mk-MKen-US
Општина
Центар

Новости

АНДРИЈАНА БУДИМИР ЌЕ ПОМАГА ВО РАЗВОЈОТ НА СПОРТОТ НА ОПШТИНА ЦЕНТАР

  • 30.11.2013
  • Број на прегледи: 377
  • 0 Коментари
АНДРИЈАНА БУДИМИР ЌЕ ПОМАГА ВО РАЗВОЈОТ НА СПОРТОТ НА ОПШТИНА ЦЕНТАР
Поранешната македонска репрезентативка во ракомет, Андријана Будимир хонорарно ќе помага во унапредување на спортот на општинско ниво во општина Центар.
Ова денеска го договорија градоначалникот на општина и познатата ракометарка Андријана Будимир.

ЖЕРНОВСКИ: АКО ВАЛЕНТИНА НЕ ГИ ЗЕЛА, ТОГАШ КОЈ ВО НЕЈЗИНО ИМЕ ЗЕМАЛ 2.000.000 ЕВРА

  • 30.11.2013
  • Број на прегледи: 368
  • 0 Коментари
ЖЕРНОВСКИ: АКО ВАЛЕНТИНА НЕ ГИ ЗЕЛА, ТОГАШ КОЈ ВО НЕЈЗИНО ИМЕ ЗЕМАЛ 2.000.000 ЕВРА
Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски денеска до обвинителството го достави вториот извештај за фактичката состојба за реализацијата на проектот Скопје 2014 во општина Центар.
Спинови се, вели Жерновски, некои обвинувања деновиве дека наводно не сакал да покрене кривична пријава. Ова, вели, е кривична пријава бидејќи се нотирани незаконитостите и се основа за постапување на обвинителството.

ДРЕСОТ БРОЈ 1 ОД КК РАБОТНИЧКИ ЗА ЖЕРНОВСКИ

  • 29.11.2013
  • Број на прегледи: 355
  • 0 Коментари
ДРЕСОТ БРОЈ 1 ОД КК РАБОТНИЧКИ ЗА ЖЕРНОВСКИ
Кошаркарите на најтрофејниот македонски клуб, КК Работнички од денеска ќе настапуваат со нова спортска опрема од познатиот светски бренд "Адидас".
Дресот со бројот 1 му го подарија на градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски.
Од градоначалникот ја добија и убавата вест дека предложил општината за наредната 2014та година за КК Работнички да одвои 18.000.000 денари од општинскиот буџет.

РЕАКЦИЈА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА ЦЕНТАР, АНДРЕЈ ЖЕРНОВСКИ

  • 29.11.2013
  • Број на прегледи: 386
  • 0 Коментари
Реакциите на ВМРО – ДПМНЕ се само уште едно признание од нивна страна дека се фатени на дело за криминал во проектот Скопје 2014.
Фрапантните податоци за криминални тендери го симнаа ореолот на чесност и патриотизам на ВМРО-ДПМНЕ.
И бидејќи немаат што да кажат, немаат контра-аргументи, во нивниот демант всушност и нема демант за разоткривањето на наместените и незаконски тендери кои што беа спроведени во општина Центар од страна на претходното раководство.
Верувале или не , во ова време-невреме на сиромаштија, за ВМРО-ДПМНЕ 8.000.000 евра се мала и багателна сума .

ДА МУ ПОМОГНЕМЕ НА ДАРИО

  • 29.11.2013
  • Број на прегледи: 632
  • 0 Коментари

Сакаме да Ве известиме дека, Општина Центар, ЈП Паркинзи на О.Центар и КК Работнички, во целост ја поддржуваат хуманитарната акција „Да му помогнеме на Дарио" кој на 02.09.2013 при тренинг, се здоби со повреда на десното око при што му е константирано одлепување на ретина - периферно со дупки на ретина.Клиничкиот конзилиум на ЈЗУ Универзитетската Клиника за Очни болести - Скопје констатира дека итно му е потребна уште една операција во Р.Бугарија (Јануари, 2014) , каде што докторите гарантираат за подобрување на неговиот вид. За таа цел, потребни му се 2000 евра, кои семејството не е во состојба да ги обезбеди.

ЖЕРНОВСКИ: СКОПЈЕ 2014 НЕ Е ГРАДЕЊЕ, ТУКУ КРАДЕЊЕ

  • 28.11.2013
  • Број на прегледи: 396
  • 0 Коментари
ЖЕРНОВСКИ: СКОПЈЕ 2014 НЕ Е ГРАДЕЊЕ, ТУКУ КРАДЕЊЕ
Шокантни наоди на експертската комисија за проектот Скопје 2014, кои ќе влијаат на многу случувања, ова е ставот на градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски по презентацијата на вториот извештај на експертската комисија ангажирана од општина Центар.
Не сме изненадени, но ова ги надмина и најсмелите предвидувања, рече Жерновски, и јасно е сега зошто беше целата битка на изборите за општина Центар.
"Власта проектот Скопје 2014 го најавуваше како најголем проект, но ќе излезе најголема афера. Фрапантен е податокот дека ако не биле ваквите постапки, општината ќе можела да заштеди 8.000.000 евра. Ова е школски пример за незаконски наместени тендери. Власта велеше дека се работи за патриотизам, но овде не се работи за градење, туку за крадење", рече Жерновски.

ВО ЦЕНТАР ФРЛЕНИ 15 ТОНИ СОЛ

  • 27.11.2013
  • Број на прегледи: 882
  • 0 Коментари
ВО ЦЕНТАР ФРЛЕНИ 15 ТОНИ СОЛ
Три возила на Зимската служба на општина Центар синоќа излегоа и ги расчистуваа улиците од снегот. 
Беа фрлени 15 тони сол  на улиците кои се под надлежност на општината. 
Во утринските часови вработените ги расчистуваа улиците и тротоарите за безбедно движење на пешаците.
Првиот снег не ги изненади надлежните во општина Центар, бидејќи навреме беше ангажирана фирма со 7 возила и набавени 400 тони сол.

ЖЕРНОВСКИ: ШИПОВИЌ ДА СЕ БРАНИ ОД СЛОБОДА

  • 22.11.2013
  • Број на прегледи: 375
  • 0 Коментари
ЖЕРНОВСКИ: ШИПОВИЌ ДА СЕ БРАНИ ОД СЛОБОДА
Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски излезе со реакција по информацијата за екстрадицијата на претседавачот на Советот на општина Центар, Мирослав Шиповиќ.
Жерновски соопшти дека Шиповиќ требало да биде доведен вчера во 12:00 часот на пладне, но тоа не се случило туку очигледно беше донесена одлука да биде спроведен во доцните ноќни часови, тајно, далеку од очите на јавноста што, вели Жерновски, само по себе кажува многу.

„ПАПАГАЛ“ ЗГРАДАТА ВО НОВО РУВО

  • 21.11.2013
  • Број на прегледи: 278
  • 0 Коментари
„ПАПАГАЛ“ ЗГРАДАТА ВО НОВО РУВО
Познатата „Папагал" зграда, на крстосницата на булеварите „Св.Климент Охридски" и „Димитрија Чуповски" ќе добие нов изглед.
Општина Центар го започна реновирањето на фасадата на зградата. Ќе се изврши целосна реконструкција и обнова на фасадата. Истата ќе се обработува и со термоизолационен материјал, дебел 5 см., односно таканаречена „Демит" фасада.
"Папагал" зградата, карактеристична по многуте бои содржани на фасадата, ќе го задржи својот изглед и по реновирањето на фасадата, а истото е по барање и во договор со граѓаните.
1234