mk-MKen-US
Општина
Центар

Новости

Жерновски: Од септември наместо родителите, општината ќе плаќа за обезбедување и екскурзии во училиштата, хигиена и часови по физичко и англиски јазик во градинките

  • 31 јануари 2015
  • Број на прегледи: 317
  • 0 Коментари
Жерновски: Од септември наместо родителите, општината ќе плаќа за обезбедување и екскурзии во училиштата, хигиена и часови по физичко и англиски јазик во градинките

Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, на прес-конференција говореше за новите проекти кои што ќе ги спроведува општина Центар, врз основа на сугестиите на граѓаните изнесени на непосредните средби и на отворениот ден секој месец во општината.
Со буџетот во 2015-та се овозможува похумано и посигурно живеење и повеќе зелени површини во Центар. 
Жерновски најави дека од почетокот на новата учебна година значително ќе бидат намалени трошоците на родителите за нивните деца во основните училишта и градинките во општина Центар.

Богдановиќ: ПОЦ од должник, сега го полни општинскиот буџет

  • 31 јануари 2015
  • Број на прегледи: 448
  • 0 Коментари
Богдановиќ: ПОЦ од должник, сега го полни општинскиот буџет

Директорот на ЈП ПОЦ, Саша Богдановиќ, на прес конференција информираше за сработеното во изминатата 2014 година, но ги најави и новите планови и активности .
ПОЦ, рече тој, во изминатиот период успеа да го стабилизира работењето, и да подмири приближно околу 200.000 евра наследени долгови од претходната власт.

Општина Центар ќе гради ново основно општинско училиште во Капиштец

  • 30 јануари 2015
  • Број на прегледи: 620
  • 0 Коментари
Општина Центар ќе гради ново основно општинско училиште во Капиштец

Градоначалникот на општина Центар ќе го реализира предизборното ветување за изградба на ново основно општинско училиште во населбата Капиштец.
Општината испраќа допис до Владата на РМ и бара мислење и согласност за основање вакво училиште. Ја известува Владата дека согледувајќи ја потребата на родителите и учениците, во населба Капиштец и околината, одлучи да започне со изградба на училиштето кое треба да ги задоволи стандардите за современо образование на деца од 6 – 15 годишна возраст.

Општина Центар го раскина договорот за катна гаража кај НИП “Нова Македонија“

  • 24 јануари 2015
  • Број на прегледи: 520
  • 0 Коментари
Општина Центар го раскина договорот за катна гаража кај НИП “Нова Македонија“

Советниците на општина Центар, едногласно, на вчерашната седница донесоа одлука за раскинување на договорот за долгорочен кредит за изградба на катната гаража кај некогашната НИП "Нова Македонија", кој што на 10.01.2013 година беше склучен меѓу Комерцијална Банка АД Скопје и поранешното раководство на општина Центар.
Одлуката за земање кредит вреден 3.000.000 евра е донесена на 8-ми јуни 2012-та година.

ЗАТВОРЕНО ГРАДИЛИШТЕТО НА АЗМАНОВ ВО ЦЕНТАР

  • 22 јануари 2015
  • Број на прегледи: 517
  • 0 Коментари
ЗАТВОРЕНО ГРАДИЛИШТЕТО НА АЗМАНОВ ВО ЦЕНТАР
Градежната инспекција на општина Центар денеска со решение го затвори градилиштето на фирмата Настел на бизнисменот Зоран Азманов поради огромната јама која што е ископана, а не заштитена, пропадна улицата 8-ма Ударна Бригада, отворена е дупка во градилиштето и е нарушена стабилноста на околното земјиште. На оваа улица се наоѓа Италијанската амбасада и постои реална опасност и за возилата и за пешаците.
Надлежните му наложија на инвеститорот да ја обезбеди на градежната јама. Оттаму добија уверување дека во најкраток можен рок ќе го сторат истото.

ОПШТИНА ЦЕНТАР УТРЕ ГО ЗАТВОРА ГРАДИЛИШТЕТО НА АЗМАНОВ

  • 21 јануари 2015
  • Број на прегледи: 503
  • 0 Коментари
ОПШТИНА ЦЕНТАР УТРЕ ГО ЗАТВОРА ГРАДИЛИШТЕТО НА АЗМАНОВ

Општина Центар утре ќе го затвори градилиштето на ул. 8-ма Ударна Бригада, каде што фирмата "НАСТЕЛ" на бизнисменот Зоран Азманов, пред неколку години ископа градежна јама со цел да гради хотел.
Улицата 8-ма Ударна Бригада, каде што се наоѓа италијанската амбасада, е пропадната, отворена е дупка поради градилиштето и е нарушена стабилноста на околното земјиште.
Општина Центар ќе му наложи на инвеститорот НАСТЕЛ да изработи елаборат за обезбедување на градежната јама.

ПРОГРАМА ЗА РАБОТА НА КОМИСИЈАТА ЗА ЕДНАКВИ МОЖНОСТИ НА ЖЕНИТЕ И МАЖИТЕ ЗА 2015 ГОДИНА

  • 21 јануари 2015
  • Број на прегледи: 583
  • 0 Коментари
ПРОГРАМА ЗА РАБОТА НА КОМИСИЈАТА ЗА ЕДНАКВИ МОЖНОСТИ НА ЖЕНИТЕ И МАЖИТЕ ЗА 2015 ГОДИНА

Комисијата за еднакви можности на жените и мажите, функционира како постојано работно тело на Советот на Општина Центар-Скопје (во понатомошниот текст КEM).
Комисијата за еднакви можности на жените и мажите е формирана со цел да го промовира родовиот концепт на локално ниво и да го имплементира Законот за еднакви можности на жените и мажите.

СООПШТЕНИЕ

  • 18 јануари 2015
  • Број на прегледи: 597
  • 0 Коментари
СООПШТЕНИЕ
Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, воопшто не беше информиран за одржувањето на координативен состанок на градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, со градоначалниците на скопските општини, а во врска со најавениот штрајк на СОНК, и затоа е изненаден од крајно тенденциозната изјава за неговото неприсуство.

СРЕДБА ЖЕРНОВСКИ - ВОЛЕРС

  • 12 јануари 2015
  • Број на прегледи: 975
  • 0 Коментари
СРЕДБА ЖЕРНОВСКИ - ВОЛЕРС
Еден час денеска, градоначалникот на општина Центар Андреј Жерновски, имаше проштална средба со, како што рече, големиот пријател на Република Македонија, амбасадорот на САД во заминување, г-динот Пол Волерс.
На средбата, двајцата соговорници направиле резиме на случувањата за време на мандатот на амбасадорот Волерс. Разговарале и за актуелната политичка состојба во земјата од апспект на некои видувања на градоначалникот Жерновски и прогнози за иднината.
12