mk-MKen-US
Општина
Центар

Новости

Активности на општина Центар на Водно

  • 30 ноември 2015
  • Број на прегледи: 375
  • 0 Коментари
Активности на општина Центар на Водно

 

Жителите на населбата “Мало Курило“ на Водно, се жалеа на шутот, ѓубрето и наносите во каналот, на дефектот на електричната мрежа. Жителите на улицата “Партенија Зографски“ имаа проблем со паркирањето, по отворањето на угостителски објект на улицата.

 Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, заедно со соработниците, вчера беше во обиколка на населбата “Мало Курило“ и улицата “Партенија Зографски“, за да разговара со граѓаните, да ги чуе нивните проблеми и заедно да изнајдат решенија.


Граѓаните задоволни и се придржуваат кон проектот “Зона 30“

  • 29 ноември 2015
  • Број на прегледи: 400
  • 0 Коментари
Граѓаните задоволни и се придржуваат кон проектот “Зона 30“

И денеска, во Дебар Маало, сообраќајната полиција го контролираше почитувањето на проектот “Зона 30“.

Граѓаните се задоволни од овој проект и го почитуваат, бидејќи и самите велат дека тоа е за нивна безбедност, за безбедност на другите учесници во сообраќајот и на пешаците. Оваа акција, која се спроведува веќе 15 дена, е во соработка со Министерството за внатрешни работи.

Жерновски во посета на градинката “Р.Ј. Корчагин“

  • 27 ноември 2015
  • Број на прегледи: 357
  • 0 Коментари
Жерновски во посета на градинката “Р.Ј. Корчагин“

Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, денеска беше во посета на една од најстарите детски установи, градинката “Раде Јовчески Корчагин“.

Од В.Д. директорката, Мирјана Василевска и од персоналот, градоначалникот беше запознает за тековните активности на градинката и за инвестициите кои треба да се преземат.

Центар со асистенција од полицијата ќе ги отстранува дивоградбите на “La Terazza“ и “Лезет“

  • 27 ноември 2015
  • Број на прегледи: 328
  • 0 Коментари
Центар со асистенција од полицијата ќе ги отстранува дивоградбите на “La Terazza“ и “Лезет“

Општина Центар упати барање до Министерството за внатрешни работи за давање асистенција за отстранување на беправно изградени објекти.

Жителите се жалеа, а овластениот градежен инспектор на општина Центар констатираше дека објектот “La Terazza“, во сопственост на правното лице “Интермедиа“ ДООЕЛ Скопје, лоциран на булеварот “11-ти Октомври“ бр. 2; лок.5, има дивоизградено два лимени оџаци, отвор и поставено прозорец без одобрение за градење.

Отворени спортските игри “Лига Центар 2016“

  • 26 ноември 2015
  • Број на прегледи: 719
  • 0 Коментари
Отворени спортските игри “Лига Центар 2016“

Денеска, градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, го означи стартот на Училишните спортски игри “Лига Центар 2016“.

392 ученик, во 35 екипи, ќе се натпреваруваат во пет дисциплини: кошарка, футбал, ракомет (машки), одбојка (женски) и шах (мешано). Спортистите од училиштата добија спортска опрема - дресови и топки.

Електричниот отпад создава можности

  • 26 ноември 2015
  • Број на прегледи: 553
  • 0 Коментари
Електричниот отпад создава можности

Денеска, во основното училиште “Гоце Делчев“ во Центар беше презентиран проектот “Електричен отпад-создава можности“.

Проектот е на Центарот за климатски промени, со поддршка на Елколект – лиценциран колективен постапувач со отпадна електрична и електронска опрема. Донаторот на проектот е Амбасадата на САД во Р. Македонија.

Буџетски граѓански форум

  • 26 ноември 2015
  • Број на прегледи: 558
  • 0 Коментари
Буџетски граѓански форум

Центарот на заедницата во соработка со општина Центар организира граѓанскиот буџетски форум кој за прв пат ќе се оддржи во општина Центар. Форумот ќе се одржи на 30.11.2015 (понеделник) со почеток во 18.00 часот во Хотел Холидеј Ин, Сала Милениум.

Разрешен проблемот со платите во ООУ “11-ти Октомври“

  • 26 ноември 2015
  • Број на прегледи: 461
  • 0 Коментари
Разрешен проблемот со платите во ООУ “11-ти Октомври“
Централниот Регистар на Р. Македонија, постапувајќи по одлуката на општина Центар за разрешување на Даниела Костадинова и наименување на Васко Лазаревски за директор на ООУ “11-ти Октомври“, донесе решение, со кое за овластен потписник го именува Васко Лазаревски.

Доколку од ОУ “11-ти Октомври“ излезат на штрајк, градоначалникот Жерновски и соработниците први ќе ги поддржат

  • 26 ноември 2015
  • Број на прегледи: 216
  • 0 Коментари
Доколку од ОУ “11-ти Октомври“ излезат на штрајк, градоначалникот Жерновски и соработниците први ќе ги поддржат
Општина Центар во целост го разбира незадоволството на вработените во основното училиште “11-ти Октомври“, кои ја немаат примено октомвриската плата. Сакаме да ги информираме дека општината навреме и целосно ја исполни својата обврска, за да можат вработените во училиштето да добијат плата.
1234