mk-MKen-US
Општина
Центар

Новости

УЧИЛИШТЕ – ПАРК ВО СКОПСКИ КАПИШТЕЦ

  • 30.10.2013
  • Број на прегледи: 485
  • 0 Коментари
Дваесет и една идеја како треба да изгледа и фунцкионира новото основно училиште во скопски Капиштец.
Ново училиште беше едно од основните ветувања во изборната кампања на градоначалникот Андреј Жерновски.
Општина Центар објави конкурс за идејно решение за училиштето и на конкурсот се јавија заинтересирани понудувачи со 21 проект.
Жири комисијата почна со разгледување на проектите и првичната оценка е дека има голем број добри и издржани решенија кои ги задоволуваат и просторните потреби и естетските критериуми.

ГРАЃАНИТЕ СЕ ЖАЛАТ, ПРОБЛЕМИТЕ ВО ЦЕНТАР СЕ ТАЛОЖАТ СО ГОДИНИ

  • 30.10.2013
  • Број на прегледи: 311
  • 0 Коментари
ГРАЃАНИТЕ СЕ ЖАЛАТ, ПРОБЛЕМИТЕ ВО ЦЕНТАР СЕ ТАЛОЖАТ СО ГОДИНИ

Педесеттина граѓани денеска дојдоа во просториите на општина Центар да ги искажат своите маки и проблеми пред градоначалникот на општина Центар Андреј Жерновски и пред неговите соработници.Проблемите велат, се таложени со години и иако укажувале на нивната сериозност, претходно никој ниту ги сослушал ниту ги решил.Жителите на Центар се жалат на нерегулираните имотни односи, дивоградбите, но дојдоа и да се пожалат и за лошите меѓучовечки односи.

ЖИТЕЛИТЕ НА ВОДНО: “ВИКНЕТЕ ЈА АЛАРОВА, ТАА НЕ ОСУДИ НА ОВА ЗЛО!“

  • 30.10.2013
  • Број на прегледи: 286
  • 0 Коментари
ЖИТЕЛИТЕ НА ВОДНО: “ВИКНЕТЕ ЈА АЛАРОВА, ТАА НЕ ОСУДИ НА ОВА ЗЛО!“
За ова урбано зло некој треба да одговара – велат револтираните жители на скопско Водно.
Бараат одговорност и за вмешаните прсти на како што велат – моќници во државата за грдосиите од наводни "семејни куќи" со по 36 стана во една "семејна куќа".
"Секој момент при првиот посилен дожд може да се излизга земјиштето бидејќи природата не може да го издржи ова урбано насилство. Сите овие неплански и несеизмички изградени куќи можат да ни се струполат на глава, можат не дај Боже, да паднат врз градинката", вака жителите на Водно ја објаснија алармантната состојба во населбата.

СЛУЧУВАЊАТА ВО ЦЕНТАР – ДЕЛ ОД ИЗВЕШТАЈОТ НА ХОВИТ

  • 28.10.2013
  • Број на прегледи: 337
  • 0 Коментари
СЛУЧУВАЊАТА ВО ЦЕНТАР – ДЕЛ ОД ИЗВЕШТАЈОТ НА ХОВИТ
Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски денеска го прими и разговараше со евро-парламентарецот и известувач за напредокот на Р. Македонија во Европскиот Парламент, Ричард Ховит.
Ховит изрази задоволство од посетата и средбата со градоначалникот на Центар.
"Резултатите од локалните избори во општина Центар и случувањата по изборите се важна лекција за демократијата во земјата. Со мојата посета им покажуваме на сите кои ја поддржуваат локалната демократија, без разлика на која партија припаѓаат, дека во Европската Унија принципот на локална демократија и правото на граѓаните на слободен избор на гласачкото ливче е најважен за европската демократија", изјави евро-парламентарецот Ховит по средбата во општина Центар.

УЛИЦАТА ДАМЕ ГРУЕВ ВО ЦЕНТАР ВО НОВО ЗЕЛЕНО РУВО

  • 28.10.2013
  • Број на прегледи: 392
  • 0 Коментари
УЛИЦАТА ДАМЕ ГРУЕВ ВО ЦЕНТАР ВО НОВО ЗЕЛЕНО РУВО
Дел од улицата „Даме Груев" добива ново руво. Забрзано се работи на поставување на 1.200 метри квадратни високо квалитетен оформен бусен, вид на трева за јавни површини.
Општина Центар постави и комплетен систем за автоматско наводнување.
На овој потег во централното градско подрчје, општината засади и 6 јавори.
Граѓаните денеска застануваа и задоволно коментираа бидејќи се реализира ветувањето и заложбата на новото општинско раководство за зазеленување на општина Центар.
Меѓу нив беше и градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски.

