mk-MKen-US
Општина
Центар

Новости

ЖЕРНОВСКИ НАЈАВИ ПРОЛЕТНА ГРАДЕЖНА ОФАНЗИВА

  • 26 февруари 2014
  • Број на прегледи: 229
  • 0 Коментари
ЖЕРНОВСКИ НАЈАВИ ПРОЛЕТНА ГРАДЕЖНА ОФАНЗИВА
Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски најави работа на 10 позиции во општината и како што рече – Пролетна градежна офанзива.

"Одиме со капитален објект за општината. Она што не успеа некој за 13 години, ние го направивме за 9 месеци. Веќе се сели персоналот и ќе започне изградбата на новата градинка во Капиштец. Објект со кој особено се гордееме", изјави Жерновски. Општина Центар ќе го реконструира и целиот парк во Капиштец, со нова урбана опрема и зеленило и ќе се реконструираат детските игралишта.

ОПШТИНА ЦЕНТАР ЈА ПОДРЖА ЈУБИЛЕЈНАТА МАЏИРМААЛСКА СРЕДБА

  • 25 февруари 2014
  • Број на прегледи: 310
  • 0 Коментари
ОПШТИНА ЦЕНТАР ЈА ПОДРЖА ЈУБИЛЕЈНАТА МАЏИРМААЛСКА СРЕДБА
На годинешнава јубилејна средба се собраа голем број маџирмаалци од сите генерации.
Изминатиов викенд, во рамки на 30–тите Маџирмаалски средби, се одржаа натпреварувачките активности во мал фудбал и фанта, во спортскиот центар на Кејот на Вардар што го има изградено Општина Центар. 

ПРОЛЕТ И МАЏИР МААЛО – НИКОГАШ ПОЧИСТИ

  • 21 февруари 2014
  • Број на прегледи: 240
  • 0 Коментари
ПРОЛЕТ И МАЏИР МААЛО – НИКОГАШ ПОЧИСТИ
Искосено зеленило, без диви депонии, без ѓубре, чисти улици и тротоари. Вака денеска изгледаат населбите Пролет и Маџир Маало.
Општина Центар изврши комплетно чистење на овие места, комплетно е среден и делот на кејот на реката Вардар, под ингеренции на општина Центар.
Доколку денеска прошетате во овие две населени места ќе видите голема разлика од состојбата во претходниот период, што може да се види и од фотографиите.

ПО ТРИЕСЕТ ГОДИНИ, ТРУДОВИТЕ ИНВАЛИДИ ОД ЦЕНТАР ДОБИЈА СВОЕ КАТЧЕ

  • 21 февруари 2014
  • Број на прегледи: 294
  • 0 Коментари
ПО ТРИЕСЕТ ГОДИНИ, ТРУДОВИТЕ ИНВАЛИДИ ОД ЦЕНТАР ДОБИЈА СВОЕ КАТЧЕ
Трудовите инвалиди од општина Центар по триесеттина години добија свое катче каде што можат да се собираат, дружат и да ги решаваат секојдневните проблеми.
Оваа категорија на граѓани, со живеалиште во општина Центар, до сега беа сместени во објектот кој беше приватен и за кој општината плаќаше кирија. Освен тоа, во овој простор немаа никакви услови.

ЖЕРНОВСКИ: НЕ Е “ВЕРИТАС“, ТУКУ ВМРО – ДПМНЕ ОРГАНИЗАТОР НА ПРОТЕСТИТЕ ВО ЦЕНТАР

  • 19 февруари 2014
  • Број на прегледи: 190
  • 0 Коментари
ЖЕРНОВСКИ: НЕ Е “ВЕРИТАС“, ТУКУ ВМРО – ДПМНЕ ОРГАНИЗАТОР НА ПРОТЕСТИТЕ ВО ЦЕНТАР
Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, вчера на советничките прашања на Советот на општина Центар покажа записник од седница на ОК Центар на ВМРО – ДПМНЕ на која се договараат детали и се повикува на масовно присуство на протестот пред општина Центар во јуни, минатата година.
Ова, посочи Жерновски, јасно покажува дека ВМРО – ДПМНЕ е организатор на протестите. ВМРО – ДПМНЕ најавија тужба за клевета.

