mk-MKen-US
Општина
Центар

Новости

НОВИ КАНДЕЛАБРИ, НОВИ ИНСТАЛАЦИИ, БЛЕСНА ДЕБАР МААЛО

  • 28 ноември 2014
  • Број на прегледи: 526
  • 0 Коментари
НОВИ КАНДЕЛАБРИ, НОВИ ИНСТАЛАЦИИ, БЛЕСНА ДЕБАР МААЛО
Наместо темнина, небезбедност и стари бандери, општина Центар постави нови канделабри и ги осветли улиците Црвена Вода, Мајаковски и Благој Давков, сите во Дебар Маало. На улиците Црвена Вода и Благој Давков, на 180 метри во должина поставена е нова инсталација со по 8 канделабри, со висина од 4 и пол метри. Наместо со живински светилки, како досега, новите се со натриумски, имаат долг век на траење и даваат поголема светлина.

OПШТИНА ЦЕНТАР: ПРЕТХОДНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК И СОВЕТОТ ГИ ИСПРАТИЈА “ТОМЧЕ СОФКА“ И “АЊА“ ВО ИСТОРИЈАТА

  • 27 ноември 2014
  • Број на прегледи: 330
  • 0 Коментари
Актуелното раководство на општина Центар не ги испрати култните кафеани „Томче Софка" и „Ања", како што „добронамерно" напишаа некои „независни" медиуми и се коментираше по социјалните мрежи.
„Нови станбено-деловни и образовни објекти ќе никнат во Градски парк. Зградите ќе се градат на местото на добро познатите скопски кафеани лоцирани во паркот, Томче Софка и поранешна Ања. На местото на овие угостителски објекти кои се една од омилените дестинации на граѓаните за кафе-шема, особено за викендите, ќе се дигнат повеќекатници и тоа еден станбено-деловен објект, објект со намена образование и една станбена зграда," пишува „Вечер".

ФОТО: ОТВОРЕНИ УЧИЛИШНИТЕ СПОРТСКИ ИГРИ “ЦЕНТАР 2015“

  • 27 ноември 2014
  • Број на прегледи: 463
  • 0 Коментари
ФОТО: ОТВОРЕНИ УЧИЛИШНИТЕ СПОРТСКИ ИГРИ “ЦЕНТАР 2015“
Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски и официјално означи старт на училишните спортски игри "Центар 2015".
Во текот на целата година, 350 ученици ќе се натпреваруваат во кошарка, ракомет, одбојка, фудбал и шах.

ПУШТЕН ВО УПОТРЕБА ПРВИОТ ДЕЛ ОД “БОЕМСКАТА УЛИЦА“

  • 25 ноември 2014
  • Број на прегледи: 453
  • 0 Коментари
ПУШТЕН ВО УПОТРЕБА ПРВИОТ ДЕЛ ОД “БОЕМСКАТА УЛИЦА“
Од денеска, во употреба е пуштен целиот потег на проектот "Боемска улица", кој што е досега изграден, со вкупна површина од околу 2700 м2.
Освен улицата Ѓорги Пешков, која е 55% од вкупната површина, опфатени се и дел од тротоарите на улица Орце Николов, спојот на улицата Орце Николов со улицата Михаил Цоков и тротоарот на улицата Михаил Цоков, спроти општината.
Се работи, рече градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, за модерно решение, на едно ниво кое овозможува непречено движење на пешаци, инвалиди и велосипеди и со самото тоа допринесува за визуелна естетска целина.

УТРЕ ЗАПОЧНУВА “ЦЕНТАР 2015“

  • 25 ноември 2014
  • Број на прегледи: 951
  • 0 Коментари
Утре, во основното училиште 11-ти Октомври, официјално ќе бидат отворени спортските игри "Центар 2015".
Повеќе од 350 ученици-спортисти од училиштата во општина Центар, со 30 екипи ќе се натпреваруваат во 5 спортови: кошарка, фудбал, ракомет, одбојка за девојчиња и шах.
Први, силите на паркетот ќе ги одмерат учениците од ОУ 11-Октомври и ОУ Димитар Миладинов.

