mk-MKen-US
Општина
Центар

Архива

Новости

Со игра и песна одбележан Денот на општина Центар

  • 2 ноември 2018
  • Број на прегледи: 219
  • 0 Коментари

Учениците од нашите основни училишта и дечињата од детската градинка Кочо Рацин, во рамки на Деновите на општина Центар,  денес приредија одлична забава.

Во Кино Култура, заедно со училиштата и градинките и нашите гости и пријатели го прославивме роденденот на општина Центар.

Градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ, ги додели стипендиите за талентирани ученици за оваа учебна година, како и наградата за најдобра литературна творба од конкурсот “Растeме во срцето на градот“.

Заедно со гостите имавме можност да ги погледнеме и ликовните творби од овој конкурс. Низ музичко сценските настапи на нашите талентирани ученици си го честитавме роденденот, си се заблагодаривме за досегашната успешна соработка и си посакавме уште многу заеднички успешни години.

Печати
Означувања:
Оценете ја оваа вест:
Нема оценка

Ве молиме најавете се или регистрирајте се за да објавувате коментари.