen-US
Општина
Центар

Новости

РАЗНОВИДНИ МАСКИ И НАСМЕАНИ ЛИЦА НА ДЕНОТ НА ШЕГАТА ВО ГРАДИНКАТА „13 НОЕМВРИ“

  • 31.03.2013
  • Број на прегледи: 379
  • 0 Коментари
РАЗНОВИДНИ МАСКИ И НАСМЕАНИ ЛИЦА НА ДЕНОТ НА ШЕГАТА ВО ГРАДИНКАТА „13 НОЕМВРИ“
По повод 1 април - Денот на шегата во сите објекти на градинката „13 Ноември" се организираа традиционални ревии на маски и приредби, на кои децата ги презентираа своите маски. На овој ден во градинката се кажуваа шеги и рецитали и се пееа шеговити песни. За првпат оваа година на покана и во соработка со Шпаркасе банка, децата од големите групи од објектот „Јасмин", се вклучија во организираниот настан „Априлијада со Медо Штедо" кој се случуваше во просториите на игротеката „Кидс ленд" во ТЦ Рамстор. 

СО МАСКИ ОД ОМИЛЕНИ ЛИКОВИ ДЕЦАТА ОД ГРАДИНКАТА „КОЧО РАЦИН“ ПРОДЕФИЛИРАА НА АПРИЛИЈАДА

  • 31.03.2013
  • Број на прегледи: 297
  • 0 Коментари
СО МАСКИ ОД ОМИЛЕНИ ЛИКОВИ ДЕЦАТА ОД ГРАДИНКАТА „КОЧО РАЦИН“ ПРОДЕФИЛИРАА НА АПРИЛИЈАДА
Денешниот ден, денот на шегата во сите четири објекти на градинката „Кочо Рацин", протече во духот на детската смеа и шега. Уште од утринските часови од сите страни на градинката, се соединуваше шаренило од маски и костими, со ликови омилени на децата. Сончевиот ден им овозможи на децата маскирани да продефилираат во дворот на градинката и придружени од весела музика, да играат и да создаваат соодветни движења адекватни за маската. На ова првоаприлско дефиле присуствуваа голем број родители, кои со задоволство ги следеа своите деца.

РЕАЛИЗИРАНИ АКТИВНОСТИ ПО ПОВОД МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА ФРАНКОФОНИЈАТА

  • 29.03.2013
  • Број на прегледи: 235
  • 0 Коментари
РЕАЛИЗИРАНИ АКТИВНОСТИ ПО ПОВОД МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА ФРАНКОФОНИЈАТА
По повод 20-ти март -   Меѓународниот ден на франкофонијата, во ОУ ,,Димитар Миладинов" се реализираа многубројни забавни и педагошки активности во текот на месец март. Учениците заедно со наставниците и родителите ја прославуваа „Франкофонската пролет" со размена на искуства меѓу самите наставници и ученици со подучување на јазични елементи во паралелките; низ прошетка во светот на музиката; со движења на музика до учење на францускиот јазик со цело тело; преку зборови до модна писта на креации; со подготвување на креативни изработки и учење преку знаци.

ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА СВЕТСКИОТ ДЕН ЗА ЗАШТИТА НА ВОДИТЕ И ДЕНОТ НА ПРОЛЕТТА

  • 26.03.2013
  • Број на прегледи: 283
  • 0 Коментари
ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА СВЕТСКИОТ ДЕН ЗА ЗАШТИТА НА ВОДИТЕ И ДЕНОТ НА ПРОЛЕТТА
Градинката „Кочо Рацин ’’ голем акцент дава на одбележувањето на датумите од еколошкиот календар кои имаат значење во едукацијата кај децата од нивна најмала возраст. По повод одбележувањето на „Денот на пролетта’’ во оваа градинка се организираше пролетно разубавување на дворот од градинката, и за таа цел со децата од 4-6 год. возраст се реализираше акцијата на тој начин што децата заедно со воспитувачите садеа садници со цвеќиња и дрва.

