mk-MKen-US
Општина
Центар

Новости

ДЕНОВИ НА ОПШТИНА ЦЕНТАР

  • 31 октомври 2014
  • Број на прегледи: 591
  • 0 Коментари
Во рамките на Денот на општина Центар, 3.ти ноември(понеделник) во Спортската сала Градски парк, ќе се одржи пријателски натпревар во кошарка помеѓу основните училишта од општина Центар, 11.октомври и Коле Неделковски.
Натпреварот ќе го следат учениците од останатите 7 основни училишта кои се на територијата на општината.
На присутните ќе им се обрати градоначалникот Андреј Жерновски, кој ќе им подели и пригодни подароци на младите кошаркари од двете училишта. Натпреварот ќе го следат и кошаркарите на КК Работнички, кои ќе учествуваат во забавниот дел и ќе ја покажат својата кошаркарска умешност.

ОПШТИНА ЦЕНТАР: ДОДЕЛЕНИ НОВИ 156 РЕШЕНИЈА ЗА ЛЕГАЛИЗАЦИЈА

  • 31 октомври 2014
  • Број на прегледи: 462
  • 0 Коментари
ОПШТИНА ЦЕНТАР: ДОДЕЛЕНИ НОВИ 156 РЕШЕНИЈА ЗА ЛЕГАЛИЗАЦИЈА
Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, денеска на жители на општината им додели решенија за легализација.
"Ова е една од најзначајните активности на општината. Уште на почетокот најавив остро темпо, но го реализираме ветеното. И покрај сите опструкции, немањето поддршка успеавме да изготвиме двојно повеќе решенија од претходната локална власт. Од месец септември до сега, само за два и пол месеци изготвени се и издадени 156 решенија за легализација. Со ова, од месец мај 2013-та, откако дојде ова раководство во општина Центар, издадени се 1396 решенија", рече Жерновски.

ОПШТИНА ЦЕНТАР: ДЕЗИНФОРМАЦИЈА Е ДЕКА СЕ ОТКАЖУВАМЕ ОД НАДЛЕЖНОСТА ВРЗ УЛИЦА МАКЕДОНИЈА

  • 29 октомври 2014
  • Број на прегледи: 257
  • 0 Коментари
Општина Центар најостро ги демантира денешните информации во „Дневник", според кои општината, откако лани ја предала надлежноста за одржување на спомениците во централното подрачје во градски раце, сега се откажува од надлежноста врз улица Македонија по целата нејзина должина.
Во разговорот со градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски јасно посочи дека од оваа улица општината во никој случај нема намера да се откаже.

СТАНАРИТЕ ОД ЗГРАДИТЕ КАЈ ГТЦ ДО ЖЕРНОВСКИ: НЕ САКАМЕ БАРОК, ТУКУ ЕНЕРГЕТСКО ЕФИКАСНА ФАСАДИ

  • 29 октомври 2014
  • Број на прегледи: 296
  • 0 Коментари
СТАНАРИТЕ ОД ЗГРАДИТЕ КАЈ ГТЦ ДО ЖЕРНОВСКИ: НЕ САКАМЕ БАРОК, ТУКУ ЕНЕРГЕТСКО ЕФИКАСНА ФАСАДИ
Жителите на кулите во задниот дел на ГТЦ денеска побараа помош од градоначалникот на општина Центар на општинскиот отворен ден со граѓани.
Тие не се согласуваат и не ја прифаќаат понудата на градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, да им ја реконструира само предната фасада и тоа во барок стил.
Жителите го донесоа и писмото од Трајановски во кое им дава, како што и самите велат, ултимативно, рок од 10 дена да размислат и да известат дали мнозинството се согласува со ваков вид реконструкција на нивната фасада.

ЦЕНТАРСКИТЕ УЧЕНИЦИ ЌЕ ИГРААТ ШАХ

  • 28 октомври 2014
  • Број на прегледи: 239
  • 0 Коментари
ЦЕНТАРСКИТЕ УЧЕНИЦИ ЌЕ ИГРААТ ШАХ
Центарските ученици сааат да играат шах! Тоа го покажа големиот одзив во седумте основни училишта во општината, каде што повеќе од 300 деца влегоа во процесот на селекција за натпреварување во училишната Лига во шах.
Деновиве заврши анкетата меѓу учениците од седумте основни училишта во општина Центар. Првите оценки се дека интересот меѓу учениците од четврто до деветто одделение е огромен. Од пријавените повеќе од 300 ученици, првата селекција меѓу педесетттина ученици е направена во основното училиште ‘Димитар Миладинов’. Лигата во шах меѓу учениците, за која подготовките ги направи шаховскиот клуб Gambit-Aseko CEE, ќе започне по завршувањето на селекцијата во сите училишта.

