mk-MKen-US
Општина
Центар

Новости

БЕНИ ПЕЕШЕ ОД СРЦЕ ЗА СИТЕ НА СКВЕР ЈАДРАН

  • 30.12.2013
  • Број на прегледи: 393
  • 0 Коментари
БЕНИ ПЕЕШЕ ОД СРЦЕ ЗА СИТЕ НА СКВЕР ЈАДРАН
„Биди ми брат биди ми пријател", пееше синоќа Бени на Сквер Јадран. Многу пријатели, центарци и оние кои сакаат убава дружба и забава беа дел од вториот ден на манифестацијата „Град во градот".
„Високи штикли и црни чорапи", „Сјај", „ Неправда", „ Нена", „Пушти коси", Бени ги пееше своите познати хитови, но и своите нови песни.
Денеска продолжува „Град во градот", манифестацијата која ја организира општина Центар.

БОГДАНОВИЌ: ЗА САМО СЕДУМ МЕСЕЦИ РАСЧИСТЕНИ СЕ СТАРИТЕ ДОЛГОВИ НА ЈП ПОЦ

  • 29.12.2013
  • Број на прегледи: 309
  • 0 Коментари
Директорот на ЈП ПОЦ, Саша Богдановиќ на прес конференција даде отчет на оперативното и финансикото работење за изминатиот период од седум месеци.
Јавното претпријатие, рече, на 17 ти мај 2013 година, кога стапил на должност, го затекнал со обврски према разни добавувачи и партнери.
Во изминативе седум месеци, посочи, успеавме да ги намалиме обврските према добавувачите од 9 милиони и да останеме само со тековни обврски кои ги подмируваме редовно.

“БЛАГОДАРЕНИЕ“ НА ВЛАСТА, 45 ВРАБОТЕНИ ВО ЦЕНТАР ОД 1ВИ ЈАНУАРИ ОСТАВЕНИ НА УЛИЦА!

  • 29.12.2013
  • Број на прегледи: 291
  • 0 Коментари
Притисоците на власта врз општина Центар продолжуваат.
Како што рече на прес конференција градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, притисоците не се намалени, но се пософистицирани.
И на втората агенција преку која одеа привремените вработувања во општина Центар и’ е одземена лиценцата за работа.
"Благодарение на власта 45 вработени на 1ви јануари остануваат на улица. Меѓу нив се во главно ново вработените, но има и такви кои веќе беа вработени пред смената на општинската власт. Се’ е со цел да се блокира работата на општината", рече Жерновски.
Притисокот продолжува и врз агенциите кои се јавија и на новиот тендер распишан од општината.

ЗА САМО ОСУМ МЕСЕЦИ ПОДМИРЕНИ ДВЕ ТРЕТИНИ ОД ДОЛГОВИТЕ ОД ПРЕТХОДНОТО РАКОВОДСТВО ВО ЦЕНТАР

  • 29.12.2013
  • Број на прегледи: 351
  • 0 Коментари

На истекот на 2013-та година, градоначалникот на општина Центар направи резиме на она што е сработено.

„Кога ја преземав функцијата, на 25 април годинава, се соочив со огромни долгови по веќе склучени договори. Она на што макотрпно се работеше е санација на општинската каса, и тоа даде резултат. Во овој период од осум месеци драстично се намалени обврските на општината по основ на веќе склучени договори од страна на претходната власт за дури 63,3 %. Значи за само осум месеци подмирени две третини од долговите што ги остави претходното општинско раководство", рече Жерновски.

ЖЕРНОВСКИ ДО ДЕЦАТА: НИЕ ВАМ ПАКЕТЧИЊА, ВИЕ НАС – ИСКРЕНА РАДОСТ

  • 27.12.2013
  • Број на прегледи: 301
  • 0 Коментари
ЖЕРНОВСКИ ДО ДЕЦАТА: НИЕ ВАМ ПАКЕТЧИЊА, ВИЕ НАС – ИСКРЕНА РАДОСТ

Градоначалникот на општина Центар во пресрет на новогодишните празници ги посети штитеницете во Центарот за деца заболени од церебрална парализа.По повод новогодишните празници Жерновски им подели новогодишни пакетчиња."Ние Вам Ви донесовме пакетчиња со чоколади и бонбони, Вие нам ни подаривте насмевка и искрена љубов", им порача Жерновски на децата.Денеска градоначалникот и дел од советниците поделија пакетчиња на околу 300 од најмладите жители на скопската населба Кале.

