mk-MKen-US
Општина
Центар

Архива

Новости

Алпинистката Илина Арсова во посета на општината и градоначалникот Богдановиќ

  • 8 ноември 2018
  • Број на прегледи: 41
  • 0 Коментари

Градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ, оствари средба со најдобрата алпинистка во Македонија, Илина Арсова. Арсова е единствена жена во Македонија која го има искачено Монт Еверест.

На градоначалникот Богдановиќ Арсова му го претстави планот за освојување на 7-те највисоки врвови на сите континенти, од кои досега има освоено 5 и остануваат Карстната Пирамида (Пунџак Џаја), највисокиот врв во Австралија и Океанија и искачувањето на Јужниот Пол.

Градоначалникот Богдановиќ, со искрени намери за поддршка, ѝ се заблагодари за посетата на Арсова и ѝ посака успех во остварувањето на овој подвиг, со што ќе стане првата жена на Балканот која ги има освоено сите највисоки врвови во светот и една од 70-тината жени во целиот свет.

Печати
 
Означувања:
Оценете ја оваа вест:
5.0

Ве молиме најавете се или регистрирајте се за да објавувате коментари.