mk-MKen-US
Општина
Центар

Архива

Новости

Оглас за ангажирање на сезонски работници

  • 22 октомври 2018
  • Број на прегледи: 48
  • 0 Коментари

Поради редовно одржување на чистотата и зголемен обем на работа, Општина Центар – Скопје има потреба од ангажирање на 3 (три) сезонски работници за периодот од 1.11.2018 – 31.12.2018.

Заинтересираните кандидати треба да достават потврда за невработеност од Агенцијата за вработување, Барање за ангажирање, фотокопија од лична карта и од трансакциска сметка.

Документите се доставуваат во архивата на Општина Центар – Скопје (барака бр. 6), од 22.10.2018 до 30.10.2018година.

Комисијата за вршење избор на ангажирани работници за одржување на јавната чистота на јавните површини, одржување на зеленилото на јавните површини и парковите ќе ги разгледа доставените барања и ќе го избере соодветнииот кандидат.

Печати
 
Означувања:
Оценете ја оваа вест:
Нема оценка

Ве молиме најавете се или регистрирајте се за да објавувате коментари.