mk-MKen-US
Општина
Центар

Новости

Општина Центар ја реконструира и фасадата на улица „Владимир Полежановски“

  • 28 февруари 2016
  • Број на прегледи: 527
  • 0 Коментари
Општина Центар ја реконструира и фасадата на улица „Владимир Полежановски“
Општина Центар ја започна реконструкцијата на фасадата на зградата на улица "Владимир Полежановски" 19, со површина од 1 574 м2. Нова фасада ќе добие зградата која била изградена во педесеттите години од минатиот век и е меѓу првите колективни згради во Буњаковец, среде дотогаш доминантните приватни куќи со градини.

Општина Центар: Реновирана сала и прирачник за транспарентно работење

  • 25 февруари 2016
  • Број на прегледи: 738
  • 0 Коментари
Општина Центар: Реновирана сала и прирачник за транспарентно работење

Општина Центар и Центарот на заедницата ја отворија реновираната сала на Советот и го промовираа општинскиот прирачник за граѓаните.

“Реновираната сала е за потранспарентно работење на Советот и на општината и за зголемено учество на граѓаните во процесот на носење на одлуките“, рече градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски.

Центар се збратимува со Пекинг

  • 24 февруари 2016
  • Број на прегледи: 440
  • 0 Коментари
Центар се збратимува со Пекинг

Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, денеска ја прими неговата екселенција, Амбасадорот на Н.Р. Кина, Вен Женшун.

Утре, промоција на новата сала и oпштинскиот прирачник

  • 24 февруари 2016
  • Број на прегледи: 421
  • 0 Коментари
Утре, промоција на новата сала и oпштинскиот прирачник

Утре, 25.2.2016 (четврток), ќе биде отворена реновираната сала на Советот на општина Центар и ќе се промовира општинскиот прирачник за граѓани, со почеток 11 часот во салата на Советот на општина Центар, барака 6.

 

Свое обраќање по повод промоција на општинскиот прирачник и реновираната сала ќе имаат градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, и директорката на Фондација Отворено Општество на Македонија, Фани Каранфилова Пановска.

Општина Центар: Зградата на булевар „Илинден“ 83 ќе добие нова енергетска фасада

  • 22 февруари 2016
  • Број на прегледи: 469
  • 0 Коментари
Општина Центар: Зградата на булевар „Илинден“ 83 ќе добие нова енергетска фасада

Општина Центар, ја започна  реконструкцијата на фасадата на зградата  на булевар „Илинден“ бр. 83.

Оштетената фасада,  која не беше реконструирана речиси 60-тина години,  од која паѓаше малтерот и цели делови ќе добие нов лик , енергетска ефикасност и пониски сметки за струја.

Прославен патрониот празник на градинката “Р.Ј. Корчагин“

  • 18 февруари 2016
  • Број на прегледи: 718
  • 0 Коментари
Прославен патрониот празник на градинката “Р.Ј. Корчагин“
Денеска, градинката “Р.Ј. Корчагин“ го прослави патрониот празник. Децата пред присутните, меѓу кои беше и градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, изведоа пригодна програма.

Дневен ред за 54-та седница на Совет на општина Центар

  • 18 февруари 2016
  • Број на прегледи: 658
  • 0 Коментари
Дневен ред за 54-та седница на Совет на општина Центар

Дневен ред за 54-тата седница на Советот на општина Центар, закажана за 18.2.2016

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА СОБИРАЊЕ НА КАБАСТ ОТПАД

  • 15 февруари 2016
  • Број на прегледи: 668
  • 0 Коментари
ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА СОБИРАЊЕ НА КАБАСТ ОТПАД
Општина Центар ги известува граѓаните дека во деновите 19.2.2016 и 20.2.2016 (петок и сабота), ќе спроведе акција за собирање непотребен кабаст отпад. Граѓаните ќе можат во двата дена, до 11:00 часот да го остават отпадот на тротоарите пред објектите каде што живеат. Се замолуваат граѓаните да внимаваат да не се попречува нормалното движење на пешаците и на возилата.

Базенот во ОУ „ Димитар Миладинов“ повторно во употреба

  • 14 февруари 2016
  • Број на прегледи: 696
  • 0 Коментари
Базенот во ОУ „ Димитар Миладинов“ повторно во употреба
Децата во основното училиште „ Димитар Миладинов“ и нивните другарчиња ќе можат да пливаат во комплетно реконструираниот базен.
12