mk-MKen-US
Општина
Центар

Новости

ДО РАНИТЕ УТРИНСКИТЕ ЧАСОВИ СЕ ЧИСТЕА УЛИЦИТЕ И ТРОТОАРИТЕ ВО ЦЕНТАР

  • 31 декември 2014
  • Број на прегледи: 428
  • 0 Коментари
ДО РАНИТЕ УТРИНСКИТЕ ЧАСОВИ СЕ ЧИСТЕА УЛИЦИТЕ И ТРОТОАРИТЕ ВО ЦЕНТАР
Зимската служба на општина Центар, во раните утрински часови ги расчистуваше улиците и тротоарите кои што се во нејзина надлежност.
Снегот се чистеше со три зимски возила, а фрлени се и 25 тони сол.
Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски цела ноќ беше со службите и надгледуваше како се одвива отстранувањето на снегот.
И утринава зимските служби ја продолжија работата.
Градоначалнкот на општина Центар подели новогодишни пакетчиња за децата на оние вработени кои ја одржуваат хигиената во Центар.

ФОТО: ИГОР, ТАМАРА, АРЕА И ОГНОМЕТОТ ЗА ПОЧЕТОК НА “ГРАД ВО ГРАДОТ 2“

  • 31 декември 2014
  • Број на прегледи: 420
  • 0 Коментари
"Време ќе помине, време за плачење", пееше синоќа на Сквер Јадран, Игор Џамбазов посакувајќи им на центарци и на сите граѓани кои дојдоа и покрај студеното време, она што е лошо да остане зад нас.
Во стил на вистински шоумен, ги забавуваше присутните, разговараше со градоначалникот Ана Центар, Андреј Жерновски, пеејќи праша "каква е оваа ситуација?", а пееше и за Скопје, Сарај и Матка. Заедно со Тамара Тодевска, прегрнати, го испеаја нејзиниот голем хит "Гушни ме", а Тамара ја запали атмосферата со нејзината "Тажна љубов, среќна песна".
Оние што ја сакаат музиката на Ареа, уживаа во нивниот настап. 
Спектаклот го надополни и прекрасниот огномет.
Манифестацијата "Град во Градот 2" ја организира општина Центар, а вечерва се најавува луда журка со Д.Н.К., С.А.Р.С. и легендарните Ван Гог.

ОТВОРЕН “ГРАД ВО ГРАДОТ 2“

  • 30 декември 2014
  • Број на прегледи: 1095
  • 0 Коментари
ОТВОРЕН “ГРАД ВО ГРАДОТ 2“
Со детската програма започна новогодишната манифестација "Град во Градот 2", организирана од општина Центар. На сквер Јадран децата од градинките во Центар изведоа пригодна претстава и испеаја новогодишни песнички. "Манифестацијата "Град во Градот 2" ја отворате Вие, најмладите жители на општина Центар. Ви посакувам уште повеќе среќа во новата 2015-та година, во која ќе се дружиме и ќе другаруваме уште повеќе", рече градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, отворајќи го настанот. Вечерва граѓаните ќе ги забавуваат Ареа, Игор Џамбазов и Тамара Тодевска, а луда журка ветуваат за дочекот на новогодишната ноќ – ДНК, С.А.Р.С.

ДЕКЕМВРИСКИ ОТВОРЕН ДЕН ВО ОПШТИНА ЦЕНТАР

  • 30 декември 2014
  • Број на прегледи: 409
  • 0 Коментари
ДЕКЕМВРИСКИ ОТВОРЕН ДЕН ВО ОПШТИНА ЦЕНТАР
Денеска, на последниот отворен ден со граѓаните во 2014-та година, градоначалникот Андреј Жерновски со своите соработници ги сослуша проблемите и идеите на жителите на општина Центар.
Центарци бараат решавање на состојбите со ДУП-овите, легализацијата, паркирањето. Бараат поставување на нови клупи и зеленило, иако велат, општината направи многу на овој план.
Се бараа решенија и за паркинзите и нови сообраќајни решенија за поголема безбедност.
Граѓаните повторно ги доставуваат своите барања за реализација на уредување градежно земјиште според ДУП-от, за кој претходното раководство, од 2010-та година не го решавале.
Дел од проблемите се решаваа веднаш, се закажуваа средби со раководните лица и надлежните служби од општина Центар веднаш добија задача да излезат на лице место.

