mk-MKen-US
Општина
Центар

Новости

Боемска блесна со сиот сјај

  • 28 февруари 2015
  • Број на прегледи: 1052
  • 0 Коментари
Боемска блесна со сиот сјај

Убавото време и прекрасната атмосфера измамија денеска многу центарци, но и граѓани од цело Скопје да дојдат и да го минат претпладнето, дружејќи се во кафеаните на Боемската улица.

Трите угостителски објекти беа преполни, а сопствениците не го криеја задоволството, бидејќи по комплетната реконструкција на улицата Ѓорѓи Пешков и делот на Михаил Цоков, посетеноста и заработувачката неколкукратно е зголемена.

Општина Центар ги исчисти гаражите кај полициската станица Беко

  • 28 февруари 2015
  • Број на прегледи: 596
  • 0 Коментари
Општина Центар ги исчисти гаражите кај полициската станица Беко

Педесеттина лица вработени во општина Центар од утринава започнаа со чистење на трите гаражи во делот кај ПС Беко.

Овие гаражи со години беа огромен проблем на станарите, а за што на синоќешната средба му се пожалија на градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски.

Центарци од Градски Ѕид до Жерновски: Сакаме парк и зеленило како оние во Капиштец

  • 28 февруари 2015
  • Број на прегледи: 572
  • 0 Коментари
Центарци од Градски Ѕид до Жерновски: Сакаме парк и зеленило како оние во Капиштец

Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, синоќа имаше средба со жителите на зградите околу полициската станица Беко.

Горлив проблем се гаражите во кои протекува вода, има насобрано ѓубре и смет и се можен извор на разни заразни болести.


Жерновски на средба со станарите од Градски Ѕид

  • 27 февруари 2015
  • Број на прегледи: 474
  • 0 Коментари
Жерновски на средба со станарите од Градски Ѕид

Отворено за сите проблеми синоќа разговараа жителите на Градски Ѕид, кај поранешна Македонска Банка, Клуб на Новинари и околните згради.

Жителите се интересираа кога нивните објекти ќе бидат фасадирани.

Одбележан Денот на ООУ „Гоце Делчев“

  • 26 февруари 2015
  • Број на прегледи: 467
  • 0 Коментари
Одбележан Денот на ООУ „Гоце Делчев“

Основното општинско училиште „Гоце Делчев“, Центар го одбележа Денот на училиштето. Под мотото

„Пееме за нашето училиште“, беше мотото на заедничкото дружење и забава.

На прославата присуствуваше и градоначалникот Андреј Жерновски.


-20% на цените во кафеаните во Дебар Маало

  • 26 февруари 2015
  • Број на прегледи: 667
  • 0 Коментари
-20% на цените во кафеаните во Дебар Маало

Секој понеделник, почнувајќи од 2-ри март, во 13 кафеани во Дебар Маало, сите граѓани ќе имаат попуст на целото мени од 20%.

Ова го договорија сопствениците на угостителските објекти и градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, со што им се излезе во пресрет на барањата на граѓаните.

На Боемска се славеше 9-от пехар во Купот на Работнички

  • 26 февруари 2015
  • Број на прегледи: 580
  • 0 Коментари
На Боемска се славеше 9-от пехар во Купот на Работнички
Пехарот за освоениот Куп во кошарка пристигна на Боемска улица. Вљубениците во кошарката и во најттрофејниот клуб „Работнички“, кошаркарите, навивачката група „City Park Boys“, градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски и управата на клубот, вчера го прославија 9-от освоен Куп во кошарка.

ИЗВЕСТУВАЊЕ

  • 23 февруари 2015
  • Број на прегледи: 1336
  • 1 Коментари
ИЗВЕСТУВАЊЕ

Општина Центар – Скопје ќе ги  превземе сите законски мерки против правните и физички лица сопственици на гаражи,посебни делови од објекти,станови или дел од станови кои без одобрение извршиле пренамена на истите.

Во гаражи во Центар храна и глувци

  • 23 февруари 2015
  • Број на прегледи: 458
  • 0 Коментари
Во гаражи во Центар храна и глувци
Глувци, лебарки, смрад. Жителите во зградите на Градски ѕид кај Зелено пазарче се жалат дека нивните подземни гаражи се претворени во складови, каде пазарџиите ја чуваат стоката за продажба. Ова е долгогодишен проблем, тука се складира, во несоодветни услови овошје, бадеми, ореви, а како што велат станарите се пржат и тулумби.
123