mk-MKen-US
Општина
Центар

Архива

Новости

Оглас број 3/2018 за пополнување на работно место со унапредување

  • 19 ноември 2018
  • Број на прегледи: 156
  • 0 Коментари

Врз основа на  член 11, 30, 48 и 49 од Законот за административни службеници (Службен весник на Република Македонија“ бр.199/2014, 48/2015, 154/2015, 5/2016, 142/2016 и 11/2018)  Правилникот за формата и содржината на интерниот оглас, начинот на поднесување на пријавата за унапредување, начинот на спроведување на административната селекција и интервјуто, како и начинот на нивно бодирање и максималниот број на бодови од постапката на селекција, во зависност од категоријата на работно место за кое е објавен интерниот оглас („Службен весник на Република Македонија“ бр.11/2015) и Правилникот за измена и дополнување на Правилникот за формата и содржината на интерниот оглас, начинот на поднесување на пријавата за унапредување, начинот на спроведување на административната селекција и интервјуто, како и начинот на нивно бодирање и максималниот број на бодови од постапката на селекција, во зависност од категоријата на работно место за кое е објавен интерниот оглас („Службен весник на Република Македонија“ бр.35/2018), Секретарот на ОПШТИНА ЦЕНТАР Скопје објавува

 

 

                                           ИНТЕРЕН ОГЛАС број  3/2018

   за пополнување на работно место со унапредување

 

 

 

1.Советник за финансиско материјално сметководство во Одделение за сметководство и плаќања  во Сектор за финансиски прашања; со шифра на работно место УПР0101В01000- 1 (еден) извршител;

 

2.Советник за изготвување на акти од областа на јавните набавки во Одделение за администрирање на јавни набавки во Сектор за јавни набавки, со шифра на работно место УПР0101В01000- 1 (еден) извршител;

 

3.Самостоен референт за администрирање на документација за урбанистичко планирање во Одделение за урбанистичко планирање во Сектор за урбанизам, со шифра на работно место УПР0101Г01000- 1 (еден) извршител;

 

4.Советник за издавање на одобренија за градба, доградба и надградба во Одделение за градежништво во Сектор за урбанизам, со шифра на работно место УПР0101В01000- 2 (два ) извршитела и

 

5.Раководител на Одделение за човечки ресурси во Одделение за човечки ресурси, со шифра на работно место УПР0101Б04000- 1 (еден) извршител;

 

Посебни услови предвидени за работното место утврдени со Законот за административните службеници и актот за систематизација:

1. Советник за финансиско материјално сметководство во Одделение за сметководство и плаќања  во Сектор за финансиски прашања; со шифра на работно место УПР0101В01000- 1 (еден) извршител;

 

- Стручни квалификации –  ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен: Економски науки или Организациони науки и управување (менаџмент).

-        активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење;

-        работно искуство, и тоа за нивото В1 најмалку три години работно искуство во струката

-        активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски).

 

 

2. Советник за изготвување на акти од областа на јавните набавки во Одделение за администрирање на јавни набавки во Сектор за јавни набавки, со шифра на работно место УПР0101В01000- 1 (еден) извршител

 

    - Стручни квалификации - ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен : Економски науки или Правни науки.

 

-        активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење;

-        работно искуство, и тоа за нивото В1 најмалку три години работно искуство во струката

-        активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски).

-        Потврда за положен испит за јавни набавки

 

 

3. Самостоен референт за администрирање на документација за урбанистичко планирање во Одделение за урбанистичко планирање во Сектор за урбанизам, со шифра на работно место УПР0101Г01000- 1 (еден) извршител

 

 

- Стручни квалификации- ниво на стручни квалификации V А или ниво на квалификации IV според Македонската рамка на квалификации и стекнати 180 или 240 кредити според ЕЦВЕТ или МКСОО или најмалку вишо или средно образование: Вишо образование – (Архитектура, урбанизам и планирање или Правни науки), Средно стручно образование – (Електро–технички  смер) или (Градежен техничар)

-        активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење;

-        работно искуство, и тоа за нивото Г1 најмалку три години работно искуство во струката

-        активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски).

