mk-MKen-US
Општина
Центар

Архива

Новости

Издадени нови 7 решенија за отстранување на урбана опрема

  • 29 ноември 2018
  • Број на прегледи: 40
  • 0 Коментари

Секторот за инспекциски работи на општина Центар во изминатиот период врши засилени контроли и инспекции, особено на локациите каде има поставено дива и нелегална урбана опрема (затворени тераси, маси, столици...).

Издадени се 7 нови решенија за отстранување на урбаната опрема на правни лица кои се наоѓаат на територија на општината. Решенијата се веќе дадени на понатамошна обработка, а согласно законската регулатива во Република Македонија, правните лица имаат определен рок во кој самите треба да постапат по решенијата и да ја отстранат урбаната опрема. Доколку не го сторат истото, општината ќе постапи по решенијата, во рамките на својата законска ингеренција.

Општина Центар и градоначалникот Саша Богдановиќ, уште еднаш апелираат до сите засегнати страни и правните лица да се придржуваат до и да ги почитуваат правилата и процедурите за издавање на одобрение за поставување на урбана опрема и заградување на просторот.

Печати
 
Означувања:
Оценете ја оваа вест:
Нема оценка

Ве молиме најавете се или регистрирајте се за да објавувате коментари.