mk-MKen-US
Општина
Центар

Новости

Власта и преку "Денот на дрвото" ги казнува граѓаните на Центар

  • 30 ноември 2016
  • Број на прегледи: 372
  • 0 Коментари
Власта и преку "Денот на дрвото" ги казнува граѓаните на Центар

Власта и по цели три и пол години не може да го прифати фактот дека во општина Центар граѓаните им кажаа НЕ на нивните политики.

Општината и градоначалникот се секојдневна мета на инспекции и ревизии, што не е случај во другите општини. Единствено општина Центар не го доби од државата правото на користење на неизграденото земјиште.

Соопштение за чистење на гаражи

  • 29 ноември 2016
  • Број на прегледи: 315
  • 0 Коментари
Соопштение за чистење на гаражи

Во четврток, 1.12.2016-та година, на барање на граѓаните, општина Центар ќе започне со редовното чистење на подземните гаражи кај слаткарницата “Малага“Француски културен центар и основното училиште “Гоце Делчев“.


Парк со 400 садници на местото на запуштената површина кај поранешната КТК

  • 29 ноември 2016
  • Број на прегледи: 308
  • 0 Коментари
Парк со 400 садници на местото на запуштената површина кај поранешната КТК
Просторот на поранешното КТК на подножјето на Водно, под црквата Св. Јован во населбата Капиштец,  доби нов изглед и парк.  Наместо запуштена јавна површина, обрасната со диви дрвја и грмушки, општина Центар спроведе проект за хортикултурно уредување

Зелена оаза на плочникот во Градски sид

  • 25 ноември 2016
  • Број на прегледи: 316
  • 0 Коментари
Зелена оаза на плочникот во Градски sид

Плочникот во Центар позади поранешна “Агромеханика“, ќе биде нова, мала, зелена оаза, сред бетонот, идеално и мирно место за дружење и рекреација на станарите и посетителите.

На оваа локација, општина Центар целосно го реконструира зеленилото  во трите големи бетонски и повеќето  помали жардинери, кои се наоѓаат на платото опкружено со високи станбени комплекси и на место каде што нема зелени парковски површини.

Старт на „Училишната спортска лига Центар“

  • 23 ноември 2016
  • Број на прегледи: 1159
  • 0 Коментари
Старт на „Училишната спортска лига Центар“

Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, ја отвори „Училишната спортска лига Центар“.

Вкупно 336 ученици од сите 7 основни училишта во општина Центар, ќе се натпреваруваат во 4 спортски дисциплини: фудбал, кошарка, ракомет и одбојка.

Соопштение за јавна презентација и јавна анкета по предлог изменување и дополнување на Детален урбанистички план Градска четврт Ј 07-локалитети Капиштец, Завод за медицинска рехабилитација, Старо Водн

  • 18 ноември 2016
  • Број на прегледи: 656
  • 0 Коментари
Соопштение за јавна презентација и јавна анкета по предлог изменување и дополнување на Детален урбанистички план Градска четврт Ј 07-локалитети Капиштец, Завод за медицинска рехабилитација, Старо Водн

Јавна анкета за изменување и дополнување на Блок 24 во ДУП Ј 07.

Еко проект во градинките на општина Центар

  • 18 ноември 2016
  • Број на прегледи: 467
  • 0 Коментари
Еко проект во градинките на општина Центар
Општина Центар во соработка со колективниот постапувач Нула отпад од Скопје, започна нов проект насловен „Да ја заштитиме природата од опасниот отпад“, кој што, во текот на месец ноември се спроведува во сите објекти на градинките во Општина Центар.

Соопштение

  • 17 ноември 2016
  • Број на прегледи: 513
  • 0 Коментари
Соопштение

Општина Центар ја информира јавноста дека постапи по забелешките на Државната комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка, во врска со случајот за дивоградбата на улица „Никола Вапцаров“ бр. 6. Забелешките на Комисијата беа од формален карактер и брзо се отстранети од страна на инспекцијата на општина Центар. Општината го потврди претходното решение за отстранување на дивоградбата.


Граѓаните ќе го креираат буџетот на општина Центар

  • 17 ноември 2016
  • Број на прегледи: 342
  • 0 Коментари
Граѓаните ќе го креираат буџетот на општина Центар
Центарот на заедницата на општина Центар во соработка со општина Центар ја организираат првата сесија набуџетскиот форум.
12