mk-MKen-US
Општина
Центар

Архива

Новости

Соопштение за повторна јавна анкета и јавна презентација за ДУП Градска Четврт Ј 06

  • 14 ноември 2018
  • Број на прегледи: 174
  • 0 Коментари

Врз основа на член 24 од Законот за просторно и урбанистичко планирање („Службен весник на РМ“ бр.51/05; 137/07; 91/09; 124/10; 18/11; 53/11; 144/12; 55/13; 163/13 и 42/14) Градоначалникот на Општина Центар - Скопје го издава следното

С О О П Ш Т Е Н И Е

 

Се известуваат физичките и правните лица од oпфатот на Детален урбанистички план Градска четврт Ј 06 - дел од локалитетот Тасино чешмиче 1 и Тасино чешмиче 2, Општина Центар - Скопје дека Градоначалникот на Општина Центар - Скопје донесе Решение за организирање на

 

ПОВТОРНА ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА И ПОВТОРНА ЈАВНА АНКЕТА по

НАЦРТ - ДЕТАЛЕН УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ГРАДСКА ЧЕТВРТ Ј 06 - ДЕЛ ОД ЛОКАЛИТЕТ ТАСИНО ЧЕШМИЧЕ 1 И ТАСИНО ЧЕШМИЧЕ 2, ОПШТИНА ЦЕНТАР -СКОПЈЕ

 

Границата на опфатот е дефинирана:

на север по оската на ул.„Белградска“;

на југ по јужната граница на КП 2741/2, КП 2741/1, КП 2742/1, КП 2743, КП 2744, КП 2746 и КП 2760, источната и јужната граница на КП 2763/1, јужната граница на КП 2763/1 и КП 2763/2, источната и дел од јужната граница на КП 2765;  

на запад по оската на ул.„Салвадор Аљенде“, на патот Скопје-Горно Водно и линијата што ги сече КП 2765 и КП 2886; на исток по оската на ул.„Црниче“.

Вкупната површина опфатена со опишаните граници изнесува 50,04 ха.

 

Повторната јавна презентација по Нацрт - ДУП Градска четврт Ј 06 - дел од локалитетот Тасино чешмиче 1 и Тасино чешмиче 2, Општина Центар - Скопје ќе се одржи во Општина Центар - Скопје (ул.„Михаил Цоков“ бб) во салата за состаноци во барака 6 на 21.11.2018 година (среда) во 12.00 часот.

 

Нацрт - ДУП Градска четврт Ј 06 - дел од локалитетот Тасино чешмиче 1 и Тасино чешмиче 2, Општина Центар - Скопје ќе биде изложен во ООУ „Кочо Рацин“ (ул.„Салвадор Аљенде“ бр.2) секој работен ден од 8.00 до 16.00 часот, од 14.11.2018 до 27.11.2018 година.

 

Соопштението за организирање на повторната јавна презентација и повторната јавна анкета ќе биде објавено во „Вечер” и „Слободен печат”. Соопштението, синтезниот план и анкетниот лист ќе бидат објавени на веб страната на Општина Центар-Скопје (www.centar.gov.mk).

 

Контакт: planiranje@centar.gov.mk, 3203 605 и 3203 660.

 

Во определениот рок заинтерeсираните правни и физички лица можат да доставуваат забелешки, предлози и мислења на анкетните листови.

Печати
 
Означувања:
Оценете ја оваа вест:
Нема оценка

Ве молиме најавете се или регистрирајте се за да објавувате коментари.