ОТВОРЕН ДЕН ЗА ГРАЃАНИТЕ ВО ОПШТИНА ЦЕНТАР

  • 25.12.2013
  • Број на прегледи: 426
  • 0 Коментари
ОТВОРЕН ДЕН ЗА ГРАЃАНИТЕ ВО ОПШТИНА ЦЕНТАР
Последната среда во месецот, резервирана за средба на градоначалникот на општина Центар и општинската администрација со граѓаните.
Легализацијата, комуналното уредување, инфраструктурното уредување, хигиената на улиците и пред објектите и бучавата и овој пат беа дел од проблемите на кои се пожалија граѓаните.
Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски даде задача на раководителите на секторите, во најбрз можен рок да се работи на решавање на барањата на граѓаните.

НОВОГОДИШНИ ПОДАРОЦИ ОД ЖЕРНОВСКИ ЗА ДЕЦАТА ОД ДЕТСКАТА КЛИНИКА И ОД ЦЕНТАРОТ ЗА ДЕЦА СО ДАУНОВ СИНДРОМ

  • 25.12.2013
  • Број на прегледи: 257
  • 0 Коментари
НОВОГОДИШНИ ПОДАРОЦИ ОД ЖЕРНОВСКИ ЗА ДЕЦАТА ОД ДЕТСКАТА КЛИНИКА И ОД ЦЕНТАРОТ ЗА ДЕЦА СО ДАУНОВ СИНДРОМ
Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски по повод претстојните новогодишни празници им подели пакетчиња и пригодни подароци на децата на Детската клиника и на децата со Даунов синдром.
"Ова не треба да го правиме само за празници и посебни поводи. Децата треба да бидат во центарот на нашето внимание сите 365 дена во годината", изјави Жерновски.
Градоначалникот на општина Центар, на средба со директорката на Детската клиника, Д-р Софијанова.

ДОДЕЛЕНИ НОВИ 50 РЕШЕНИЈА ЗА ЛЕГАЛИЗАЦИЈА ВО ЦЕНТАР

  • 23.12.2013
  • Број на прегледи: 398
  • 0 Коментари
ДОДЕЛЕНИ НОВИ 50 РЕШЕНИЈА ЗА ЛЕГАЛИЗАЦИЈА ВО ЦЕНТАР
Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски денеска додели нови 50 решенија за легализација на градби на територија на општина Центар.
Ветувањето, рече Жерновски, дека ќе работиме на тоа да бидат доделувани и по 100 решенија месечно го реализиравме.
Од месец октомври 2011та до месец мај 2013та, само 602 граѓани успеаа да ги легализираат објектите.

ПРЉАВО КАЗАЛИШТЕ, БЕНИ И НОКАУТ ВО ЦЕНТАР, НА СКВЕР ЈАДРАН ЗА НОВОГОДИШНИТЕ ПРАЗНИЦИ

  • 20.12.2013
  • Број на прегледи: 333
  • 0 Коментари
ПРЉАВО КАЗАЛИШТЕ, БЕНИ И НОКАУТ ВО ЦЕНТАР, НА СКВЕР ЈАДРАН ЗА НОВОГОДИШНИТЕ ПРАЗНИЦИ
Од 28 до 31 декември општината им нуди на граѓаните убава атмосфера и дружење со музика, топло вино.
Манифестацијата ќе ја отвори точно на пладне на 28 декември, Драган Б. Костиќ. Вечерта е резервирана за Нокаут.
На 29 во недела децата од градинките кои припаѓаат на општина Центар, ќе ги забавуваат и ќе се дружат со децата од градот. Детската програма е предвидена за во 12:00 часот. Вечерта настапуваат Day off и Нон стоп.
123