СОВЕТНИЦИТЕ ВО ЦЕНТАР ЕДНОГЛАСНИ ЗА ГРАДИНКИТЕ

  • 24.10.2013
  • Број на прегледи: 309
  • 0 Коментари
СОВЕТНИЦИТЕ ВО ЦЕНТАР ЕДНОГЛАСНИ ЗА ГРАДИНКИТЕ

Советниците од општина Центар денеска ги усвоија одлуките за работа на трите градинки на територија на општина Центар: "13 Ноември","Раде Јовчевски Корчагин" и "Кочо Рацин".

За одлуките гласаа советниците од "Сојузот за иднината", предводени од СДСМ и коалицијата предводена од ВМРО – ДПМНЕ.

Со овие одлуки градинките ќе можат да работат и функционираат според предвидените програми.

СКВЕР БУЊАКОВЕЦ-НОВО МЕСТО ЗА СИТЕ ДОБРОНАМЕРНИЦИ

  • 24.10.2013
  • Број на прегледи: 297
  • 0 Коментари
СКВЕР БУЊАКОВЕЦ-НОВО МЕСТО ЗА СИТЕ ДОБРОНАМЕРНИЦИ
На местото на кое до пред неколку месеци се наоѓаше дива такси станица, сега се наоѓа зеленило и нова урбана опрема.
На Скверот Буњаковец, кој симболично беше синоќа отворен од градоначалникот Андреј Жерновски, беа жителите на Центар, но и сите добронамерници и гости.Скверот има површина од 1.100 квадратни метри, урбана опрема, ново осветлување. Зеленилото се наводнува со ситемот капка по капка.

(ВИДЕО) СОВЕТНИЦИТЕ ОД “СОЈУЗОТ ЗА ИДНИНАТА“ ЈА НАПУШТИЈА ДЕНЕШНАТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ЦЕНТАР

  • 23.10.2013
  • Број на прегледи: 290
  • 0 Коментари
(ВИДЕО) СОВЕТНИЦИТЕ ОД “СОЈУЗОТ ЗА ИДНИНАТА“ ЈА НАПУШТИЈА ДЕНЕШНАТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ЦЕНТАР
Советниците на коалицијата "Сојуз за иднината" во Советот на општина Центар, во знак на солидарност со Претседавачот на Советот на општина Центар, Мирослав Шиповиќ ја напуштија за денес закажаната седница на Советот на општината.
СДСМ, рече координаторот на советничката група Игор Алаџајков, нема да дозволи Никола Груевски и ВМРО – ДПМНЕ со институционално насилство да ја превземат контролата врз општина Центар. По неуспехот со изборната тортура власта е во нов поход преку монтирани политички процеси да ја поништат јасно изразената волја на граѓаните и да ги замолчи во одлучноста да се обелодени криминалот и корупцијата на проектот Скопје 2014.

(ВИДЕО + ФОТО) ПО ПОЛОВИНА ВЕК – КОМПЛЕТНО РЕКОНСТРУИРАНА УЛИЦАТА ПИТУ ГУЛИ

  • 21.10.2013
  • Број на прегледи: 297
  • 0 Коментари
(ВИДЕО + ФОТО) ПО ПОЛОВИНА ВЕК – КОМПЛЕТНО РЕКОНСТРУИРАНА УЛИЦАТА ПИТУ ГУЛИ

Балоните во црвено бела боја, боите на општина Центар и симболично го означија пуштањето на улицата Питу Гули на скопско Водно.

Градоначалникот на општина Центар Андреј Жерновски, советниците и граѓани од улицата Питу Гули се уверија дека конечно е реализирано она што го бараат со години.

По повеќе од половина век изведена е комплетна нова инфраструктура на улицата.

Ова, рече градоначалникот Жерновски, не е значајна улица и изведен проект само за жителите, туку и за останатите делови на градот.

1234