mk-MKen-US
Општина
Центар

Архива

Новости

Електричниот отпад создава можности

  • 26 ноември 2015
  • Број на прегледи: 1101
  • 0 Коментари
Електричниот отпад создава можности

Денеска, во основното училиште “Гоце Делчев“ во Центар беше презентиран проектот “Електричен отпад-создава можности“.

Проектот е на Центарот за климатски промени, со поддршка на Елколект – лиценциран колективен постапувач со отпадна електрична и електронска опрема. Донаторот на проектот е Амбасадата на САД во Р. Македонија.

Од вкупно 15 пријавени основни училишта од територијата на Р. Македонија, избрани се 5 основни училишта од општина Центар.

Во контејнерите и пластичните канти ќе се собира електрична и електронска опрема, а со ова ќе се развива и свеста кај помладите за значењето за зачувувањето на животната средина.

Во проектот се предвидени и награди за оние училишта кои ќе соберат најмногу отпад од ваков тип.

Печати
Означувања:
Оценете ја оваа вест:
5.0

Ве молиме најавете се или регистрирајте се за да објавувате коментари.