 

4. Советник за издавање на одобренија за градба, доградба и надградба во Одделение за градежништво во Сектор за урбанизам, со шифра на работно место УПР0101В01000- 2 (два ) извршитела

 

 

Стручни квалификации - ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен : Архитектура, урбанизам и планирање .

 

-        активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење;

-        работно искуство, и тоа за нивото В1 најмалку три години работно искуство во струката

-        активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски).

 

 

5. Раководител на Одделение за човечки ресурси во Одделение за човечки ресурси, со шифра на работно место УПР0101Б04000- 1 (еден) извршител;

 

Стручни квалификации - ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен: Правни науки

 

 

-        активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење;

-        работно искуство, и тоа за нивото Б4 најмалку четири години работно искуство во струката од кои најмалку една година на работно место во јавен сектор, односно најмалку шест години работно искуство во струката од кои најмалку две години на раководно работно место во приватен сектор

-        активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски)

-        положен испит за административно управување

 

 

 

 

 

 

Кандидатите кои аплицираат на интерниот оглас треба да ги исполнуваат следните општи услови:

-        да е државјанин на Република Македонија;

-        активно да го користи македонскиот јазик;

-        да е полнолетен;

-        да има општа здравствена способност за работното место и

-        со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.

На интерниот оглас може да се јави административен службеник, вработен во истата институција, кој ги исполнува општите и посебните услови за пополнување на работното место пропишани за соодветното ниво во овој закон и во актот за систематизација, како и:

- да е оценет со оцена „А" или „Б“ при последното оценување;

- да е на работно на непосредно пониско ниво или да е на работно место во рамки на истата категорија во која е работното место за кое е објавен интерниот оглас;

- да поминал најмалку две години на тековното работно место и

- да не му е изречена дисциплинска мерка во последната година пред објавувањето на интерниот оглас.

Рокот за доставување на пријавите изнесува 5 (пет) дена, сметано од денот на објавување на интерниот оглас.

Пополнетата пријавата и доказите за податоците содржани во пријавата кандидатите треба да ја поднесат  во писмена форма преку Архивата на ОПШТИНА ЦЕНТАР Скопје до Одделението за човечки ресурси како и до службената електронска адреса на Одделението за човечки ресурси coveckiresursi@centar.gov.mk.

Дневно работно време од 08.00 до 16.00 часот.

Работни Денови: Понеделник до Петок

Неделно работно време : 40 (четириесет) часа

Паричниот нето износ на збирот од делот na плата  за степен на образование и делот на плата за ниво изнесува:

 

1.    Советник за финансиско материјално сметководство- 25.022,00 денари

 

2.    Советник за изготвување на акти од областа на јавните набавки- 25.022,00 денари

 

3.    Самостоен референт за администрирање на документација за урбанистичко планирање- 15.688,00 денари

 

4.    Советник за издавање на одобренија за градба, доградба и надградба- 25.022,00 денари

 

5.    Раководител на Одделение за човечки ресурси- 28.303,00 денари

 

 

 

Ненавремена, нецелосна и неуредно пополнета пријава, нема да биде предмет на разгледувањe.

 

Во пријавата кандидатите се должни под материјална и кривична одговорност да потврдат дека податоците во пријавата се точни а доставените докази верни на оригиналот. Кандидатот кој внел лажни податоци во пријавата се дисквалификува од натамошна постапка по овој оглас.

Постапката ќе ја спроведе Комисијата за селекција за унапредување формирана од страна на Секретарот на ОПШТИНА ЦЕНТАР Скопје.

 

 

                                                                                 

ОПШТИНА ЦЕНТАР Скопје

                                                                                                              СЕКРЕТАР

                                                                                          Маја Ралевска

Documents to download

Печати
 
Означувања:
Оценете ја оваа вест:
Нема оценка

Ве молиме најавете се или регистрирајте се за да објавувате коментари.