ЖЕРНОВСКИ: ИЗМЕНИТЕ ВО ЗАКОНОТ ЗА ГРАДЕЊЕ СЕ НЕУСТАВНИ

  • 19.02.2014
  • Број на прегледи: 283
  • 0 Коментари
ЖЕРНОВСКИ: ИЗМЕНИТЕ ВО ЗАКОНОТ ЗА ГРАДЕЊЕ СЕ НЕУСТАВНИ
Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски денеска до Уставен Суд на РМ ја достави иницијативата поднесена од општината за преиспитување на два члена од измените на Законот за градење. "Како градоначалник, моја должност е да ја почитувам волјата на оние кои ме избрале, но пред се’, да го почитувам Уставот на РМ и затоа ја поднесувам оваа иницијатива пред Уставниот Суд. Измените се донесени со единствена цел – на општина Центар да и се одземе надлежноста за издавање на одобренија за градење, надградба и реконструкција на објекти, што досега беше во нејзина надлежност, а сега се пренесува на Град Скопје", вели Жерновски

ЖЕРНОВСКИ ОБЗНАНИ КОЈ СТОИ ЗАД НАВОДНИТЕ “СПОНТАНИ“ ПРОТЕСТИ ПРЕД ОПШТИНА ЦЕНТАР

  • 18.02.2014
  • Број на прегледи: 395
  • 0 Коментари
И по 8 месеци надлежните органи немаат расчистено и јавно соопштено кој стои и кој ги организираше наводните протести за "одбрана на верата и црквата" во месец јуни.
Советникот од СДСМ, Игор Алаџајков на денешната седница посветена на советничките прашања го праша градоначалникот Жерновски дали има некакви информации што се случува со поднесената кривична пријава од негова страна, кој го организираше демолирањето на општината, кога во прашање беше доведена безбедноста на градончалникот, советниците, медиумите и општинската администрација.
Жерновски покажа записник од 26тата седница од Општинскиот Комитет на ВМРО – ДПМНЕ, одржана на 5ти јуни 2013та година.

ЖИТЕЛИТЕ НА ЦЕНТАР НЕ ДОЗВОЛУВААТ ИЗГРАДБА НА КАТНА ГАРАЖА КАЈ АВТО-МАКЕДОНИЈА

  • 18.02.2014
  • Број на прегледи: 260
  • 0 Коментари
ЖИТЕЛИТЕ НА ЦЕНТАР НЕ ДОЗВОЛУВААТ ИЗГРАДБА НА КАТНА ГАРАЖА КАЈ АВТО-МАКЕДОНИЈА
Жителите на Центар, синоќа на отворено имаа средба со градоначалникот на општината Андреј Жерновски и со неговите соработници .
На средбата, организирана од градоначалникот, јасно и единствено го искажаа својот став дека не сакаат и нема да дозволат на просторот кај Авто-Македонија да се изгради катна гаража.
Се сомневаат дека 29-метарското здание со 8 спрата и приземје ќе биде пренаменето во хотел.

ОПШТИНА ЦЕНТАР ДО МИНСТЕРСТВО ЗА ТРАНСПОРТ И ВРСКИ ПОДНЕСЕ БАРАЊЕ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ НА ГРАДЖНОТО ЗЕМЈИШТЕ

  • 17.02.2014
  • Број на прегледи: 313
  • 0 Коментари
Општина Центар ја известува јавноста дека на ден 17.02.2013г., согласно член 89 од Законот за градежно земјиште, поднесе барање до

Министерството за транспорт и врски за преземање на правото за вршење на работите за располагање со градежното земјиште во сопственост на

Република Македонија, за територијата на општина Центар-Скопје.
Кон барањето ја приложи целокупната документација пропишана со Законот за градежно земјиште.
123