ОДБЕЛЕЖАН СВЕТСКИОТ ДЕН НА ВОДАТА

  • 26.03.2013
  • Број на прегледи: 277
  • 0 Коментари
ОДБЕЛЕЖАН СВЕТСКИОТ ДЕН НА ВОДАТА
Всадувањето и негувањето на љубовта кон природата, јакнењето на еколошката свест, како основни карактеристики во воспитувањето на децата во градинката во „Корчагин", продолжува. Во објектот „Пинокио" малите екологисти го прославија Светскиот ден на водата - 22 март со пригодна приредба, креативна работилница и ликовна изложба со кои што ги изразија своето интересирање и воодушевување кон природата. Низ игра, песни и драматизации децата искажаа почит кон природата. 

ВО ГРАДИНКА МЕ УЧАТ ДА ЗНАМ КАКО МОЖАМ ДА ПЕШАЧАМ САМ

  • 22.03.2013
  • Број на прегледи: 285
  • 0 Коментари
ВО ГРАДИНКА МЕ УЧАТ ДА ЗНАМ КАКО МОЖАМ ДА ПЕШАЧАМ САМ
Активностите од Проектот „Сообраќај" веќе неколку месеци се реализираат во градинката „Кочо Рацин". Поголем акцент на досегашните активности беше ставен на еден исклучително важен сегмент – Безбедноста во сообраќајот. Пред извесно време, дечињата присуствуваа на одбележување на нов пешачки премин кој се наоѓа во близина на нивниот објект, кога им беше објаснето неговото значење за пешаците.

СО ЕКОЛОШКИ АКТИВНОСТИ ДЕЦАТА ЈА ПРЕЧЕКАА ПРОЛЕТТА

  • 22.03.2013
  • Број на прегледи: 300
  • 0 Коментари
СО ЕКОЛОШКИ АКТИВНОСТИ ДЕЦАТА ЈА ПРЕЧЕКАА ПРОЛЕТТА
И оваа година во градинката „13 Ноември" беше одбележано пристигнувањето на пролетта со многубројни активности и акции. Најнапред децата во сите објекти на градинката имаа можност да проследат театарска претстава со еколошка содржина „Принцезата од шумата". Садењето на дрвца и цвеќиња, ликовните работилници на отворен простор и екохепенинзите веќе прераснаа во традиција. 

УЧЕСТВО ВО АКЦИЈАТА „КУПЕТЕ РОЗА, ЗА ДА КУПИМЕ РОЗИ“

  • 21.03.2013
  • Број на прегледи: 270
  • 0 Коментари
УЧЕСТВО ВО АКЦИЈАТА „КУПЕТЕ РОЗА, ЗА ДА КУПИМЕ РОЗИ“
Општина Центар се приклучи кон акцијата за засадување садници од бели рози под мотото „Купете роза, за да купиме рози". Следејќи ја иницијативата за прогласување на градот Скопје за град на белата роза, а по повод традиционалните „Денови на пролетта – Денови на екологијата", кон оваа акција се приклучија и децата од основните училишта од Општина Центар. Имено во училиштата, учениците организираа продажна изложба на креативни изработки: цветни аранжмани, цвеќиња, маски, оригами, цртежи, мозаици и други украси од хартија, салфетки, пластика и останати природни материјали. 

„КОЧО РАЦИН“ Е НОВИОТ ШАМПИОН ВО РАКОМЕТ

  • 19.03.2013
  • Број на прегледи: 262
  • 0 Коментари
„КОЧО РАЦИН“ Е НОВИОТ ШАМПИОН ВО РАКОМЕТ
На 15 март 2013 година во спортската сала на училиштето „11 Октомври" се одиграа финалните натпревари во рамки на училишниот турнир во ракомет, во категорија машки за учебната 2012/2013 година. Овој турнир по втор пат се одржа на општинско ниво и како и минатата година беше прифатен со големо задоволство и ентузијазам од страна на учениците кои зедоа учество. 
123