mk-MKen-US
Општина
Центар

Новости

СОВЕТНИЦИТЕ ГЛАСАА ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ НА ГРАДЕЖНОТО ЗЕМЈИШТЕ

  • 30.01.2014
  • Број на прегледи: 370
  • 0 Коментари
СОВЕТНИЦИТЕ ГЛАСАА ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ НА ГРАДЕЖНОТО ЗЕМЈИШТЕ
Едногласно, со 22 гласа "За" советниците во општина Центар ја изгласаа Предлог-Програмата за работа во областа на располагањето со градежно земјиште во сопственост на Република Македонија на подрачјето на Општина Центар-Скопје за 2014 година.
Со ова, во трет обид се успеа општина Центар, како и другите општини во државата, да го добие во владение неизграденото градежно државно земјиште на територија на општината.

ЖЕРНОВСКИ: СЕ’ ШТО Е ДИВОГРАДБА ВО ЦЕНТАР ЌЕ БИДЕ ОТСТРАНЕТО

  • 30.01.2014
  • Број на прегледи: 289
  • 0 Коментари

Одговарајќи на новинарски прашања во врска со ревизијата за скулптурите на мостот Око и изјавата на премиерот Никола Груевски дека шпекулација била изјавата на градоначалникот на Центар, Жерновски посочи дека Груевски мора да сфати дека во општина Центар има власт која што е избрана од граѓаните.

ЖЕРНОВСКИ: КАКО ДА ОДГОВОРАМ НА ЛУДИЛОТО?

  • 30.01.2014
  • Број на прегледи: 265
  • 0 Коментари
За градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, промените во законот за градење се насочени само кон општина Центар.
Со ова, вели тој, сака да се отстранат сите препреки на патот кон барокот, кој сака целосно да се инсталира во општина Центар.
И бидејќи општината јасно кажа дека нема да дозволи нова барокна фасада на ГТЦ и на околните објекти, очигледно е дека тоа ќе го направат преку одземање на ингеренциите.
"Владата ликува дека фасадата на мојата семејна зграда ќе биде во барок. Ова покажува до каде може да оди лудилото. Оваа одлука на Владата е лична и насочена кон мене. Во дилема сме со семејството како да одговориме на лудилото", изјави Жерновски.

УЧИЛИШТЕ ЗА НАС

  • 30.01.2014
  • Број на прегледи: 746
  • 0 Коментари
УЧИЛИШТЕ ЗА НАС
Синоќешната архитектонска изложба на трудовите на конкурсот на општина Центар за идејно решение за ново училиште во Капиштец беше вистинско место за сите вљубеници во современиот архитектонски израз.
Восхитувачки и неочекуван беше одѕивот на архитектите на конкурсот. Беа доставени 21 труд, со извонредна аехитектонска креација.
Жири комисијата имаше тешка и одговорна задача меѓу 21 пристигнат труд да се определи за најдобрите. Првата награда отиде во рацете на Бесиан Мехмети и Стефан Атанасовски, Никола Кунгуловски и Арменд Хебипи.

ДА МУ ПОМОГНЕМЕ НА ДАРИО!

  • 28.01.2014
  • Број на прегледи: 564
  • 0 Коментари
ДА МУ ПОМОГНЕМЕ НА ДАРИО!
Општина Центар, ЈП Паркинзи на општина Центар и КК Работнички ја поддржуваат хуманитарната акција „Да му помогнеме на Дарио", Кошаткарот, подмладок на КК Работнички, Дарио Митров на 02.09.2013, на тренинг, се здоби со повреда на десното око при што му е константирано одлепување на ретина - периферно со дупки на ретина.
Клиничкиот конзилиум на ЈЗУ Универзитетската Клиника за Очни болести од Скопје констатира дека итно му е потребна операција во Бугарија, каде што докторите гарантираат за подобрување на неговиот вид.
Доколку сакате и Вие да ја поддржите оваа хуманитарна акција и да му помогнете на Дарио, донирајте 100,00 денари од мрежата на T-mobile на телефонскиот број 070/143-112.

Благодариме за Вашата хуманост.

ГЛАСОТ НА МЛАДИТЕ

  • 28.01.2014
  • Број на прегледи: 816
  • 0 Коментари
ГЛАСОТ НА МЛАДИТЕ
Во рамките на проектот "Гласот на младите", под покровителство на УНДП, викендов се организираше обука на тема "Работењето на локалната самоуправа во Р. Македонија".
Општина Центар во соработка со Младинскиот Образовен Форум, Капитал Медиа Груп и општина Карпош оддржа обука за младите на тема функционирањето на локалната самоуправа, проблемите и предизвиците преку примерот на општина Центар.
Младите кои се дел од проектот имаа можност да слушнат и да разменат искуства од областа на локалната самоуправа, комуникациите, спортот, младите, Европската Унија и други области кои се поле од интерес за младите.

ЦЕНТАР – ЗЕЛЕНА ОАЗА

  • 28.01.2014
  • Број на прегледи: 638
  • 0 Коментари
ЦЕНТАР – ЗЕЛЕНА ОАЗА
Во периодот Јануари-Март 2014 година општина Центар на својата територија ќе засади вкупно 259 високо школувани дрворедни садници со старост од 15-20 години, со оформено стебло чиј обем изнесува 30-45 см, и веќе комплетно оформен хабитус (крошна), со што се постигнува моментален целосен ефект на готов израснат дрворед.

ЖЕРНОВСКИ: МИНИСТЕРОТ ДА ПОДНЕСЕ ОСТАВКА ЗА СКАНДАЛОЗНАТА И КРИМИНАЛНА РАСПРОДАЖБА ЗА 71 ДЕНАР/М2

  • 24.01.2014
  • Број на прегледи: 219
  • 0 Коментари
Градоначалникот на општина Центар Андреј Жерновски и советниците на СДСМ на прес конференцијата одржана пред Министерството за транспорт и врски, искрено им честиташе на граѓаните за извојуваната значајна победа.
Поради притисокот на јавноста, крајно скандалозната и криминална распродажба на парцелата кај Народна Банка беше поништена од страна на министерството.
Ова, посочи Жерновски, се случи само по еден ден откако министерот реагираше со соопштение во кое беше дециден посочувајќи дека се е законски во продажбата и го прашал врз основа на кој член од законот, градоначалникот на Центар барал поништување на лицитацијата.

ЖЕРНОВСКИ: НА МОСТОТ ОКО ИМА 12 НЕЛЕГАЛНО ПОСТАВЕНИ СКУЛПТУРИ

  • 23.01.2014
  • Број на прегледи: 361
  • 0 Коментари
ЖЕРНОВСКИ: НА МОСТОТ ОКО ИМА 12 НЕЛЕГАЛНО ПОСТАВЕНИ СКУЛПТУРИ
Градоначалникот на општина Центар Андреј Жерновски денеска ги презентираше резултатите од работата на комисијата за состојбата со скулптурите на мостот Око.
Жерновски посочи дека иако досега многу пати, министерката за култура Елизабета Канческа – Милевска изјавувала дека нема никаков увид во тоа што е поставувано на мостот Око, сепак има документ лично потпишан од министерката и рачно пратен до претходното раководство на општина Центар.
123