ЖЕРНОВСКИ СО ПРИГОДНИ ПОДАРОЦИ ЗА СТАРИТЕ ЛИЦА ОД “МАЈКА ТЕРЕЗА“

  • 30 декември 2014
  • Број на прегледи: 428
  • 0 Коментари
ЖЕРНОВСКИ СО ПРИГОДНИ ПОДАРОЦИ ЗА СТАРИТЕ ЛИЦА ОД “МАЈКА ТЕРЕЗА“
Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски им го разубаве денот на 87 лица сместени во Одделот "Мајка Тереза", кој што е во состав на геронтолошкиот завод "13-ти ноември" во Скопје. Од општина Центар тие добија пригодни подароци и божиќни корпи, а децата од градинката 13-ти ноември, кои што настапија со своја програма – пригодни пакетчиња. Жерновски им посака добро здравје, убаво дружење и посреќна нова 2015-та година. Догодина, рече тој, да се видиме повторно, позадоволни и посреќни.

С.А.Р.С. ВЕТУВА ЛУДА НОВОГОДИШНА ЖУРКА ВО ЦЕНТАР

  • 29 декември 2014
  • Број на прегледи: 407
  • 0 Коментари
Една од најпознатите белградски поп групи, С.А.Р.С., ќе биде дел од новогодишната манифестација "Град во Градот 2", која ја организира општина Центар на скверот Јадран.
Сите оние кои се вљубеници во музиката на С.А.Р.С. и сите оние кои сакаат луда журка, општина Центар ги кани на новогодишно дружење.
Во продолжение - видео пораката од С.А.Р.С.:

ОПШТИНА ЦЕНТАР: ИСЧИСТЕНИ И УЛИЦИТЕ И ТРОТОАРИТЕ

  • 29 декември 2014
  • Број на прегледи: 420
  • 0 Коментари
ОПШТИНА ЦЕНТАР: ИСЧИСТЕНИ И УЛИЦИТЕ И ТРОТОАРИТЕ
Зимската служба на општина Центар веднаш откако почна да паѓа снег, излезе на терен и непрекинато ги чистеше улиците кои се под надлежност на општината, вчера од 13:30 до 03:30 утринава.Фрлени се 46 тони сол, а улиците ги чистеа три зимски возила.Надлежните не дозволија во ниту еден момент да има застој или проблеми со сообраќајот на овие улици.Утрово, вработените излегоа и ги чистат тротоарите на центарските улици. Службата е подготвена и има доволно сол доколку има нови и поголеми врнежи од снег.

ФОТО: ЗИМСКАТА СЛУЖБА НА ОПШТИНА ЦЕНТАР ГИ ЧИСТИ УЛИЦИТЕ

  • 28 декември 2014
  • Број на прегледи: 358
  • 0 Коментари
ФОТО: ЗИМСКАТА СЛУЖБА НА ОПШТИНА ЦЕНТАР ГИ ЧИСТИ УЛИЦИТЕ
Зимската служба  на општина Центар, цело време е на терен и ги чисти улиците кои се под нејзина  надлежност и тротоарите.
Непрестано се работи  со три зимски возила и едно помошно со сол.
Досега се фрлени 20 тони сол, и како што  велат надлежните ниту на една улица, па ниту оние на Водно, нема застој во сообраќајот.
Службите ќе  дежураат во текот на целата ноќ.

(ВИДЕО)ВАН ГОГ: СКВЕР ЈАДРАН Е МЕСТОТО ЗА НАЈЛУДАТА ЖУРКА

  • 28 декември 2014
  • Број на прегледи: 437
  • 0 Коментари
Општина Центар, најавува спектакуларна и урбана новогодишна прослава „Град во Градот".Манифестацијата која ќе се одвива на локацијата на сквер „Јадран" во Скопје ќе биде официјално отворена на 30. декември со децата од градинките во општина Центар и големата предновогодишна прослава со целовечерни концерти на најдоброто од Македонија. Оваа вечер граѓаните ќе имаат прилика да уживаат во специјално уредениот простор во срцето на градот, да се забавуваат и да ги проследат настапите на ѕвездите на македонската музичка сцена, меѓу кои и поп-рок групата „Ареа".
123