mk-MKen-US
Општина
Центар

Архива

Новости

Ликовен хепенинг на тема “Сакаме шарен, а не безбоен свет“

  • 22 октомври 2015
  • Број на прегледи: 1310
  • 0 Коментари

Петта година по ред Комисијата за еднакви можности на жените и мажите-КЕМ, при Советот на Општина Центар-Скопје и Секторот за образование на Општина Центар -Скопје, на 21 октомври 2015 година, го реализараа проектот “Сакамe шарен, а не безбоен свет“, кој се одржа во салата на Основното општинско училиште „Димитар Миладинов“.

Со учествуво на 16 ученици, меѓу кои учествуваа и деца со посебни потреби од седумте Општински основни училишта придружувани од нивните наставници, се реализира “Ликовен Хепенинг“ на тема  “Сакаме шарен, а не безбоен свет“,  преку кој учениците ги покажаа своите соништа, односно своите погледи во каков свет сакаат да живеат.

Настанот делуваше мотивирачки на децата со посебни потреби, особено важно за нивната инклузија во образовниот систем.

Беше тешко да се одбере кое дело е најдобро од најдобрите, па се доделија четири дипломи за најдобри дела, а другите учесници добија благодарници.

 

Печати
Означувања:
Оценете ја оваа вест:
4.8

Ве молиме најавете се или регистрирајте се за да објавувате коментари.