mk-MKen-US
Општина
Центар

Архива

Новости

17 нови костени на улицата “Франклин Рузвелт“

  • 4 декември 2018
  • Број на прегледи: 66
  • 0 Коментари

Град Скопје, заедно со останатите скопски општини, започна акција за зазеленување на градот. Во склоп на акцијата, општина Центар и општина Карпош денеска од двете страни го обновија дрворедот кој се протега по должината на улицата “Франклин Рузвелт“ (Рузвелтова“, од булеварот “Илинден“ до улицата “Васил Ѓоргов“.

17 стари и паднати дрва се заменети со нови, високо квалитетни садници од видот Костен, кои се автентични со останатите дрвја од дрворедот.

Со денешната акција, заедно со соработниците од Град Скопје и Карпош, но и останатите скопски општини, продолжуваме со реализација на заложбата за позелена и поздрава животна средина, затоа што здравата животна средина е придобивка која трајно влијае на животот на сите граѓани.

Акцијата за зазеленување продолжува и во наредниот, со други активности во останатите општини во Скопје.

Печати
Означувања:
Оценете ја оваа вест:
Нема оценка

Ве молиме најавете се или регистрирајте се за да објавувате коментари.