mk-MKen-US
Општина
Центар

Архива

Новости

Старт на Училишните спортски игри “Лига Центар 2018“

  • 29 ноември 2017
  • Број на прегледи: 459
  • 0 Коментари
Старт на Училишните спортски игри “Лига Центар 2018“
Градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ, ја отвори “Лига Центар 2018“. Вкупно 350 ученици од сите седум основни училишта во општина Центар ќе се натпреваруваат во 4 спортски дисциплини и во шах.

Општина Центар и ПС “Центар“ заедно до поголема безбедност

  • 28 ноември 2017
  • Број на прегледи: 202
  • 0 Коментари
Општина Центар и ПС “Центар“ заедно до поголема безбедност
Градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ, оствари средба со командирот и претставници од одделението за превенција на полициската станица “Центар“. Договорено е продолжување на соработката и преземање заеднички акции, се со цел Центар да биде безбедно место на живеење.

Дневен ред на 3-та седница на Советот на општина Центар

  • 27 ноември 2017
  • Број на прегледи: 243
  • 0 Коментари
Дневен ред на 3-та седница на Советот на општина Центар

Во четврток на 30.11.2017 година со почеток во 13 часот ќе се одржи 3-тата седница на Советот на Општина Центар.

Конститутивна седница на Советот за развој на Скопскиот плански регион

  • 27 ноември 2017
  • Број на прегледи: 238
  • 0 Коментари
Конститутивна седница на Советот за развој на Скопскиот плански регион
Денеска, градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ, учествуваше на конститутивната седница на Советот за развој на Скопскиот плански регион.

“Донеси стар уред и земи ваучер со попуст за нов“ - акција на општина Центар

  • 27 ноември 2017
  • Број на прегледи: 215
  • 0 Коментари
“Донеси стар уред и земи ваучер со попуст за нов“ - акција на општина Центар
Стари и дотраени телевизори, машини, шпорети, електрични уреди. Секој од нас ги чува во подруми и остави.Електронскиот отпад содржи помеѓу 600 и 1000 различни хемикалии кои се штетни за здравјето на луѓето и кои ја загразуваат животната средина.

Богдановиќ: До последен милиметар ќе се испитува што и како е градено од проектот “Скопје 2014“

  • 23 ноември 2017
  • Број на прегледи: 201
  • 0 Коментари
Богдановиќ: До последен милиметар ќе се испитува што и како е градено од проектот “Скопје 2014“
Општина Центар врши комплетна ревизија и проверка на неколку објекти и споменици од проектот “Скопје 2014“. Меѓу нив, како што најави градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ, на денешната средба со новинарите, се споменикот на Ќосето, за кој се проверува дали има одобрение за градба, Мајка Тереза, Градската куќа заедно со хотелот кој се гради и мостот “Око“. Како општина, ова го правиме во соработка со ОЈО, МВР и СЈО.

Градоначалникот Саша Богдановиќ, дел од официјалната делегација во посета на Србија

  • 21 ноември 2017
  • Број на прегледи: 174
  • 0 Коментари
Градоначалникот Саша Богдановиќ, дел од официјалната делегација во посета на Србија
Градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ, e дел од делегацијата која е во официјална посета на Република Србија.

Јавен повик за доставување на иницијативи за изработка на урбанистички планови

  • 20 ноември 2017
  • Број на прегледи: 439
  • 0 Коментари
Јавен повик за доставување на иницијативи за изработка на урбанистички планови

Врз основа на член 21 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл. весник на РМ бр. 199/14, 44/15, 193/15, 31/16, 163/16) Градоначалникот на Општина Центар - Скопје распишува јавен повик  за доставување иницијативи за изработка на урбанистички планови.

Договорена соработка и заеднички проекти меѓу Центар и Еснаф – Стара Чаршија

  • 17 ноември 2017
  • Број на прегледи: 208
  • 0 Коментари
Договорена соработка и заеднички проекти меѓу Центар и Еснаф – Стара Чаршија
Градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ, денеска ги прими и разговараше со претставници на здружението Еснаф – Стара чаршија.
1234