ЈП “ВОДОВОД И КАНАЛИЗАЦИЈА“ МОРА ДА ГИ ВРАЌА УЛИЦИТЕ ВО ПРВОБИТНА СОСТОЈБА

  • 24 ноември 2014
  • Број на прегледи: 435
  • 0 Коментари
ЈП “ВОДОВОД И КАНАЛИЗАЦИЈА“ МОРА ДА ГИ ВРАЌА УЛИЦИТЕ ВО ПРВОБИТНА СОСТОЈБА
На заедничката средба на градоначалниците на Град Скопје и општина Центар, Коце Трајановски и Андреј Жерновски и раководителите на сектори, како и директорите на јавните претпријатија се разговараше за изнаоѓање на решенија за проблемите.
На средбата е упатена забелешка на јавното претпријатија "Водовод и Канализација", кое на одредени улици врши прекопи, а потоа не ги санира соодветно.
Раководителот на инспекциските служби на општина Центар, Кочо Стојчески рече дека на иницијатива на група граѓани, Советот на општината неодамна донесе правилник за уредување на постапката и условите за издавање согласност за прекопи.

СРЕДБА НА НАДЛЕЖНИТЕ НА ГРАД СКОПЈЕ И ОПШТИНА ЦЕНТАР

  • 24 ноември 2014
  • Број на прегледи: 393
  • 0 Коментари
СРЕДБА НА НАДЛЕЖНИТЕ НА ГРАД СКОПЈЕ И ОПШТИНА ЦЕНТАР
Редовната 11-та средба во скопските општини, Град Скопје денеска ја имаше во општина Центар.
Ова, оцени градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски, се добри средби, бидејќи јавните претпријатија на овој начин се приближуваат до граѓаните и тие ги чувствуваат како свои.
"Јавните претпријатија во овие три дена работеа во општина Центар. Доколку не се завршат сите работи во одредениот рок, ќе се продолжи со акцијата. Тука сме со ЈП "Паркови и Зеленило", ЈП "Комунална Хигиена", се миеја улиците, тротоарите", изјави Трајановски.

ЖЕРНОВСКИ: УСТАВНИОТ СУД НЕ УСПЕА ДА ИЗБЕГА ОД КАНЏИТЕ НА ПОЛИТИКАТА

  • 20 ноември 2014
  • Број на прегледи: 445
  • 0 Коментари
ЖЕРНОВСКИ: УСТАВНИОТ СУД НЕ УСПЕА ДА ИЗБЕГА ОД КАНЏИТЕ НА ПОЛИТИКАТА
Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски не е изненаден, но е крајно разочаран од вчерашната одлука на Уставниот Суд на РМ, без никакво образложение, во последен момент да ја повлече од дневен ред расправата за иницијативата за оценување на уставноста и законитоста на одлуката на Советот на општина Центар за контроверзниот ДУП на Водно.
"Ова е скандалозна одлука, знам дека Уставниот Суд е под притисок и затоа, во август месец, кога ја поднесувавме иницијативата, ги замолив да побегнат од канџите на политиката. Знам дека се барало од судиите да ја отфрлат иницијативата, но доказите се толку сеопфатни и прецизни, така што не можеле да одат против тоа. Со ова уште повеќе се подрива и онака нарушениот углед на Уставниот Суд", рече Жерновски.

АНДРЕЈ ЖЕРНОВСКИ ГО ТУЖИ СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ ЗА НАВРЕДА И КЛЕВЕТА

  • 19 ноември 2014
  • Број на прегледи: 447
  • 0 Коментари
Во врска со објавеното интервју на Г-дин Стевчо Јакимовски, во дневниот весник "ВЕЧЕР" на ден 18.11.2014 година, под наслов :
"Жерновски ноќе плаче по амбасади - дење прави инциденти!", најавувам дека, после повеќе изречени навреди и клевети на разни начини и во разни прилики на кои не сакав да одговорам, препишувајќи го сето тоа на стилот и начинот на кој Г-дин Јакимовски се пресметува со сите кои не мислат и не дејствуваат како него, овој пат ќе поднесам тужба пред надлежниот суд, со која ќе барам да се утврди неговата одговорност за клевета и навреда, согласно на одредбите од Законот за граѓанска одговорност, за изјавените клевети, навреди и инсинуации во споменатото интревју, со цел , односно со намера да наштети на мојата чест и углед како личност, градоначалник и како претседател на политичка партија.
123