mk-MKen-US
Општина
Центар

Новости

Граѓани на општина Центар: По долги години, ние сме свои на своето

  • 30 декември 2015
  • Број на прегледи: 500
  • 0 Коментари
Граѓани на општина Центар:  По долги години, ние сме свои на своето
Пред новогодишните празници, градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, додели решенија за легализација или за утврдување на правен статус на бесправен објект. До сега,  2.900 граѓани на општина Центар го решија своето станбено прашање. Од мај 2013 година до денес,  со доаѓањето на новото општинско раководство, легализирани се 2176 објекти, а од март 2011 до мај 2013 година, вкупно 726.

Жерновски во посета на Детската клиника и Дневниот центар за лица со церебрална парализа

  • 29 декември 2015
  • Број на прегледи: 373
  • 0 Коментари
Жерновски во посета на Детската клиника и Дневниот центар за лица со церебрална парализа

Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, традицинонално, како и секоја година, беше во посета на децата сместени во Детската клиника и во Дневниот центар за лица со церебрална парализа.

Насмевки и радост на лицата за новогодишните пакетчиња и искрени желби за добро здравје и среќа во новата 2016-та година.


Поради загадениот воздух, откажана утрешната детска програма на “Сквер Јадран“

  • 29 декември 2015
  • Број на прегледи: 419
  • 0 Коментари
Поради загадениот воздух, откажана утрешната детска програма на “Сквер Јадран“
Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, штитејќи го здравјето на најмладите, ја откажува утрешната детска претстава и детска програма, која што требаше да се одржи утре, 30.12.2015, во 12:00 часот, во рамките на новогодишната манифестација “Град во градот 3“.

Дневен ред за 52-ра седница на Советот на општина Центар

  • 28 декември 2015
  • Број на прегледи: 485
  • 0 Коментари
Дневен ред за 52-ра седница на Советот на општина Центар

Дневен ред на 52-рата седница на Советот на општина Центар, закажана за 29.12.2015.

Жерновски на предновогодишна средба со пензионерите од Центар

  • 28 декември 2015
  • Број на прегледи: 363
  • 0 Коментари
Жерновски на предновогодишна средба со пензионерите од Центар

Смеа, весели лица, убава музика и другарување, денеска, градоначалникот на општина Центар организираше предновогодишна средба со пензионерите од општината.

Претседателот на Здружението на пензионерите на Центар, Павле Саздовски, рече дека ова е прв пат еден градоначалник да им приреди вакво новогодишно дружење на пензионерите.

Жерновски во посета на Домот за стари лица “Мајка Тереза“

  • 28 декември 2015
  • Број на прегледи: 323
  • 0 Коментари
Жерновски во посета на Домот за стари лица “Мајка Тереза“

Градоначалникот, општина Центар, Андреј Жерновски и годинава ги посети сограѓаните сместени во Домот за стари лица “Мајка Тереза“.

“Вие сте оние кои што сите ние треба да ги чуваме и да се грижиме за Вас, бидејќи ако не бевте Вие, нема да го имате сето она што го имаме и немаше да бидеме она што сме. Ви посакувам многу среќа и да се видиме во ист број и наредната година“, рече Жерновски.

Општина Центар: Кафе-бар “Чао“ казнет за бучава

  • 28 декември 2015
  • Број на прегледи: 263
  • 0 Коментари
Општина Центар: Кафе-бар “Чао“ казнет за бучава

Општина Центар, по барање на граѓаните, континуирано ја проверува бучавата од кафе-баровите и кафеаните, кои се наоѓаат на нејзина територија.

Инспекциските служби извршија редовен надзор и констатираа дека максимално дозволеното ниво на бучава од 45 децибели, по 23 часот, за двојно го надмина кафе-барот “Чао“.

Денеска се сечеа бадниковите гранчиња

  • 27 декември 2015
  • Број на прегледи: 335
  • 0 Коментари
Денеска се сечеа бадниковите гранчиња

Денеска, традиционално, по 24-ти пат, во месноста Говрлева Краста, на јужните падини на Водно, се сечеа бадникови гранчиња.

Први го започнаа симболичното сечење на бадниковите гранчиња годинешниот кум, Илија Малинковски, здравичарот Драган Мијалковски, претставник на Град Скопје и градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски.

Пакетчиња од Жерновски за децата со Даунов синдром

  • 27 декември 2015
  • Број на прегледи: 309
  • 0 Коментари
Пакетчиња од Жерновски за децата со Даунов синдром

Новогодишните и божиќните празници се секогаш повод за средби и дружење со стари познаници, време кога ја испраќаме старата и со многу надеж ја дочекуваме Новата година.

Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, традиционално, пред Нова Година, ги посети и се дружеше со децата од Центарот за деца со Даунов синдром.

12345