ЕВРОПСКИ СТАНДАРД ВО РАБОТЕЊЕТО НА ОПШТИНА ЦЕНТАР

  • 28 октомври 2014
  • Број на прегледи: 300
  • 0 Коментари
ЕВРОПСКИ СТАНДАРД ВО РАБОТЕЊЕТО НА ОПШТИНА ЦЕНТАР

Вчера, во просториите на општина Центар беа доделени сертификати на 13 вработени во општината, кои учествуваа во обуката за имплементирање на КАФ - Европски стандарди за квалитет во работењето или заедничка рамка на самооценување. Суштината е градење на професионална ефикасна админстрација, со цел да се подобри квалитетот на услугите од страна на општинската администрација кон граѓаните. Во текот на 6 месеци се правени самоооценки, кои области треба да се подобрат. Во процесот на воведување европски стандарди учествуваа 13 вработени во општината од сите нивоа на општинската админстарција.

ОТВОРЕНО ПИСМО ДО МИНИСТЕРOT ЗА ВНАТРЕШНИ РАБОТИ, ГОРДАНА ЈАНКУЛОВСКА ОД ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА ЦЕНТАР, АНДРЕЈ ЖЕРНОВСКИ

  • 27 октомври 2014
  • Број на прегледи: 324
  • 0 Коментари
ОТВОРЕНО ПИСМО ДО МИНИСТЕРOT ЗА ВНАТРЕШНИ РАБОТИ, ГОРДАНА ЈАНКУЛОВСКА ОД ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА ЦЕНТАР, АНДРЕЈ ЖЕРНОВСКИ

Сметам дека е повеќе од неопходно уште еднаш да Ви се обратам во врска со насилните инциденти од јуни 2013 година, со кои беше демолирана општината Центар. Искрено жалам што МВР, со кое Вие раководите, и покрај јавно превземените обврски, се уште ниту ги откри, ниту поведе постапки против насилниците, кои пред објективите и камерите на медиумите кршеа јавен имот, изграден со пари на граѓаните.

ФОТО: НАМЕСТО СМЕТ, ЧИСТИ ТРЕВНИЦИ И ПОВРШИНИ ВО МАЏИР МААЛО

  • 24 октомври 2014
  • Број на прегледи: 249
  • 0 Коментари
ФОТО: НАМЕСТО СМЕТ, ЧИСТИ ТРЕВНИЦИ И ПОВРШИНИ ВО МАЏИР МААЛО
Службите од општина Центар, за еден ден го собраа сметот, отпадот, расфрлените пластични шишиња и кеси од дел од Маџир Маало.
Собрани се и лисјата и искршените гранки. Вработените ги исчистија мини-депониите, на кои беше фрлано се, од храна до помали апарати за домаќинство.
Се исчисти делот под мостот и ќе се затворат деловите кај мостот каде се складираше отпад.
На фотографиите се гледа како изгледаше овој дел на Центар пред и по чистењето.

ОПШТИНА ЦЕНТАР: НОВИОТ ПАРК ВО КАПИШТЕЦ – ПАРК ЗА СИТЕ ВКУСОВИ И ЗА ЦЕЛО СЕМЕЈСТВО

  • 22 октомври 2014
  • Број на прегледи: 264
  • 0 Коментари
ОПШТИНА ЦЕНТАР: НОВИОТ ПАРК ВО КАПИШТЕЦ – ПАРК ЗА СИТЕ ВКУСОВИ И ЗА ЦЕЛО СЕМЕЈСТВО
Во тек е комплетно уредување на паркот во Капиштец, кој ќе се простира на 20. 000 метри квадратни, во средишен простор помеѓу 12 згради. Oд нив, 12.450 метри квадратни ќе бидат зелена површина.
Се градат две детски игралишта и едно кошаркарско игралиште со соодветна подлога за таков тип на спорт, две групации на подни прскалки, се поставува нова урбана опрема ( клупи, корпи, паркиралишта за велосипеди) со уникатен изглед, по кој паркот ќе биде препознатлив. На детските игралишта ќе се стави подлога од гумени плочи со дебелина од 5 сантиметри. Се отстранува песокот на дестките игралишта, кој е нехигиенски, привлекува животни, се растура, тешко се чисти од листови, а во некоја рака е и опасен за децата, речиси исто колку и бетонската подлога.
1234