mk-MKen-US
Општина
Центар

Архива

Новости

КЕМ: Одржана трибина за машкото здравје

  • 9 ноември 2018
  • Број на прегледи: 44
  • 0 Коментари

Месецот ноември важи за месец на машкото здравје. Комисијата за еднакви можности на жените и мажите на Општина Центар-Скопје на 3.11.2018 година во просториите на Урбаната заедница ,,Роберт Гајдиќ“, а согласно Програмата и Акциониот план за 2018 година, одржа трибина од областа на здравјето, на тема  ,,Совети за рано откривање и превенција на болести на простатата“.

Целта на трибината беше да се подигне свеста кај мажите за редовни лекарски прегледи за превенција од болести кои ја погодуваат машката популација.

Предавач на трибината беше д-р Јосиф Јанчулев, специјалист уролог од Клинички центар ,,Мајка Тереза”.

Печати
 
Означувања:
Оценете ја оваа вест:
Нема оценка

Ве молиме најавете се или регистрирајте се за да објавувате коментари.