mk-MKen-US
Општина
Центар

Архива

Новости

Од општина Центар и КК Работнички со срце за Ирена Танчева

  • 8 ноември 2018
  • Број на прегледи: 56
  • 0 Коментари

Актуелниот тим на КК Работнички ги победи ветераните на тимот со 104 наспроти 101 во ревијалниот натпревар што синоќа се одигра во салата Градски Парк.

Во пријателска и расположена атмосфера, Перо Антиќ, Тодор Гечевски, Ристе Стефанов, Чавдар Костов, Марјан Србиновски, Тони Симиќ и останатите им го разубавија попладнето на присутните со играта и кошаркарските атракции.

Натпреварот имаше хуманитарен карактер и средствата кои беа собрани од натпреварот ќе бидат уплатени на жиро сметката на Ирена Танчева, 25-годишна мајка на две деца која има итна потреба од операција за пресадување на матични клетки во Русија.

Печати
Означувања:
Оценете ја оваа вест:
5.0

Ве молиме најавете се или регистрирајте се за да објавувате коментари.