mk-MKen-US
Општина
Центар

Архива

Новости

Нови сообраќајни училишни единици во 7-те училишта на територија на општина Центар

  • 6 ноември 2018
  • Број на прегледи: 70
  • 0 Коментари

Општина Центар се грижи за безбедноста на учениците. Затоа, реализираме проекти чија цел е зголемување на безбедноста на учениците при нивното доаѓање и заминување од училиште.

Во соработка со СВР Скопје Одделение за превенција, со поддршка од АМЕРИТ СИЗ Македонија и Републички Совет за Безбедност во сообраќајот продолжуваме со реализација на проектот “Училишни сообраќајни единици“.

Америт на учениците им донираше репрезентативен училишен материјал (училишни лењири), а РСБСП донира флуоросцентни елеци, капчиња, како опрема потребна за училишната сообраќајна единица, опрема донирана во сите 7 основни училишта на територија на општината.

Безбедноста на учениците е и останува еден од главните приоритети во работата на градоначалникот Саша Богдановиќ и на општина Центар.

Печати
Означувања:
Оценете ја оваа вест:
Нема оценка

Ве молиме најавете се или регистрирајте се за да објавувате коментари.